- Член од
- 13 април 2021
- Мислења
- 5.134
- Поени од реакции
- 15.756
Сега сум во процес на разгледување, и искрено добивам впечаток дека некои луѓе само фиктивно си ги сликаат становите и објавуваат со цел да направат дека побарувачката е голема, и да си ја дигнат цената на тоа што вистински го продаваат.Незнам до кога ќе се лажеме дека имало вистинска побарувачка. За продажба од прва рака се уверив дека е тиња и дека нема везе тој муабет со 3.000 еура квадрат. Сега доаѓа на ред и киријата дека е тешко да ја продадеш. Се знае како се дигнаа цените, 99% перална, 0.5% програмери, 0.5% дијаспорци. Пералната секнува дека се префрлија во Дубаи со перење односно купување крипто кај Љуљзим у “мењачница” па у Дубаи се купува недвижнина. Програмерите се во слободен пад. Дијаспората не е воопшто фактор. Сега е војна на истоштување па да видиме кој ќе издржи.
Разговарав и со некои луѓе од агенции, и истиот муабет е. Дека и нив им е тешко со овие цени да продадат станови. Посебно оние поголемите, тешко се продаваат.
