Реално Скопје се помалце го сакам. Ова што се дешава на ништо не личи. Се уништува убавината на градот со овие дивоградби насекаде. Убави и мирни населбичиња се претвараат у хаос, веќе почнаа и Влае и Хром да ги уништуваат. Градење без никаков ред на шупи од по 3-4 спрата. Без паркинг места да неможеш кола да оставиш од сообраќаен хаос.
Stoznam, koga gi gledam shupite i kolibite u madzir maalo, na pocetok na skopje imam druga pretstava. znam deka se stavaat paravani i dzidcinja da se sokrie smetot i grdotijata, ama sepak postoi.
Ti samiot nekolku pati imase napisano za neasfaltirani zapusteni patista.
I da, Skopje e by far najzagaden grad momentalno, definitivno se drugo e pocisto.
Скопје е неспоредливо поголем град од останатите и нормално е да има „црни точки“, баш како тие што ги објавувам јас (нели, ги објавувам во насока да се средат и да биде поубаво за сите). Шупите во Маџир Маало не го прават Скопје запуштен град - тоа се стари куќи, голем број на доселеници од минатото токму од останатите градови - дел по дел ги продаваат и никнуваат згради на нивно место, кои реално се поголема грдосија од трошните куќички. Но, ова не значи дека во сите населби е нечисто и запуштено и дека градот е „нечист“. Како човек кој бил повеќе пати во овие градови кои ги наброја, мојот впечаток е дека Скопје е општо почист и со далеку подобра инфраструктура. На какви места сум бил низ Македонија, да завршам таму со место за живеење би ме фатило депресија во рок од 3 месеци... Да, Кавадарци и Битола си имаат сјајни моменти - ама најчесто се ограничени само на централните делови (2-3 улици).
А тоа со загадувањето на воздухот е горчлив проблем за кој сите сме свесни и нема долго време да се реши.
Средени градови во НАШАТА земја не постојат.Од архитектура,урбанизам и јавно уредување сме оперирани национално. А за дивоградби,депонии,кич и урбанистички фушерај сме експерти.
Скопје е неспоредливо поголем град од останатите и нормално е да има „црни точки“, баш како тие што ги објавувам јас (нели, ги објавувам во насока да се средат и да биде поубаво за сите). Шупите во Маџир Маало не го прават Скопје запуштен град - тоа се стари куќи, голем број на доселеници од минатото токму од останатите градови - дел по дел ги продаваат и никнуваат згради на нивно место, кои реално се поголема грдосија од трошните куќички. Но, ова не значи дека во сите населби е нечисто и запуштено и дека градот е „нечист“. Како човек кој бил повеќе пати во овие градови кои ги наброја, мојот впечаток е дека Скопје е општо почист и со далеку подобра инфраструктура. На какви места сум бил низ Македонија, да завршам таму со место за живеење би ме фатило депресија во рок од 3 месеци... Да, Кавадарци и Битола си имаат сјајни моменти - ама најчесто се ограничени само на централните делови (2-3 улици).
А тоа со загадувањето на воздухот е горчлив проблем за кој сите сме свесни и нема долго време да се реши.
Си има свои предности и недостатоци живеењето во помалите градови, во две насоки е оваа констатација (болд), мене ми беше така кога дојдов во Скопје, т.е од место каде си имав мир и можев да завршам работа за 15 мин дојдов во џунгла каде пола ден ти оди во превоз + далеку повеќе финансии за градски превоз/возило.
Ај дури си млад е ок, да донесеш повозрасен човек од помал град во Скопје има да те колни и пцуе дури е жив.
Инаку мое мислење е дека Скопје се потсреди со инфраструктура последниве 15тина години, ако сите плукаат баш по тој период, претходно иако сум бил дете кога сум доаѓал ми изгледал далеку покрш. Иако треба да се среди инфраструктурата кон доста населби (ако ги земеш во обзир сите населби накај Водно се со лоша инфраструктура, Сопиште имам заглавено со возило бетер него што сум заглавувал во Крушево), да се доработи Борис Трајковски за делот на Драчево, Батинци, Маркова Сушица..., да се доработи Кристијан Тодоровски Карпош за делот на Радишани, АСНОМ за делот на Керамидница-Автокоманда, Булевар Хрватска за Бутел,Радишани, Топаана со влезот на Скопје и тн.
Скопје си има предности од можности за кариерен напредок, побрзо наоѓање на работа, поголем пазар каде може повеќе да ти просперира бизнисот (клиенти/кадар), НО кога станува збор за мирно живеење и чистота секогаш подобро е во помал град.
Во било кој помал град (освен Тетово) во најголем шпиц е порекласирано отколку Скопје кога е најлабаво.
Далечината на институциите, пазари и слично иста приказна, тука за да завршам работа во институција треба да земам слободен ден од работа, во помалите градови на пауза од 30 мин ќе претрчаш и ќе средиш тоа што ти треба (уште поголема е шансата да го познаваш лично тој што ти треба и да не мора ни да одиш ). Тука не одам воопшто да купувам зеленчук/овошје на зелен пазар оти 1 саат ми треба да најдам паркинг и пазарам во маркет (во помалите градови ретко кој купува овошје/зеленчук во маркет).
