Како добивале се Јанезите ако не ги бивало и ако не излобирале? Они и во 2 светска војна си бркале работа преку Кардељ.
Ене наведов 2 прости примера (кечап и вино) кои со години ги правеле и никој ама никој од нашите да не им текне?
Како дете со мојте ја пропатувавме цела Југославија (со нашата застава 101

) и од тогаш мене ми остана во сеќавање дека освен автомобилите и натписите Словенија не се разликуваше од Австрија. Селата им беа како од цртан филм.
Ако добро се сеќавам планирани биле 4 нуклеарни централи, Кршко, една на Сава после Загреб и 2 на Дунав но кризата во 80-те ги сопира плановите за да се откажат комплетно после Чернобил што можеби е среќа ако земеме во обзир какви стручњаци не водат и како се се поствува со врски.
Кај нас (додуше од ова патеше речиси цеја Југа) патевме и сеуште патиме од
негативна селекција, значи професор за асистент ќе земе малку помутав од семе з да не биде надминат, потоа асистентот кога ќе стане професор ќе земе малку помутав од себе............
Исто и со политичарите и ете кај сме. И ден денес е вака низ цела бивша Југа.
Инаку споредбата со Најдобрата Кореа не е точна.
Еве од моето семејство, баби и дедовци селани родени и израснати во сека како во среден век, првиот грамофон предизвикал паника како можма црна магија, нивните деца (моите родители) завршиле факултет, купиле автомобил и добиле свој стан, јас како дете во Југа сум летал во авион заедно со мојте. Ова кај драгиот водач е научна фантастика.
Затоа постарата генерација и недостига Југа, од рушевините на втора светска војна гледале со свои очи како се гради и развива, болници, школи, факултети, академија на науки и уметности (а 36 години пред Mану 80 - 90% неписмено население)
Нормално заради горенаведените карактеристики на одговорните 90% било сигурно да пропадне но ги разбирам постарите зошто им недостига. Посебно ако ги согледаме “успесите“ на нашите водачи од самостојноста наваму.