Premier League - 2025/26

  • Креатор на темата Креатор на темата Johnny B
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе освои?

  • Ливерпул

    Гласови: 25 29,8%
  • Арсенал

    Гласови: 18 21,4%
  • Манчестер Сити

    Гласови: 8 9,5%
  • Челзи

    Гласови: 11 13,1%
  • Манчестер Јунајтед

    Гласови: 16 19,0%
  • Тотенхем

    Гласови: 2 2,4%
  • Њукасл

    Гласови: 0 0,0%
  • Некој друг

    Гласови: 4 4,8%

  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Да не ги признаеа ваквите рагби голови Арсенал немаше да фати топ 4, сигурно има едно 10 голови дадени на сличен начин како овој на Вест Хем, ама за нив немаше реакција. Очигледно е дека ПГМОЛ сака Арсенал да се шампиони годинава.
 
Реално одлукава не само што ќе влијаеше на шампионот, туку ќе влијаеше и на живот на Каванах.
Ако ради ова останат без титула, блокади пред куќа, закани по живот за него, за негова фамилија се неминовни. Огромен притисок имаше над себе додека да донесе одлука.

Полесно ќе го оправда "имаше контакт", отколку "имаше контакт, ама немаше влијание на играта". Кој и да е судија, колку и да сака да е субјективен, тешко дека ќе го признаеше голот.

...а да, ептен ќеифски ќе беше на ваков начин ако останеа без титула :D
 
Проблемот со блокирањето на голманот е тоа што не е дефинирано како фаул. Практично е сива зона, а ПЛ во интерес на тоа да има повеќе голови не го санкционира. Ова над Раја беше чист фаул, нема дискусија.
Мислам дека во последно време намалија со блокирањето. Многу веројатно ги имаат брифирано дека ќе се суди фаул над голманот почесто. Ама Арсенал собраа добри поени со таа педерска тактика.

Сепак, не за џабе низ Англија се пее "same old Arsenal, always cheating". :D
 
А не беше фаул?
Со рака на врат го држеше, не му даде да скокне. Немаше потреба ни од ВАР.

Уште две утакмици до титула :D
Па и вие првата на ист начин зедовте 3 бода против нас, нит вар се гледаше за вас ни ништо.
 
Види ги бе освоија титула со поништен гол за противникот поради фаул врз голман, нешто што они истово го прават цела сезона и добија еден куп утакмици на ваков смрдлив начин. Хк пу да тибам тимот гнасен.
 
Тие голови на Арсенал биле 50/50 со блокирање, иначе колку гола лани им имаат поништено заради фаул во напад. Ова беше апла. Иначе колку влијаат кадрите, откако го поништија голот дадоа нов кадар како од позади еден го влече убаво Раја. А тој кадар уште подобар беше а не му го дадоа на судијата.
 
Јас да повторам дека сум уверен дека малерот на Јунајтед е кармички поврзан со Арсенал и еднаш кога Арсенал ќе освои, ќе ни се раздени на нас.
 
Јас да повторам дека сум уверен дека малерот на Јунајтед е кармички поврзан со Арсенал и еднаш кога Арсенал ќе освои, ќе ни се раздени на нас.
Што би рекле кумановци: надеј се куре на пијани жени :)
Ние само плац имаме купено, до куќа има многу.
 
Дека е фаул, е. Ама интересна работа, баш прво коло Јунајтед - Арсенал, на доста сличен начин постигнаа гол и победија.
 
Што би рекле кумановци: надеј се куре на пијани жени :)
Ние само плац имаме купено, до куќа има многу.

Нека освојат годинава па ќе збориме мај месец 2027 живи здрави.
 
Ау, доста комплекси наметнал Арсенал на темава :pos:
Ама вака ним им давале, ама не им свиреле, ама не ти знам што.

За секој шампион, секогаш, секаде може да се најдат замерки.

Арсенал ако освои ќе е сосема заслужено и уште повеќе што ќе освои со игра која самите фанови на Арсенал ја презираа и беа горди на нивниот "убав" фудбал што им носеше повремени блесоци против Норвич, но ги частеше и со порази како 8-2, 5-0 и 10 примени голови во двомеч.

Уште еден доказ дека за шампион треба карактер, муда и победи, а не таканаречен убав фудбал.
 
Камен планина му падна на Артета кога свирна крај судијата, ќе ги попареа за влакно. Никако не смеам да се опуштат и да излезат ревијално против Палас и Барнли, поготово Палас, еднаш му скинаа капа на Ливерпул ако не се лажам
ne se lazis liverpul vodese 3-0 pa na kraj za samo 10 min primi 3 gola i zavrsi 3-3 , a prethdnata utakmica se lizna stivi g so celzi i doma izgubija 2-0 , luiz suarez bese strasen ta sezona rasturi :)
 
Ау, доста комплекси наметнал Арсенал на темава :pos:
Ама вака ним им давале, ама не им свиреле, ама не ти знам што.

За секој шампион, секогаш, секаде може да се најдат замерки.

Арсенал ако освои ќе е сосема заслужено и уште повеќе што ќе освои со игра која самите фанови на Арсенал ја презираа и беа горди на нивниот "убав" фудбал што им носеше повремени блесоци против Норвич, но ги частеше и со порази како 8-2, 5-0 и 10 примени голови во двомеч.

Уште еден доказ дека за шампион треба карактер, муда и победи, а не таканаречен убав фудбал.
Се што напиша ти е погрешно
 
Си ја утнал поентата топчињата константно плачат судиите биле против нив.

Back
На врв Bottom