Во поглед на загаденоста во малите градови главен проблем е огревот на дрва, ако тој дел се реши немаат никаква проблем со загаденост.
Во поглед на чистота на улици е релативно и зависи од тековната градска самоуправа, ако се замараат градот ќе личи на нешто, ако не се е џабе.
Сум ја шетал цела Македонија подолжно-попреку и можам да кажам дека најсредени се најмалите градчиња, како што почнува да расте населенито така градот е понесреден.
Во било кој помал град (освен Тетово) во најголем шпиц е порекласирано отколку Скопје кога е најлабаво.
Далечината на институциите, пазари и слично иста приказна, тука за да завршам работа во институција треба да земам слободен ден од работа, во помалите градови на пауза од 30 мин ќе претрчаш и ќе средиш тоа што ти треба (уште поголема е шансата да го познаваш лично тој што ти треба и да не мора ни да одиш ). Тука не одам воопшто да купувам зеленчук/овошје на зелен пазар оти 1 саат ми треба да најдам паркинг и пазарам во маркет (во помалите градови ретко кој купува овошје/зеленчук во маркет).
Дефинитивно Карпош, Тафталиџе и малку biased Аеродром(иако загадувањето најверојатно ми има одземено неколку години од очекуван животен век). И покрај тоа, клетата урбанизација си го зема данокот и постепено го уништува и тоа добро што остана.
Според мене Карпош е едно од најубавите маала за живеење. Има маани нормално, ама највеќе ми се свиѓа што буквално се ти е тука паркови за деца, кафичи, школи, факултети, маркети… се некако ти е блиску.
Е сега, Партизанска е веќе друга приказна. Секој пат се крстам кога треба улица да поминам, а навечер од трките на одредени лудаци нема ни спиење.
Партизанска е х10 пати побезбедна споредбено со пред 15 години. Порано немаше семафори (хотел Карпош, стара пошта), имаше пешачки премин на кој никој никогаш нема да ти застане, потоа кога ставија семафори никој не ги ебаваше бидејќи не беа на раскрсница, возачи на приватни автобуси 9/10 случаи поминуваа на црвено, за коли, мотори да не зборуавам, но сега со Сејф Сити гледам стварно поголем број луѓе лазат на улицава и застануваат на црвено. Огромна е разлика, очи треба да ти се навикнат од 100 на саат и никој да не ти застане, до 30 на саат и да кочат на жолто, на споредни улици нема нешто промена, но за Партизанска тука безбедноста е подобрена значително (жално што мораше многу животи да згаснат за нешто да се смени). Јас живеам на неа, Тафталиџе спаѓа моето, делот што се старите воени згради кои го имаат преживеано земјотресот, мислам подобро место за живеење воопшто и нема во Скопје. Секоја зграда има паркче и тревна површина од двете страни со клупи, има убава дистанца од главната улица и преку дрвата кои се доста високи и густи, има одлична изолација од звукот од колите. Зградиве се одлично градени, дебел ѕид, лето држат ладно, зимно време топло е. Гледам уџум некои места во Ново Лисиче имаат зонско, тука абер нема од зонско, имаш паркинг места колку сакаш, каде сакаш, а општина Центар (Рузвелтова) е на помалку од 5 минути пешки. Влошен е делот околу Катастар што почнаа кафичи да прават и згради, но споредбено со други места, овде мислам е идеалното. Патем описот е за првата коцка во Тафталиџе (Млечен, Бели), од Настел натака по Прашка до Форца калакурница е, небо и земја разлика. Исто добро за живот е Козле делот што е близу Македонска Куќа, луѓето имаат паркинг пред зграда, позади зграда, подземна гаража, улица цела со место одделено за паркинг, плус огромен парк (Кучешки парк е многу убав сега, памтам колку на ништо не личеше местото карши Мекдоналдс Тафталиџе порано).
Да, има подобрување од порано, тоа стои. Ама навечер уште си шибаат и коли и мотори, а искрено и преку ден па и навечер треба 300 пати да гледаш пред да поминеш улица заради безмозочни створења што возат ко патот да е само нивен. Нема кој да реагира за тоа нормално, од секогаш било така.. Туку ај темава не беше за улица кај се фатив ја.. Да збориме за убави работи треба ( така викаат )
За градба нема да зборам оти тоа што е, секоја градба е во различно време и не може да се оценува. Затоа само место на живеење.
Аеродром делот Осторово, Јане и околу Бисер. Зеленило, простор, како треба да делува една населба. Игралишта, паркови.
Ново Лисиче, ама загаденоста делува дека е најлоша таму. А е населба со најголем простор помеѓу згради.
Кисела вода - 11 октомври згради. Да ќе ја напоменам и Кисела вода ама само овој дел од нејзе другото е катастрофа. Зградите ми делуваат катастрофално особено тие црните ама има доста простор помеѓу нив за зеленило, има паркови и игралишта. Посебно сега кога го средија делот покрај пруга, делува многу подобро. Не е густо населени и центар е блиску.
