Даjте сериозно... Ви недостига ли Jугославиjа?

Епа цитирај го тој кој го цитирав и јас, вака за малку кавга ќе се случеше :D
Не мораше, сам си се :D јави
Системот „сети се снао“ никогаш не закажал:pos:
 
Не знам дали некој го заменил главниот ама знам дека сме преебани највише, како и секогаш.

Затоа и Ска веројатно има таков став и револт, како и јас до некој степен.

Тоа почнува со Ченто и продолжува во годините што следат, од судскиот процес на Ченто јасно се гледа дека е политички гонет за да биде замолчен

Во ред, може ние не сме толку благодарни како вас на пример ама тоа е така со причина, не затоа што тераме инат
 
Последно уредено:
Тоа ми беше чудно затоа што Марковиќ немам приметено да го пљукаат ни комунистите ни четниците и усташите (зборам за овие од 90тите). Затоа мислев да не бил некој гробар од типот на Горбачов што толку бил небитен што никој не го рецкал и сите си терале по свое.
Значи според Марковиќ тој систем можел да се опорави да продолжи да опстојува доколку странски тајни служби и национализам не го саботирале ?
Јас мислам дека повеќе беше внатрешно несогласување кој да биде главен, отколку надворешни тајни служби.
Ако имаш здраво општествено ткиво, надворешни служби можат да ти прават сопки, ама да те растурат без твоја согласност тешко.
Великосрпството придонесе за контра реакција од Хрватска, Словенија беше неутрална до пред крај, кога почна да игра своја игра.
Прочитајте ги состаноците на претседателството на државата во последните 3-4 години пред растурањето, ќе ви стане јасно кој на кај влечел.
Не е сама Југославија во филмот. Ние живеевме како дете на комунизмот, кое беше важно и за западот. Со распадот на Варшавскиот пакт и СССР, можевме да се трансформираме како и некои други држави од тој пакт. Ама не, некои наши сограѓани решија да се курчат и да бидат поглавни од другите.И бидна што бидна.
Што Романија или Бугарија етнички чисти да не беа? Чешка и Словачка се испотепаа за да се разделат?
 
За останатото иако не го делам истото мислење не би го коментирал.

Да резимираме; граѓанска војна кај Елините се случила намерно, изрежирано, за потребата од решавање на „македонското прашање во Беломорска Македонија„.

Интересно...само што не можам да се сетам на ниту еден домашен добро упатен исторчар, кој ваква „теза„ изнел барем на рамниште од „теорија на завера„.
 
Јас мислам дека повеќе беше внатрешно несогласување кој да биде главен, отколку надворешни тајни служби.
Ако имаш здраво општествено ткиво, надворешни служби можат да ти прават сопки, ама да те растурат без твоја согласност тешко.
Великосрпството придонесе за контра реакција од Хрватска, Словенија беше неутрална до пред крај, кога почна да игра своја игра.
Прочитајте ги состаноците на претседателството на државата во последните 3-4 години пред растурањето, ќе ви стане јасно кој на кај влечел.
Не е сама Југославија во филмот. Ние живеевме како дете на комунизмот, кое беше важно и за западот. Со распадот на Варшавскиот пакт и СССР, можевме да се трансформираме како и некои други држави од тој пакт. Ама не, некои наши сограѓани решија да се курчат и да бидат поглавни од другите.И бидна што бидна.
Што Романија или Бугарија етнички чисти да не беа? Чешка и Словачка се испотепаа за да се разделат?
Не , не . Не ми е прашањето дали сите без војна ќе сме се разишле туку дали опцијата што ја нудел Марковиќ реално била возможна за да опстои Југославија ?
Друго. Второто потпрашање се наметнува дали доколку неговата опција била успешна, тоа ќе била перестројка но овојпат успешна за разлика од таа на Горбачов или ќе бил некој нов тип на социјализам ?
 
Не знам дали некој го заменил главниот ама знам дека сме преебани највише, како и секогаш.

Затоа и Ска веројатно има таков став и револт, како и јас до некој степен.

