Не знам што да мислам за сезоната на Милан. Ниту пак за идната. Ништо не ми е јасно.
Едино ми е јасно дека најголемиот проблем во управата на Милан е и може да биде Златан Ибрахимович. Тоа е човек кој за да го заштити своето его е спремен да запали и уништи се околу него. Мислам ако е точно она дека се јавувал по играчи да го клевети Алегри ...

Кој го праи тоа бе слепец?! Колку години имаш? 14? Ебати пубертетлијата. И баш затоа најголема грешка би било ако нему му се даат одврзани раце да склапа управа и тим. Ќе напраи земјотрес и хаос во цела структура и ќе го снема на пола сезона ќе оди да биде водител на Сан Ремо. Никад нема да признае ако напраи грешка. Ќе уништо све околу него, само да не испадне дека тој зговнил нешто. Не му е и нема да му биде гајле за ништо освен за егото негово. Више смешен и патетичен е. Многу бош чоек, никако да се најде што сака да праи откако отиде во пензија. Кај него секогаш све виси на конец, само тој самиот себе да си се докаже колку е голем и неуништив, друго ништо не е битно. Меџуљудските односи му се сведени на минимум, ништо и никад тој чоек нема да склопи. Никакво управувачко место не е за него, нека снима реклами и нека оди да коментира Светско на Фокс Њуз и тоа е тоа.
Од друга страна не сум паметен па да имам став кој треба да си оди од управа кој да остане. Појма немам. Едино знам дека на Милан му фали стабилност на структурите. Што и да мењаваат, што и да мајмунисува тој залижаниот бизнисмен од Америка со таљанско потекло и ултра лоша патика, само нека обезбеди управувачка структура што ќе остане непроменета бар 2-3 години. Не смее Милан да си дозволи да мења се од корен после секоја ебана сезона. Џабе да збориме за Таре и колку има или нема кривица коа чоекот дојде пред нецела година, нешто му се дозволи да земе, некаде го минираа, глупо е да го евалуираат сега или цела кривица за неуспех да ја свалат кај него. Без разлика на фактот што од старт мислам дека Таре не е спортски директор за Милан, секогаш ќе биде на ниво на тимови од втора класа. Е сеа која класа е Милан во моментов, да не отвараме тема.

Ние секогаш инсистираме да го посматраме како стариот митолошки Милан кој заслужува премиум структура и така и треба да биде.
Што се тиче Алегри, искрено, лани кога го земаа го поддржував тоа. Само од перспектива на стабилност. Јасно ни е одамна каква игра носи и каков стил фура тој, тука нема муабет уопште. Навивав да го земат само за конечно тимот да го води релативно чуено име, да ги стабилизира, да ги застане на нозе, да го смали хаосот во којшто не оставија експериментите пост-Пиоли, макар и имале 15 победи од 1:0 и очобол од игра. Ми беше јасно дека нема да гледаме напаѓачки фудбал, дека ќе играме чекалица до 60та минута, после тоа 1 гол и чао пријатно, ама и тоа изгледаше постабилно од калакурницата што се дешаваше пред него кајшто апсолутно не знаеш што можеш да очекуваш од дилетантите на терен. И така и беше до полусезона, ја истера на тој начин. После тоа се распадна. Ама и коа ќе видш што да праи чоекот со она што го има на располагање. Управата згреши што мислеше дека нападот може да го потпре на импровизирани крила ванаби напаѓачи. Бате, немаме играч со појше од ебани 8 гола, не играј курот. Леао и Пулишич не играат ништо појше од 6 месеци. Плус имаш одбрана просечна, вингбекови коишто не се вингбекови и тоа е тоа. Расуло од тим селекција. Не знам дали има играч сезонава во Милан којшто игра на позиција која што е негова и каде што е најкорисен. Освен Модрич и Рабио евентуално. И Мењон.
