Даjте сериозно... Ви недостига ли Jугославиjа?

Потоа имаме луѓе кои биле деца и/или тинејџери и им останале спомени за релативно безгрижна младост а по самостојноста гледаат родители во стечај, нема веќе одмори на море (макар Макарска) и ете носталгија.

Опциите во медицината денес се неспоредливо повеќе од тогаш.

Точно дека медицината е неверојатно напредната но за кај нас само ако имаш пари и/или врски.
Во тоа време повеќе луѓе не добивале повеќе од селскиот лекар

Ова едноставно не е вистина, член на моето семејство преку матичен до специјалист и на крај е пратен на лекување во ВМА. До болница во Скопје секој можел да биде пратен.

А прашај од помалите градови каква е разлика тогаш и сега.
 
Моиве родители да ги прашаш ќе ти речат сега се живее многу подобро од тогаш

И двајцата се родени на село, вода тогаш ако ти треба ќе одиш да полниш километар подалеку за пиење или за перење алишта на раце. Како деца на нива уште од 6-7 години замачени до максимум а сок или чоколадо ќе видиш единствено ако дојдат гости, и тоа ако остане нешто од нив инаку тешка работа да купиш. На школо со чизми и искроени панталони, фармерки тек во средно и тоа 1-2 пара за одмор како деца нема шанси тоа важело само за градските чии родители биле по администрација или некој од појаките фабрики. Дури и во брак како млади родители после максимум на одмор до Охрид, Дојран во кампови од фирма со дотраено ренолче

Сега е тотална друга ситуација, е сега што сме материјалистички ориентирани генерално сите па сакаме коли од 20-30 илјади евра, одма во рани 20ти години нов стан, телефони од 1000 евра и се споредуваме со Германија во стандардот е друга работа :)

Да имаме малку посаглам власт и политичари ќе биде многу подобро ама каков народ (прост) таква и власт..
 
Опциите во медицината денес се неспоредливо повеќе од тогаш. Во тоа време повеќе луѓе не добивале повеќе од селскиот лекар
Муабетов ти е, сега иаме компјутер, тогаш немаше, следствено оваа држава е потехнолошки развиена од таа.
 
Муабетов е ако скршиш нога во тоа време одма те убиваат за да ти ги скратат маките. За загноена рана веројатно ја сечеле.

Мене со мојата зздравствена книшка мојте ме носеле на лекар во Хрватска и во Црна Гора.
 
Дај факти, ти кажуваш твоите работи се факти, кои факти, ГДП, просечна плата, слобода и можност за движење, доверба во систем? Не, збориш за купување на фармерки, редици за бензин, комшо добил повеќе, нема факти, до голем степен се хејтерски емоции. Ја не сфаќам да речеме некој под бумер зашто би бил југо-носталгичар, ама и не ми е баш јасно зашто некој е југо-хејтер зашто ништо лошо не излегло од таа држава. Мислиш ако не била Југа, ќе бевме независни, немаше да сме Блгарчета или да викаме опа дур кршиме чинии? Објасни од кај ти иде толку хејтот. Носталгијата на старите ја разбирам, хејтот на помладите, не го разбирам.
Темата е дали ви недостига.

Со југа независни сме биле?
 
Муабетов е ако скршиш нога во тоа време одма те убиваат за да ти ги скратат маките. За загноена рана веројатно ја сечеле.

Мене со мојата зздравствена книшка мојте ме носеле на лекар во Хрватска и во Црна Гора.
Здравството беше скроз бесплатно на цела територија на сфрј без оглед кај си на лекар и лековите во аптеките, се плаќаа само лекови без рецепт.
Отпосле при крај воведоа партиципација
А имаше и стварно добри доктори (првата генерација тие што стварно научиле) нив ги наследија понеспособни нивни синови и ќерки ...онака ко семејна традица да се биде доктор без обзир те бива или не.... важно бел мантил да облече.
Сега сум приметил.... за обична настинака ти препишуваат куп рецепти и едно чудо витамини.... кога ќе влезеш во аптека се крстиш колку тоа кошта, маме им ебам врзани се со фармација од каде изгледа нешто добиваат.... а настинка се лечи со „чајче и рум“
 
Ајде сега објасни зошто мораше да одите до крајот на светот (Трст) за едни мочани фармерки? Да ви се серам на младоста :гомце:
@fennel е повозрасен човек кој живеел во тоа време. Дали вака разговараш со тие луѓе очи вочи? Не те личи.
 
