Топло препорачувам:
Shackleton's Way - Morrell & Capparell: биографија на Ернест Шеклтон, морепловец и истражувач кој некаде на почеток на 20ти век објавува оглас во весник: барам екипаж за експедиција до јужен пол, услови крајно непријатни, мали шанси за успех, огромен ризик по живот, али ако стигнеме вечна слава загарантирана. Со 30 фанатици тргнуваат на пат за јужен пол од Британија. Како што доаѓаат се поблиску до целта, водата околу бродот замрзнува и цел екипаж се заглавени на мраз, со месеци, сред никаде, додека го гледаат бродот како споро тоне. Нереално добра книга.
12 Notes - Quincy Jones, автобиографија. Од живот пред да почне воошто да се бави со музика, до скромни почетоци и пропаднати бизнис планови, долгови, лични трагедии и среќни околности, Квинси Џоунс објавува некаде кон крај на животот со поглед наназад.
From Third World to First - Lee Kuan Yew - книга од таткото на Сингапур за како гради една нација која во момент на постколонијално ослободување не постои. Веројатно еден од најсериозните државници на 20ти век што има успеано да спои 3 етнички групи (кинези, малеи и индијци) со еден заеднички идентитет на мала територија, и да ја изгради веројатно една од најразвиените држави во светот. Моделот кој на Кина и носи огромен раст и кревање од сиромаштија (авторитарен капитализам) е превземен од Ли Кван Ју и во книгава објаснува како од држава без идентитет, со шкакливи граници, никаква клима, доста сурова средина на меѓународни влијанија, внатрешни проблеми, успеваат да го донесат Сингапур во оваа форма која ја знаеме денес.