Тоа почнува со Ченго и продолжува во годините што следат, од судскиот процес на Ченто јасно се гледа дека е политички гонет за да биде замолчен

Во ред, може ние не сме толку благодарни како вас на пример ама тоа е така со причина, не затоа што тераме инат
Став подразбирам ....
но револт спрема нешто што не сум го доживувал , преживувал, ма и физички не сум постоел ... е тоа не го разбирам, индиферентен сум, не ме засега

Па искрено да ти кажам за Ченто.... појма немавме.... се тоа почна од 90-те
Од денешен аспект, да не бидам погрешно сфатен, тоа изгледа како злосторство кон револуционер и неправда.... но тогаш, кога го суделе, се мислело дека штитат уставен поредок и тоа е тоа .... и криви и невини страдале

Друго исто така интересно, но од друг аспект.....
за политика многу ретко и кратко зборувавме, не од страв туку не не интересираше, не знаевме ни три ју политичари да наброиме а од македонски ...Лазар Мојсов и толку, Киро Глиговов... ма кој ли бил тој не знаевме и дека воопшто постои :D .... не бевме до толку заразени со политика како денес што е се живо и диво, денес бе ги знаат по име презиме до последниот дибек во општинските совети....
.... најчести, стални, муабети беа ... за филм, музика, оговарање кој со кого се дупел, разни глупости кој што направил, вицеви, литература (колку ли само полемики водевме Артур Кларк што сакал да каже во „Одисеја 2001“) итн , за се само политика не, ни последна дупка на свиралото не ни беше....
 
Последно уредено:
на прашањето од темава ќе одговорам дека на повеќето не им недостасува југославија како поим туку им недостасуваат привилегиите кои ги добиваа како поединци: стан од предузеќе, одмор преку синдикат, бесплатно здравство, вработување на државно, урамноловка работел не работел исто плата на први, успешните не може да отскокнуваат по било која основа од просекот...
 
Став подразбирам ....
но револт спрема нешто што не сум го доживувал , преживувал, ма и физички не сум постоел ... е тоа не го разбирам, индиферентен сум, не ме засега

Па искрено да ти кажам за Ченто.... појма немавме.... се тоа почна од 90-те
Од денешен аспект, да не бидам погрешно сфатен, тоа изгледа како злосторство кон револуционер и неправда.... но тогаш, кога го суделе, се мислело дека штитат уставен поредок и тоа е тоа .... и криви и невини страдале
Тоа е наша историја, на нашиот народ и не треба да разбираш искрено - тоа е наше право и на тие после нас исто колку што е и твое

Тоа почнало за вас од 90тите, за некои многу порано!
 
Став подразбирам ....
но револт спрема нешто што не сум го доживувал , преживувал, ма и физички не сум постоел ... е тоа не го разбирам, индиферентен сум, не ме засега
Револтот е дека ме потценуваш и понижуваш и наместо да дискутираш за Јоже и Југа ти дискутираш за мене па и на крај си игнорантен, не ме цитираш.
Што мислиш зашто не сум таков со Фенел ?

И муабетот на целава расправа почна кога јас му објасунував на Кадаиф ли на некој друг дека многу мистерии има за Југа и Тито меѓу која и таа дека партизанот и маршалот не се истата личност и ти почна да ме напаѓаш лично.
 
Не , не . Не ми е прашањето дали сите без војна ќе сме се разишле туку дали опцијата што ја нудел Марковиќ реално била возможна за да опстои Југославија ?
Друго. Второто потпрашање се наметнува дали доколку неговата опција била успешна, тоа ќе била перестројка но овојпат успешна за разлика од таа на Горбачов или ќе бил некој нов тип на социјализам ?
Не беше тоа перестројка.
Не се смени нешто значајно, ама социјализам тешко дека ќе можеше да се нарече. Идејата беше транзиција кон еден вид капитализам, со приватизирање на општествената сопственост. Ама не како што ја спроведоа после, него секој да добие акции од фирмата во која работи.
Малку и ме чуди зошто го буткаш муабетот накај Перестројката и Горбачов. Колку и да ни беше сличен почетокот на општественото уредување, покасно до толку се разидувавме што мислам дека нема место за споредба.
Тие се енергетски најбогаттата земја на светот, Југославија не беше ни блиску до таква ситуација.
 
Тоа е наша историја, на нашиот народ и не треба да разбираш искрено - тоа е наше право и на тие после нас исто колку што е и твое

Тоа почнало за вас од 90тите, за некои многу порано!
Ова ти е околу ставовите .... и точно е...
а револтот е сосем друга категорија, на пример јас во случај тогаш да ми е направена некоја поголема неправда може бидам револтиран на системот, но револтот на физички неприсутните не го разбирам .....
 