Што ти го подобрува животот кога Дарко Панчев коментира фудбалска утакмица со зборовите: да, да... види тоа е класика...да.

Не знам во што било подобро образованието тогаш од денес?
Можеби мислиш на присуството на предметите: марксизам или одбрана и заштита кои биле присутни во секое средно и високо образование?

Здравството си е исто ко тогаш, само минимално е подобрено ради еволуциски текови.

Ако ти сам си го склопиш мебелот од ИКЕА дома. Дали си ти "производител" на мебел?

Штета што Ристо Шишков не е жив да проговори за безбедноста во тој систем.

"Култура" каде 90% од литературата, филмовите се на тема перење на мозок со партизански филмови. Каде малолетници требало да земаат пушка? Тоа дали е во ред?
Па не е животот само јади, пии и спии. Не е најбитен спортот, но истиот е показател дека имало спортска култура, се вложувало во клубови и младината, се граделе спортски објекти, тие спортски резултати не паднале од небото ами некој работел и вложувал во нив, спортот е гордост на една држава.... а сега сме на дереџе да ти е срам да гледаш утакмица, да покриваш очи кога нашите настапуваат на олимпијада до која дошле со ваучери, ми се гади од девизата ,,битно е да се уцествува,,....
Денес имаш неписмени деца кои завршиле средно образование, да не збориме за тоа какви кадри излегуваат од факултетите приватни и државни, изотворени по разни свирипичина каде ниту професорите не се писмени не пак студентите... денес факултет не завршил само тој што не се запишал и не докторирал само оној што не сакал.
Здравството.... незнам што да кажеме, ете имаш и судски процеси, некои завршени некои во тек... а илијадници случаи воопшто не гибнати...мито... неможеш да дојдеш на ред за операции, снимање, специјалисти, лекари издрогирани.... Техничката опременост секако неможе да биде на нивото од од пред 36 години но ако збориме за стручност, компетентност, достапност на услугите и лекарствата.... не сме ни до колена на здравството во југа.
Производството сегашно е срамота да го споредуваме со производството тогаш. Денес имаш 90% увоз а 10% извоз, додека во југославија беше обратно. За 40 години југославија се изгради од пепел до огромни фабрики и капацитети, рудници, електрани, патишта, водоводи, болници, клиники, школи, градинки, пруги, хотели, згради, војски, полиции, академии, театри...... до нуклеарна централа. А сега за 36 години имаме изградено едно големо ништо и тоа со старт од држава со сите нишани а не од пепел како што стартувала југославија после војната.
Во културата, еве освен Венко Андоновски и Горан Стефановски (иако и тие се JUS производство) кажи кои пасатели ги имаме денес а кои може барем насон да се споредуваат со Славко Јаневски, Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски, Малевски........ Од филм, освен лајна како Џипси Кинг и пар слични на него немаме ништо, денес едни Солунски патрдии не можеме да направиме. Да не збориме за денешното ниво на театрите, операта и балетот, оркестрите... да не споредуваме фестивали, еве пример спореди макфест од било која година до таму 90та со макфест од било која година после 90та...
Безбедноста, еве ако си од времето на југославија сигурно можеш да се сетиш колку наркомани си познавал тогаш а колку сега, колку убиства има денес, колку кражби, колку силувања, колку педофилија....... колку кочани, дурмо, модуларни, смилковско, куманово, вејце, палчовци.......... имало тогаш а колку сега.
Не дека била југа идеална и дека во неа немало идиоти и идотизми што системски што човечки, но генерално денес не сме и ниту до колена.
Аргументи како ама тогаш иделе луѓето до трст по фармерки или имало бонови за нафта се идиотизам. Се идело по фармерки оти се штитело домашното производство и девизите се трошеле на работи кои не ги произведуваме а не за увоз на фармерки. Кога почнале да се произведуваат у Југославија никој веќе не одел у Трст. Нафтена криза било секаде не само у Југославија, па ете како мерка имало бонови за нафта и големо чудо, а никој не збори за тоа што у југославија никој не ставаше гориво како денес за 1000че или 500че ами сите точеа цел резервоар, оти можеа.
 
Сето ова што го напиша се должи на тоа што тогаш се живеело во мрак и цензура, а денес интернетот си го прави своето.
 
Глобалната економска криза 1980те ја здрма Југославија гадно а рецесијата во 1990 ја дотепа.

Посебно што тие кризи доведоа до затварање на многу работни места на запад па во Југославија се враќаат стотици илјади гастербајтери кои го оптоваруваат системот и уште полошо веќе не праќаат пари који предходно ја амортизирале економијата.

Се работело за стотоци милиони до милијарда долари (тогашни долари) кои секоја година влегувале во економијата и кога одеднаш ги снемало се зголемуваат проблемите.

Словенија и Хрватска како нето придонесувачи во буџетот почнуваат да си мислат „зошто да плаќаме за Македонија, Црна Гора и Косово“ и почнува крајот.

Милошевиќ и компанија само ја коваат последната шајка во ковчегот.

Може имало мала шанса (5%) да се опстане ако се продолжеле реформите на Анте Марковиќ но веќе било доцна.

Фактички економските реформи требало да започнат во 1970-те за да има реална шанса да преживее Југославија.
 
Реформите беа предложени 1965, на време, ама врвот реши дека е поважно да се има мир во куќа!
Некои од авторите и подржувачите на тие реформи беа преместени во задна клупа и на тоа заврши! Реално и со реформи и без реформи Југа како спој на католици, православни и муслимани имаше мали шанси да се одбрани од националистички базирани програми за раскол.
Би шта би, Босанците го окркаа највеќе, ни криви ни должни :cenzura:
Автоматски споено мислење:

@fennel е повозрасен човек кој живеел во тоа време. Дали вака разговараш со тие луѓе очи вочи? Не те личи.
Не сакав да потпалувам! Најверојатно и неговите родители се моја генерација или трошка постари, а да им се насереш на младоста на родителите, е веќе тоа е психијатриски случај! Не ти требаше да го цитираш, ама кога веќе почна муабетот, тоа е тоа!
 
Последно уредено:
Опциите во медицината денес се неспоредливо повеќе од тогаш. Во тоа време повеќе луѓе не добивале повеќе од селскиот лекар
...затоа сите се штракнафте со антиковид генетска вакцина, од толку знаење што е вакцина и како тоа се изведува вакцина на вирус кој мутира секојдневно, па сега ќутенката од ненајдена смрт и автоимуни заболувања, инвазија на канцер и што уште не, што ако здравството напредна кога едноумието остана, како еден така сите, еден за сите, сите за никаде, да живее тогашниот селски лекар, вода можете да му носите!
 
I kako e ova razlicno od drugi drzavi na primer?
Ајде убаво размисли во однос на прашањето за креирањето на капиталот, преселувањето/раселувањето и висината/стапката на јавниот долг. Пример, нашинците, привремено или трајно, одат во другите држави, таму придонесуваат кон креирање на капитал, по кој се плаќа данок, од каде се црпат средства за подмирување на долговорите. Пример. Ние имаме се помалку и помалку население. Со тоа, генерално, имаш и се помалку и помалку работоспособно население кое може да креира капитал. И ова не е се, секако, администрацијата, државна или јавна, има голем апетит, со кои тектонски не може да се носи целокупниот буџет на оваа држава. Пензискиот фонд и социјалните трансфери се другите забоболки на нашето модерно политичко општество. Еден ден ќе дојде време за враќање на кредитите, прашање е кој ќе остане да ги враќа. И нормално, наменските кредити се реализирани и за други цели, крпење на буџетски дупки, ама претпоставувам дека ова не е проблем за третата држава по економски перформанс во Европа.

Имам и друг пример, ние пишуваме на кирилица, а тие на латиница. :backa:
 
Back
На врв Bottom