Прво, заслужена победа на гостите.
Митревски 20 Пилиповиќ 11 одбрани.
Нооо, тоа не е се.
Башибозукот кај Пелистер во последен период вчера се префрли кај Охрид.Тотална некоординација, технички грешки, топки од раце им паѓет па нервоза и пцуење.
Па и Пилиповиќ една низ нозе му избега пред полувреме и после при крајот слична глупа топка сигурна одбрана му избега, изгледаше комично.
И пак најдобар поединец со можда Реј, една светла точка во одбрана.
Ројевиќ малку да смирит доживљај, не е само излези на терен и готово.Вчера прво промашено од негова страна.Ако почвиш да губиш не е само викај по сите, земи бре смени нешто луѓе ова вака не ојт дај да пробаме поинаку.Па макар и згрешиле.Ама еве ќе речиш пробавме и поинаку не одеше и така.
Упорно пензионерски по средина (иако и на спротивна страна имаше дооолги и можам да речам толерирани напади безидејни ама изгледаше поприбрано), без игра на крило, проток до пикер ко вода во Охрид сред лето (да додајме дека кај нив близнаците и Самоил перфектно изиграа одбрана вчера).
Ги заборај Тасески и Ќосе во второ полувреме на клупа, смени макар утнал изврши некока ротација.
Лево упорно со Ојле (немам замерка, ама потребно му е одмор одвреме навреме) , а на таа страна Ристески со 18 год изгледа заборај како одигра со Вардар.
Да не заборајме дека во тие 20 одбрани на Митревски учество имаа играчите на Охрид.
Савревски едно 3 по ред, уште толку Прибетиќ шо упорно го форсират.
Анте изгорен без замена два правци, без душа па стај го Кукуло шо бидит нека бидит.
Со ваков пристап во Унгарија ќе бидит мачење.
До овие ликојве од уќуматот шо знајме дека читет по некоја линија - плус Мате уште еден десен бек и сериозно лев бек исто така по можност да не влечит повреда, среден бек да не сам Стрмљан ако Јапонецот не го задржат.И уште еден голман.
И уште нешто, кога веќе продаваме филм за некаква култура да не сме лицемерни.И Ројевиќ е со бубачки ама и другиот вчера не остана покусо со "неутрална" публика да се закачиш се кажвит за таа висока култура.Ако си имет проблем со Славчо и таа екипа нека си го решат под трибина или лично, еве за споредба сред сите Охриѓани седеше Стерјев со уште 2,3 никој ниту му изреагира нешто дебилно ниту обратно.Тука ќе речам и зошто не седеле заедно со спротивното раководство ко шо личит во поцивилизирани земји шо е ствар на култура од двете страни.Дали овие не понудиле или едноставно сакал да е поблиску до терен то е веќе друго ако е лична желба.