Од истата перспектива на стабилност и во моментов сум да остане Алегри. Не затоа што го сакам као тренер, туку затоа што како и да заврши сезонава, ќе има сериозни промени во управата на тимот. Ако притоа се смени и тренер, ќе се деси општ хаос. Од друга страна, сите алтернативи на Алегри се или превише хазардерски или фикс полоши од него за ситуацијава во којашто се наоѓа тимот целокупнпо. Милан увек бил авангарда, Берлускони често гаѓал тренери и на интуиција (да беше тој уште овде, сеа Абате ќе го носеше - гарант), ама тогаш Милан имал стабилна управа. Луѓе што знаеле што праат или бар имале одврзани раце да постават структура па куд пукло. Сега Милан нема таква кичма. Прво нека ја створи кичмата макар таа била Калвели - Таре или кој и да е, нека застане на нозе цел тим, да се знае кој пие кој плаќа, па после нека си играат со бирање тренер. Дури и да се одлучат Фурлани да остане (што би било максимално лудо) нека му даат одврзани раце, нека праи што мисли, ама конечно више во управата да има само една струја. Залижаниот ентерпренеур со лоша патика сега е во топ ситуација за тоа, конечно е сам свој газда (или бар така напраи да мислиме), нема поделени надлежности со никого и еве му терен, нека се покаже. Така би било и полесно после да се лоцира одговорност. Имаш една струја, се знае кој ги носи одлуките и ако бива знаеш на кој да му речеш свака част. Ако не бива знаеш кој е крив. Не вака као сезонава, едни новинари се на страна на Фурлани, други на страна на Таре, појма немаме кај кого да лоцираме одговорност.
Секој друг избор за тренер е опасен рулет. Итаљано го гориме фикс. Тој да дојде во вакво расуло, на прва криза го бркаат, ќе може само во Панатинајкос после тоа да оди. Конте? Ќе има тепачка со управата некаде во ноември. Сари? Ќе се искара после меркатото на 1 септември и нема да се појавува на тренинзи. Странец некој? Ќе му стане јасно колку е саат во јули и сам отказ ќе дае. Тие Фариоли Мариоли само ако се луди би прифатиле да си ја стаат кариерата на коцка во ваков хаотичен тим.
Ако сака залижаниот сеа стварно да постави структура негова, да е паметен, става CEO таљан со искуство во лигата - ете оној од Сасуоло рецимо (во недостаток на други идеи), пика некаде во структура некој стар миланез чисто ради имиџ и тежина и им дава да бркаат работа. Или носи некој премиум ЦЕО као Газидис на времето - рецимо оваа десната рука од Абрамович, Грановскаја со опасна меѓународна тежина и тоа е тоа. Тоа е она Интер што го напраи уствари. Стабилна структура што после ти дозволува и од Киву да напраиш шампионски тренер. Јебига.
Галијани? Срце каже да, ама коа ќе стаам све на маса - човекот е или дементен или близу деменција, стварно не му треба да пушти душа на трибина. Дајте нешто ново, има миланези коишто можат да улетаат тука ради имиџ - еве Албертини ми текнува, не знам - Шева, факинг Руи Коста можда чак, појма неам. Нема што да понуди Галијани више различно во новиов свет ми се чини. Глеаш секоја изјава више му е за старите времиња и некои дешавки од 2004та. Тоа е прв знак коа чоек више е аут. Плус, сите што му беа соработници од агенти до Прециози и екипа, више или се заминати на друг свет или играат голф негде. Па и тој не е навикнат да дели маса со други, тој беше еден чоек за све, и ЦЕО и спортски директор и скаут и преговарач и све у курац. Ептен ако му даат некоја церемонијална улога само да дае на тежина во Серие А, океј, за друго ич некако не сум сигурен.
Малдини би било идеално фино да го замолат и да му се извинат, ама познавајќи го него од тоа каков му бил стилот досега, додека се овие газди, господ нема да успее да го врати. Ја зговнија со него и тоа е тоа. Плус тој со Галијани или Ибрахимович некаде во управа не ти иде, па што сака нека биде.
И тоа е тоа. На почеток реков појма неам и пак напишав роман, ебати издуваниот. Ама ај, одамна немав пишано, ќе ми опростите. Нека помине ова во недела па здравје со следни писанија. Форца росонери.