За нормален родител, нема. За некој што го трауматизирал сопственото дете, не сакам да претпоставувам дека и детето физички го малтретирал, не знам. Во секој случај, законот не го интересира како тој се чувствува по тоа прашање.
Не морам да те познавам, твоите ставови те го опишуваат. Но тоа не е битно.
Колку наивно гледаш на правото само да ти доловам со еден познат случај во светски рамки - O.J. Simpson. Човекот се извлече на техникалии и на политички момент кој одеше во негов прилог, иако сите знаеја дека е виновен. Години подоцна заглави за некаква кражба, на предмети кои тврдеше дека биле негови а сакал да ги врати. Го обвинија по неколку точки и му закачија 33 години казна, што никогаш не би ја добил за такво дело. Не постапија по право, но ја задоволија правдата.
Така одат овие работи, и никој не се пењавеше дека било неправедно, затоа што знаеја што стока затвораат. Можеби и ти треба помалку да се секираш за Стојанче, пардон, за законот...