Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Македон91
  • Време на започнување Време на започнување
На германци ги пропадна у воду нуклео програма у 1942, британци кд им направисфа саботажу у Норвешку у фабрику за тешку воду, која им беше потребна за равивање на атомску.
Операција Фрешмен.
Сета тешка вода на светот немало да им помогне да збогатат ураниум на тој начин!
Јбг, физика...
 
Сета тешка вода на светот немало да им помогне да збогатат ураниум на тој начин!
Јбг, физика...
Штознам, да би било такој ваљда британци немале да се замараф да праиф толко ризичну операцију.
Командоси после избегале у неутралну Шфедску.
 
Германците да имале повеќе време да ги успвршат Фау 1 и 2 и ќе гледавме повеќе огнометни низ Москва и Лондон, а за чудо и Вашингтон и Њујорк.
Интересно е што Американците уште од почетокот се против нацистичка Германија поради идеолошки разлики, демек они парламентарна демократија овие диктатура, од тој аспект разбирам зошто би помагале некои од нивните сојузници против Хитлер но истите идеолошки разлики ги имале и со Сталин па пак него го помагаат. Исто како Бин Ладен, со Сталин имаат многу заедничко :LOL:
Но генерално американците никогаш не сакале силна и обединета европа, само потчинета.
 
Штознам, да би било такој ваљда британци немале да се замараф да праиф толко ризичну операцију.
Командоси после избегале у неутралну Шфедску.
Тоа индиректно ти кажува дека и британците к*р разбирале од атомска физика ;)

Ама ај ќе почекаме @Тома да ни објасни како они биле први у сФет :rolleyes:
 
За некој што има основни познавања од ВСВ, смешно звучи тврдењето дека истоварувањето на Нормандија немало никаков придонес во поразот на Германија, уште посмешно е дека Американците не биле фактор во поразот на нацистичка Германија.

Факт е дека голем дел од товарот во војната во Европа паднал на грбот на СССР, но се заборава дека ултимативниот товар паднал на грбот на Германија, која морала да се бори на повеќе фронтови.
Морале да чуваат војска насекаде на Западниот фронт, заради заканата од инвазија од сојузниците, што самото тоа прави голема разлика на фронтот на Истокот.

Американците имаат огромен придонес во поразот на нацистичка Германија, без нив, веројатно ќе паднел скоро сигурно и СССР, веројатно и Британија.
Не можеме да знаеме што би било кога би било, но придонесот на Американците кон Европа е следен:

- Огромен проток на оружје, муниција, опрема и секакви добра главно кон Британија. Огромниот напор на Германците да го спречат тоа, битката за Атлантикот. Според мене, еден од клучните битки што ја одлучувало судбината на Европа. Ако нацистите би успеале да го прекинат протокот на опрема, војната ќе имала друг исход.

- Логистичката поддршка на СССР. Главно спроведена од страна на Американците, огромна помош во форма на оружје, муниција, опрема, која главно течела преку северот (оттука значајна битката на Атлантикот) и преку Иран.

- Воздушните бомбардирања на Американците врз цели во Германија и Германски окупирани територии.
Скоро и да не постои регион, град, каде Американците не фрлиле бомба врз окупираните територии. Уништување на индустрискиот потенцијал, воени мети, логистички рути (железници, патишта), како и за жал бомбардирање на цивилно население. Воздушната кампања на Американците игра огромна улога во ослабувањето на нацистичка Германија.

- Истоварувањето на Сицилија. Цела година пред да се истоварат во Нормандија, сојузниците отвораат фронт на југот на Европа (после поразот на Германците во Африка, што е исто така голем удар), каде Германците активно го бранат тој фронт.

- И секако, последно, Нормандија. Бидејќи е еден од најпознатите и најмногу славен дел од ВСВ во Европа, не треба многу да се зборува, освен планот на Хитлер да им нанесе пораз на сојузниците и да испреговара примирје на Западниот фронт, за да може да го сврти во своја корист текот на Источниот фронт. Најголемата загуби на Американците во цела ВСВ.

Тоа е за Европа. Воопшто нема потреба да зборуваме за Пацификот, каде ако не учествуваа Американците, Кина, Филипини, Индонезија, источна Русија денеска немаше да постојат како такви.
 