Последно уредено:
Не беше тоа перестројка.
Не се смени нешто значајно, ама социјализам тешко дека ќе можеше да се нарече. Идејата беше транзиција кон еден вид капитализам, со приватизирање на општествената сопственост. Ама не како што ја спроведоа после, него секој да добие акции од фирмата во која работи.
Малку и ме чуди зошто го буткаш муабетот накај Перестројката и Горбачов. Колку и да ни беше сличен почетокот на општественото уредување, покасно до толку се разидувавме што мислам дека нема место за споредба.
Тие се енергетски најбогаттата земја на светот, Југославија не беше ни блиску до таква ситуација.
Не го буткам натака туку се обидувам да сфатам каков би бил тој нов систем ште ќе биде надградба на социјализмот и комунизмот а нема да биде капитализам.
Па затоа ја спомињам перестројката како неуспешен обид за такво нешто.
Можно ли е овој систем на Марковиќ да бил нешто слично на денешна Кина ? Микс на економски капитализам со политички комунизам ?
 
Не го буткам натака туку се обидувам да сфатам каков би бил тој нов систем ште ќе биде надградба на социјализмот и комунизмот а нема да биде капитализам.
Еве те цитирам и не ставам смајлиња

надградба на социјализмот е комунизмот кој досега нигде го немало.... ма ни социјализам немало во права смисла
за комунизмот .... според теориите за развој на општествата ... нит сме доволно свесно развиени( премногу сме себични и алчни) нит има доволно техничко-технолошка и индустриска развиеност за такво нешто.... можда за едно петсто години....
.... денес гледаме како иде технолошкиот напредок се понапред и понапред така и се помалку работна рака треба, некако ќе треба гладните усти да се задоволат, ќе се јават озбилни социјални проблеми и бунтови па и вооружен отпор, празен стомак ни бела мачка не гледа пред себе.... така да капитализмот ќе мора да се менува кон нешто друго од општество на поединечна иницијатива кон нешто поеке ориентирано кон заедницата.

А ако иднина ни се разно разни религиозни џамахирии (христијански, исламски, јудејски, будистички итн) ...тогаш уште сега нека ги пукаат нуклеарките и јово наново

Можно ли е овој систем на Марковиќ да бил нешто слично на денешна Кина ?
Обид на преоѓање од договорна економија кон пазарна....
кој ни под точка разно не им одговараше на националистите кои се изродија тогаш
Нарочито на словенците кои ја изгубија привелегијата да целиот увоз/извоз оди само преку нивни фирми.
 
Последно уредено:
Не го буткам натака туку се обидувам да сфатам каков би бил тој нов систем ште ќе биде надградба на социјализмот и комунизмот а нема да биде капитализам.
Па затоа ја спомињам перестројката како неуспешен обид за такво нешто.
Можно ли е овој систем на Марковиќ да бил нешто слично на денешна Кина ? Микс на економски капитализам со политички комунизам ?
Југославија пред тоа почна да се одалечува од социјалистичко- комунистичката идеја. Уредувањето пополека стануваше пазарно. Затоа и почна приватизација и акционерство.
Јас имав акции од мојата фирма, како пример ти посочувам.
Можеби во називот на државата и би останало тоа Социјалистичка, а можеби и не, ама реално од Марковиќ па натаму планот беше приватна сопственост и развој врз основа на приватна иницијатива.
Тоа реално пак би било некој вид самоуправување, ама сега на база на акции.
Не знам дали Кина имала нешто слично.
Друго Југославија беше федерација, многу од ингеренциите ги имаа републичките власти. Тоа што нашето раководство беше килаво, никој не ни е виновен.
Ако мислите дека некој намерно не саботирал се лажете. Таа идеја и систем не беа прифатени од страв од губење привилегии.
За разлика од нас Кина тоа го одигра поинаку, така да нема споредба.
 
Кинезите немаат одиграно ништо оригинално, туку имаат „позајмувано„ од позитивните искуства и од „едните„ и од „другите„.

Проф. Р. Волф тоа едноставно го објаснува; Кина има економија која е 50% државна, а 50% приватна и на тој начин фунционира. Но тоа е само препоедноставено објаснување, затоа што и Кинезите имаа своја „транзиција„, која трае уште од раните ‘70-ти години, но Кинезите се лукави и изиграа квалитетно, надмудрувајќи ги своите инвеститори.

Што би се случило ако СФРЈ опстанеше, тоа е повеќе работа за нагаѓање...
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom