Оф топик: стереотипи се, имаат феноменална храна, кучиња и бубачки се некоја ретка ствар. Немаат една кинеска кујна (како кај нас што се продава кинеска храна), него секој регион кај нив е кујна за себе и е ствар на вкусови. Ако си во реон што искача на море, храната ќе биде некој микс од морски плодови, зеленчуци, рибни супи. Ако си некаде на север и каде што е поладно, добри шанси е дека ќе биде љута, меса, компири. За наша палета на вкусови, донгбејска, јунанска и кантонска се феноменални, сичуанска би била поегзотична.
Друга интересна ствар е дека некои работи што не ни се пријатни на нас кај што би ни се превртувале црева (смрдливо тофу или дуријан), на нив (генерално во Азија) им мириса топ и на вкус им е феноменално. Исто како што на нас мувлосано сирење генерално ни е топ и го јадеме, во Азија им се превртуваат црева од него. На крај на ден, прашање на вкусови е, али Кина, Кореа, Јапан, Виетнам, Индонезија има озбилно гурмарење и се доста озбилни со храна.