Тоа е за Европа. Воопшто нема потреба да зборуваме за Пацификот, каде ако не учествуваа Американците, Кина, Филипини, Индонезија, источна Русија денеска немаше да постојат како такви.
Последново е тешка глупост. Баш Сталин грешката ја направил и бил нападнат од Хитлер затоа што најголемиот дел од војската бил на истокот и очекувале напад од Јапонија преку Манџурија и Монголија.
Самите амери имаат кажано дека девете нуклеарки што ги џитнале на Јапан биле за да го забрзаат крајот на ВСВ и тие да потпишат капитулација на Јапонија а секако за да спречат продор на Русите и комунизмот во Јапонија.
Америте сегде и секогаш биле исти гомна, на крај на војната се приклучувале на победничката страна за да испаднат дека се добрите.
Знаеш дека освен во Германија , само во САД имало фашистичка партија во тоа време ?
И тоа имала голема поддршка од народот.
 
Фанфакт.
За истоварање на Сицилију на американци им даја логистичку подршку мафиозо Лаки Лучијано, еднини мафијаш сс кој америчка влада преговара ради информацие.

Иначе дискутабилно е дали јапанци потпишасфа капитулацију ради нуклеарке или тој што Русија ги нападна у исто време.
 
Па со оглед на тоа дека јапонците не потпишувале ништо, туку само викале "Банзаиии..", а и онака никој ништо не ги прашувал..
Тешко они да потпишале.
Од друга страна царот ака "Император" бил соочен со избор!
1.Или ние, и да останеш на власт (како марионета)
2.Или бркатиот чичко! (а знаеш што му направил на неговиот цар, па види сега ;) )

Искрено и царо и америте ги заболело за Хирошима и Нагасаки! Да имале уште 10 бомби, уште 10 ќе фрлеле, а царот пак немало да потпише капитулација!
Пардон, царот не ја ни потпишал, оти мнооогууу понижувачко било тоа за него :rolleyes:
Па пратил некој генерал да го сликаат.
 
Иначе дискутабилно е дали јапанци потпишасфа капитулацију ради нуклеарке или тој што Русија ги нападна у исто време.
Значи пак можеме да дојдеме до заклучокот дека американците само користеле ситуација за свои цели а не за да и помогнат на СССР или многу дека сакале да го поразат Јапан.
 
Значи пак можеме да дојдеме до заклучокот дека американците само користеле ситуација за свои цели а не за да и помогнат на СССР или многу дека сакале да го поразат Јапан.
Секогаш секој си гледа да искористи!
Ама совршен и природен противник на Јапан биле САД, не СССР.
И да! Многу сакале да ги изгазат!
И да! Какви гадови биле јапанците, и те како заслужиле такво газење!
Автоматски споено мислење:

Последново е тешка глупост. Баш Сталин грешката ја направил и бил нападнат од Хитлер затоа што најголемиот дел од војската бил на истокот и очекувале напад од Јапонија преку Манџурија и Монголија.
@Human се изнатреска глупости... ама за ова си грешка.
Сталин преку Сорге сигурно знаел дека Јапан нема да ги нападне на Исток!
И за жал многу повеќе му верувал на Хитлер и Рибентроп отколку на јапанците..

Секој ден му пристигнувале извештаи од НКВД за трупање на војска и неизбежен напад, со месеци пред нападот! Ама бркото ги игнорирал.
Ова никогаш не го разбрав, еве признавам. Што е тоа што недоврливиот чичко толку многу го шармирало кај другиот бркат сликар :toe:
 
Последно уредено:
Секогаш секој си гледа да искористи!
Ама совршен и природен противник на Јапан биле САД, не СССР.
И да! Многу сакале да ги изгазат!
И да! Какви гадови биле јапанците, и те како заслужиле такво газење!
Па не баш.
СССР, Југославија, Полска, Чехословачка и Франција воделе егзистенцијална војна. Американците означувале теритрија. Британцине дудлале де кај САД де кај СССР.
Перл Харбур мислам дека одвај го чекале америте да се деси само за да имаат повод да се вклучат во војната.
 
Точно за егзистенцијалната војна..
Ама два петла на исто буниште не пеат!
Доктрината и на двете (САД и Јапан) е доминација на Тихи Океан уште од пред WWI.
Ќе се судреле кога-тогаш независно од Европа и срањата тука..
 
Коментарот на Кајтел за време на формалната церемонија на капитулација се однесувал само на французите и тоа било кажано пред Генерал Тасини меѓу останатите присутни. Во секој случај и французите добија окупациона зона.

20240610_153203.jpg
 
Прегледај го приврзокот 478285
Во моментов нешто слично се дешава во Украина. Западот донира воена опрема а украинците човечки животи.
 
И тогаш и денес гинат бели христијани, додека неуспешен сликар наречен Nazim од Анадолија дели брошури во Германија за Mein Sharia.
 
Back
На врв Bottom