Погледни го трошењето на Арсенал во споредба со другите екипи, откако го направија стадионот. Коинциденција или не, 2019-та е годината кога Арсенал доби финансиска слобода од ратите за стадионот.
Ок све тоа ама не знам каква врска има ова со тоа што ја го зборам, и времињата на прајмот на Венгер, кои секако беа драстично различни од денешните.
Чисто кажав дека Венгер имаше страшна генерација, со една од најбољи 9ки икада, играчи со неверојатно искуство и на клупско и на интернационално ниво, со титули во двата сегменти, и споредбено со овој Арсенал у тој контекст, класи се во прашање. Па ете Артета сеа за сеа им доставува нешто што они низ цела историја до сега едноставно никогаш не го искусиле. Види им играчи сеа, со нула успеси у спортов, споредбено со Анри, Пирес, Виеира, Љунберг, Беркамп и ред други.
И велам, и покрај све, Артета е критикуван, што сметам дека не го заслужува тоа, бар не од навивачите на Арсенал, други што сакаат можат да зборат небитни се.
Венгер постави темели, ама Артета почнува да гради нешто во доста деликатно време на негов начин, кога тимот беше доведен до некое, за нив, фудбалско дно, додека други тимови истапија и доста се одвоија пред нив, и притоа без разлика што троши, а тоа патем е неопходно во оваа лига, Англија е пример каде има екипи што потрошиле многу повеќе од нив па на крајот од денот тоа ништо не значело, а притоа и почнале со тоа трошење многу порано пред Арсенал да е во ситуација да парира некако.
Дискутабилно е колку на Артета на долг рок овој фудбал ќе му носи успеси, ама треба да му се оддаде почит АКО достави годинава, зашто сеуште ништо не е готово, па муабети дека ќе се најлош шампион на Анлгија, никој по ништо немал да ги памти, тотал батхрт муабети а истите што мрчат бубрег би дале нивниот тим да е на местото на Арсенал.
Ќе видиме дали ова ќе важи и за крајот од сезоната, или цела планета ќе им се смее, едно време навивав за вакво сценарио ради глупата фан база што ја имаат на островот, ама сеа сакам бар таа титула да ја земат. Да не навлагам у тоа што на Сити тотално им се прогледува низ прсти и све нешто ми налага дека бараат начини како они нема осетно да го јадат, а реално треба да ги одерат за век и векова.