Даjте сериозно... Ви недостига ли Jугославиjа?

Не се инаети...бонови имаше, јас ги имам видено. Т
Е да де.... си ги видел ко што и господ го имаш видено. :D
Автоматски споено мислење:

Ако баба ѓупка лаже, траг не лаже! :icon_mrgr:
Прегледај го приврзокот 477016
:pos: :pos: и лоз си опнал

1983 година .....
...сега кои слики ти се точни .... овие или онаа од пред некој пост? а за иста година се

Фино погледни го бонот за бензин погоре .... напишан е на 4 јазика .... хрватски, српски, словенечки и македонски што било обавезно по закон...
 
Последно уредено:
Е да де.... си ги видел ко што и господ го имаш видено. :D

Бонови се гледаат со телесно око, а Господ Бог се гледа со духовното/разумското око.

Јој разлике!...Драстичне...
 
Па и ја со духовното/разумското око. гледам дека сум залегнат на плажа на Хаваите, со две цицлести и пијам добар коктел:ајнапиво:
 
Последно уредено:
Па и ја со духовното/разумското око. гледам дека сум залегнат на плажа на Хаваите, со две цицлести и пијам добар коктел:ајнапиво:

Стипса...и не ме каниш у друштво (може и без коктел...)?

И ја‘ и‘ам духовно око, на кое му треба „содржина„, јали за гледање, јали за други дејанија...:(
 
Нема знаци дека бил наклонет кон хрватите.

Нема врска дека јанезите излобирале подобро пошто нема никаков аргумент да градиш нуклеарна центрака на Сава а не на Дунав, како што се и повеќето нуклеарни централи во Европа!

Јанезите не се покажале ниту како продуктивни научници. Тие само добивале "представништва" и канцеларии за обирање на "кајмак".

Еден е моментот кога македонците се оставени на цедило во Грција.

Додека за Трст и тоа против една Италија која е стратешки и економски поголем играч и фактор од една Грција, се крена ЈНА и имаше кршење копја за да се земе територија.

Тоа "братство и единство" било жими к**.

Не дека немало кај нашите комунисти паметни луѓе, едноставно играта била против нив!

Најчудни ми се типовиве ко таксист кои во денешно време сеуште ја фалат таа куротресина од држава!
Прегледај го приврзокот 476997

Како добивале се Јанезите ако не ги бивало и ако не излобирале? Они и во 2 светска војна си бркале работа преку Кардељ.

Ене наведов 2 прости примера (кечап и вино) кои со години ги правеле и никој ама никој од нашите да не им текне?

Како дете со мојте ја пропатувавме цела Југославија (со нашата застава 101 :D ) и од тогаш мене ми остана во сеќавање дека освен автомобилите и натписите Словенија не се разликуваше од Австрија. Селата им беа како од цртан филм.

Ако добро се сеќавам планирани биле 4 нуклеарни централи, Кршко, една на Сава после Загреб и 2 на Дунав но кризата во 80-те ги сопира плановите за да се откажат комплетно после Чернобил што можеби е среќа ако земеме во обзир какви стручњаци не водат и како се се поствува со врски.

Кај нас (додуше од ова патеше речиси цеја Југа) патевме и сеуште патиме од негативна селекција, значи професор за асистент ќе земе малку помутав од семе з да не биде надминат, потоа асистентот кога ќе стане професор ќе земе малку помутав од себе............
Исто и со политичарите и ете кај сме. И ден денес е вака низ цела бивша Југа.

Инаку споредбата со Најдобрата Кореа не е точна.

Еве од моето семејство, баби и дедовци селани родени и израснати во сека како во среден век, првиот грамофон предизвикал паника како можма црна магија, нивните деца (моите родители) завршиле факултет, купиле автомобил и добиле свој стан, јас како дете во Југа сум летал во авион заедно со мојте. Ова кај драгиот водач е научна фантастика.

Затоа постарата генерација и недостига Југа, од рушевините на втора светска војна гледале со свои очи како се гради и развива, болници, школи, факултети, академија на науки и уметности (а 36 години пред Mану 80 - 90% неписмено население)

Нормално заради горенаведените карактеристики на одговорните 90% било сигурно да пропадне но ги разбирам постарите зошто им недостига. Посебно ако ги согледаме “успесите“ на нашите водачи од самостојноста наваму.
 