Карпош 3 и 4, делува слично на аеродром. Тафталиџе ми е исфорсиран. Поминувам често и делува дека населбата се уништува. Згради никнуваат на секој чекор, а за паркинг е хаос.
За куќа подобро дел од Козле него ли Црниче или Пржино.
Ако некој не практикува до центар да оди ми сака подалеку од галамата ќе кажам Хиподром, дел од Маџари ( Триангла) и дел од Ченто ( делот што е до автопат и ридот Камник.
Зошто овие пред Ѓорче иако Ѓорче повеќе нуди во инфраструктурата? Местоположбата.
Кога ќе ми текне дека за да отидеш било каде освен Западна Македонија треба да го поминеш цел град, ми се темни. Плус многу побрзо се стига до Центар од исток него ли запад. Еден семафор има кај Автокоманда и толку, иако може подалеку делува дека е.
Плус ми делува дека Ѓорче има голем проблем со Албанците од Сарај и Кондово. Овој дел само делот после пазарот во Ченто го има тој проблем, затоа и не го набројав тој дел.
И за работа за средна класа е многу подобар истокот од Скопје него ли западниот дел. Најголемиот дел од фабриките, магацините се наоѓаат во Гази Баба и Илинден.
Автоматски споено мислење:
Најлоши.
Кисела Вода освен 11 Октомври. Зошто побогу некој би купил нешто за таму да живее. Нема паркинг, паркираат по тротоари, нема паркови, нема игралишта пиеш кафе преку балкон со комшиите, делува прљаво многу, дупки по улици.
Маџир маало, единствено место што е полошо од Кисела Вода. Има 0 во секој аспект на оценување. Гз место нема помеѓу згради и куќи , рушевини тесни улици, цигани, смрдеа од Вардар. Нема школо, нема грдиники.
Цел Центар, можеби ќе кажам делот кај градски ѕид е океј. Никаков план, градено само за урбана мафија да собере грди пари.
Аеродром - делот Мичурин, од железничка до делот кај Сакаш, Фитнес Хаус. Од сите бараки направија зградишта. Улиците се блокирани од паркирани коли. Едно основно училиште кое како што слушнав имало 9 паралелки.
И најново ќе кажам делот кај Фон. Ова дур се урбанизира ќе помине цела генерација. Нема школо, нема градинки, нема игралишта, нема паркови, цигани палат свашта. Нема доволно автобуски линии. Прљаво, прашина на секаде. И ми делува дека се гради неплански, како и се во последните 20 год.
Партизанска е х10 пати побезбедна споредбено со пред 15 години. Порано немаше семафори (хотел Карпош, стара пошта), имаше пешачки премин на кој никој никогаш нема да ти застане, потоа кога ставија семафори никој не ги ебаваше бидејќи не беа на раскрсница, возачи на приватни автобуси 9/10 случаи поминуваа на црвено, за коли, мотори да не зборуавам, но сега со Сејф Сити гледам стварно поголем број луѓе лазат на улицава и застануваат на црвено. Огромна е разлика, очи треба да ти се навикнат од 100 на саат и никој да не ти застане, до 30 на саат и да кочат на жолто, на споредни улици нема нешто промена, но за Партизанска тука безбедноста е подобрена значително (жално што мораше многу животи да згаснат за нешто да се смени). Јас живеам на неа, Тафталиџе спаѓа моето, делот што се старите воени згради кои го имаат преживеано земјотресот, мислам подобро место за живеење воопшто и нема во Скопје. Секоја зграда има паркче и тревна површина од двете страни со клупи, има убава дистанца од главната улица и преку дрвата кои се доста високи и густи, има одлична изолација од звукот од колите. Зградиве се одлично градени, дебел ѕид, лето држат ладно, зимно време топло е. Гледам уџум некои места во Ново Лисиче имаат зонско, тука абер нема од зонско, имаш паркинг места колку сакаш, каде сакаш, а општина Центар (Рузвелтова) е на помалку од 5 минути пешки. Влошен е делот околу Катастар што почнаа кафичи да прават и згради, но споредбено со други места, овде мислам е идеалното. Патем описот е за првата коцка во Тафталиџе (Млечен, Бели), од Настел натака по Прашка до Форца калакурница е, небо и земја разлика. Исто добро за живот е Козле делот што е близу Македонска Куќа, луѓето имаат паркинг пред зграда, позади зграда, подземна гаража, улица цела со место одделено за паркинг, плус огромен парк (Кучешки парк е многу убав сега, памтам колку на ништо не личеше местото карши Мекдоналдс Тафталиџе порано).
Воените згради кои биле за војниците на ЈНА, на Партизанска, после куќите во редот на Рептил, карши хотел Карпош/стара пошта му доаѓаат. Сигурно го имаат преживеано, има и фотографии од нив пред 1963 кога Скопје на запад било ливада, тие си постоеле.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.