na temata sum strkno da gi seram americkite kolonijalni interesi i se povrzano so niv. ne mora site da ziveeme u supakot na tramp ti i human ste dovolno da si pravime zurka so vas.
Не ја пратам дискусијата, и не му реплицирам на кано само се надоврзувам
Окото ми ја фати оваа фраза - колонијални интереси, па да кажам некој збор за тоа.
Колонијализмот веќе одамна не е присутен, барем не во онаа изворна форма и форма која е детирминирана од самиот збор. Можеби нео-колонијализам е поблиску до реалноста но и тоа не е прецизно.
Сите колонии се слободни, но не и народите во тие држави. Што ако Уганда се ослободи од Англија, а на нејзино чело дојде Иди Амин? Индија беше под Британска колонијална власт и анличаните ги експлоатитаа Индијците. Но истите тие ги експлоатираа и самите англичани, селаните, работничката класа, децата работеа, Чарлс Дикенс тоа добро го опиша.
Да ли народите во Африка, Азија, Европа, Ј и С Америка се слободни? Не се, далеку од тоа.
Сите се под чизмата на странски и домашни крупни капиталисти, богаташи, олигарси, итн.,, разни Маск=ови, Тил-ови, Дерипаско-ви.. .Најблиску до еднаквоста беа државите во северна европа, со тн перламентарна социодемократија, социјализмот кој имаше таква идеја пропадна. Пропаѓа и социјал демократијата. Светот се врати назад
Тоа е вистинската борба, ослободувањето на народите и обичните луѓе. На овој форум (освен Јузе) сите ние сме обични луѓе. Олигарсите измислуваат културни војни луѓето да се борат против несуштински работи а не она што е битно - намалување на класните разлики.