Како лобирале? Ајде објасни.
Што нуделе и што не можело без нив?

После толку години толку да го оправдуваш тој систем се гледа дека и од авион си од тоа најцрвеното на таа мапата што си ја постирал!

Кои успеси ги имал Тито освен градењето на голи оток и плаќање морални глумици од холивуд со народни пари?

ЈНА се виде во 90тите колку беше технички спремна. Инфраструктурата во МК беше катастрофална (кал, еден автопат и "регионален пат" едвај две фиќа да се узминат)
 
Абе не е за плачење Југославија, ама сега кај живееме...остај, ко што кажа еден наш политичар, први во свет втори во Европа по економски пораст, кај и да е ќе дојдат скандинавциве на печалба.
 
Јас не велам дека сега е мед и млеко. Муабетот ми е дека за да го фалиш тоа време, треба нешто да не е во ред со дотичната особа.
 
Зашто? Стариот мој си го пее тоа време, млад бил, шетал, имал каков таков кеш у џеб, вика од транзицијава навака сме заложници на една измислена држава, а и за него е така, ништо убаво не видел, летал од работа, а и остарел, фактор што секако помага да гледаш полошо на работите. Сакам да кажам, апсолутно го разбирам, јас лично не можам да кажам, мал бев коа се распадна, ги видов само ефектите на распадот. Можам само да кажам дека ако оваа творевина се распадне, нема многу да сум носталигчар.
 
Во оваа творевина 30 и кусур години живееме нон-стоп под стрес.
Се сме во некои очекувања кои никако да дојдат.
Го чекаме Годо.
 
Како лобирале? Ајде објасни.
Што нуделе и што не можело без нив?

После толку години толку да го оправдуваш тој систем се гледа дека и од авион си од тоа најцрвеното на таа мапата што си ја постирал!

Не оправдувам, само коментирам дека ги разбирам постарите зошто им недостига. Од ретроспектива распадот бил неизбежен но стварно ги разбирам постарите.
Од среден век за 20 години имале болници, школи, патишта и телефони.
Како не ти е јасно дека се носталгичари?

Па во Хрватска уште за Австроунгарија зборат со носталгија еј.

Како ти објаснуваш дека повеќе им е дадено на Словенците? Нашите се паметни, добри и поштени и за инат не закинувале од Белград?
 
Го хакнале "паметниот" ќорави загорац.

И другите држави во регионот имале многу повеќе од нас и без ќоравиот загорац. Што укажува дека се работи за нормални економски тековни случувања
 
Под хакнале мислиш излобирале не некој начин ;). Никој не им забранувал на нашите да прават кечап и со тоа пари но ете на кој да му текне.

Едноставно (мое мислење може грешам) они помалку пателе од негативна селекција од нас, имале подобра стартна позиција со образувани кадри и имале далеку по-образувано население од нас.

Македонија во буџетот на СФРЈ учествувала со 4 - 5% и била нето примател од федералниот фонд за не развиени територии.

Само да повторам, системот бил неодржлив и речиси невозможен да опстане, имал мноху маани и неправди. Но во споредба со се во предходните 2000 години бил далеку подобар и затоа на постарите им недостига.

А и реално политичко - географската ситуација за нас била тешка во 40-те и 50-те години, замисли независна Македонија без излез на море меѓу Бугарија, Грција и Албанија во 1950 година.
 
Го хакнале "паметниот" ќорави загорац.

И другите држави во регионот имале многу повеќе од нас и без ќоравиот загорац. Што укажува дека се работи за нормални економски тековни случувања
Кои други држави од регионот?
Бугарија, Грција Албанија...?
Автоматски споено мислење:

Колку внимание ти посветивме, а ти си само еден штрумф кој мрази се' :)
 
имале далеку по-образувано население од нас.
Кога те читам, можам да заклучам дека не само што си прав, туку и можам да додадам дека со ваков човечки потенцијал кои ние сме го имале во тоа време, воопшто не им било тешко да те седнат на самар од мазга.
Автоматски споено мислење:

Кои други држави од регионот?
Бугарија, Грција Албанија...?
Автоматски споено мислење:

Колку внимание ти посветивме, а ти си само еден штрумф кој мрази се' :)
Исклучок Албанија
 
Back
На врв Bottom