Даjте сериозно... Ви недостига ли Jугославиjа?

Тука требаше да застанеш!
Среќа постои интернет и постојат усташи, четници, верници, русофили, националисти и антикомунисти па дознаваме нешто и од другата страна на паричката.
 
Постирај слики кога си шетал со СФРЈ пасошот низ Монако, Барселина, Санта Моника, Владивосток или Кјото.
Грешен човек тагна за ова :rolleyes:

По шетан е од тебе докторе у њемачка ;)
 
Среќа постои интернет и постојат усташи, четници, верници, русофили, националисти и антикомунисти па дознаваме нешто и од другата страна на паричката.
За жал ние ни оваа страна од паричката не ја знаеме, не па другата! Интернетот е како историјата, пишувана од победниците и за оправдување на стореното!
 
„На триесетти јуни повторно се сретнав со Тито. Се интересираше дали сме задоволни од разговорите. Јас му кажав дака разговорите се едно, а друго е што навистина ќе се направи и дака за задоволство ќе зборуваме подоцна кога ќе се остварат ветувањата. Тој пак ми повтори дека при првата можност ќе проговори и ќе се заложи за обединувањето на Македонија и на македонскиот народ:
Ќе видите оти нема да Ве изневерам. Ова не се празни ветувања. Еве Ви една моја фотографија за спомен, како залог за она што Ви го ветив. Ако Ве изневерам, ќе можете да покажувате кој Ве изневерил.
Ја зедов фотографијата, на која беше со маршалска униформа и на која имаше напишано: За спомен на соборецот, другарот Методија Ченто. Тито. 30.lV. 1944.“

„Во стара Југославија, Србите, за време на окупацијата на Бугарија, ме заплашуваа со убиство, но никогаш не се надевав дека и Македонци ќе ми се фалат со убиство.“
Методија Андонов-Ченто,
Од „Жалба од Методија Андонов Ченто осуденик на КПЗ Идризово“, до Окружниот суд Скопје До Врховниот суд на НР Македонија, од 4 декември 1947 Скопје

Нека трепка тука

Ние не сме криви што Тито се откажал од единство на македонскиот народ

Додека траела војната - разни ветувања!
Заврши војната, апсана за тие што се бореле за обединета Македонија

Што убаво си кажал браварот - покажувајте кој ве изневери!
Автоматски споено мислење:

Грешен човек тагна за ова :rolleyes:

По шетан е од тебе докторе у њемачка ;)
Чичко фенел е закон, само многу го мава на лошо носталгијава - мисли дека некој сака да му ги одземе убавите моменти - што не е вистина
 
Чичко фенел е закон, само многу го мава на лошо носталгијава - мисли дека некој сака да му ги одземе убавите моменти - што не е вистина
За чудо не сум носталгичен, само не можам да трпам лупање во празно! Баш како за кебапите е!
Инаку јас сум од село кое било едно од најпресираните од таа власт, јок нормално школо, јок државна работа, ништо. Единствени кои на првите избори гласале против Титета. Па после недела ќотеци од удба, повторено гласање и лажирање како што треба!
За време на колективизацијата исто, Сокол со одред со автомати и митралез ги чекал на излез, пак судење, пак тортури. Четворица мои соселани лежеле во Идризово, еден починал тројца се вратиле покасно. Еден од нив бил до ќелијата на Ченто.
Нам последни струја ни доведоа, последни асфалт и автобус добивме.... на крај како во приказната јал не јал три и пол, како и сите села се растури и нашето.
Мислам на Ацесо и пишав како пројдов во социјализмот, пак ви велам: секое време треба да се мери со тогашни аршини. Јас го гледав капацитетот на државата, не што сум успеал да ќарам од неа.
 
Што има врска? Мене во многу моменти ми недостасува дедо ми. А почина човекот една година пред Стариот. Недостасување е растеглива категорија, зависи што! Луѓето дискутираат, по разни причини. Тие кои ја живееле по времето, вторите се прават паметни, а муабетот им е од типот: јас кебапи немам јадено, ама брат ми ми има кажувано, на некој негов пријател братучед му јадел и биле многу вкусни.
Инаку повеќето овде кои бистрат политики и се шаренеат по темава не биле ни во план кога Југа беше Југа.
Трето, не им недостасува на луѓето СФРЈ, ЈНА и губење година од животот, тоалет во двор, бањање во корито.....
На тие кои го живееле тоа време им недостасува младоста, времето кога се’ што јаделе и пиеле им било вкусно и превкусно, кога имале 20 години и џумка кај шлицот ;), екскурзиите од средно, апсолвентските од факултет.....Цвета на комшиите, капиш?
Како и дедо ми, така и Југославија ќе си остане во спомените, ама ќе дозволите тие спомени можат да бидат и убави, не е забрането!
Пријателе имај си какви сакаш сеќавања, никој не ти брани.

Малку ми е демоде и апла бош муабет да зборуваме за држава која не постои цели 35 години. Не можеме да живееме ни во минатото ни за минатото. Каква таква држава си имаме и треба да се фатиме конечно за работа и да ја изградиме во пристојно место за живот. Прикаските како било, а како не е сега, не верувам дека ќе ни помогнат за сегашните проблеми.

Плус: која е потребата да се споредува држава од 6 републики и 22 милиони жители со државче од 1,8 милиони?
 
Прашавте, кажав што знаам.
Остај што ломотам тука како било, со уште поголеми напори се трудам ова сега да го биде, како и што велиш.
Не отидов во пензија, сеуште сум ментор на многу млади колеги.
И така ќе биде додека ми дозволат, оној одозгора или овие одоздола.
 
Уште една битна работа што не смее да се заборави, (не)писменоста што е наследена од Кралството Југославија.

Точно гледаш каде била Отоманската а каде Австроунгарската империја.

1777970583201.png
 
Уште една битна работа што не смее да се заборави, (не)писменоста што е наследена од Кралството Југославија.

Точно гледаш каде била Отоманската а каде Австроунгарската империја.

Прегледај го приврзокот 476953
По оваа логика требаше нуклеарната централа да биде изградена во Војводина по сите нормални стандарди за ладење на нуклеарните реактори по текот на реката Дунав.

Ама прц!
 
По оваа логика требаше нуклеарната централа да биде изградена во Војводина по сите нормални стандарди за ладење на нуклеарните реактори по текот на реката Дунав.

Ама прц!
„Стариот„ непрекинато беше наклонет пред се‘ кон неговите (кон Хрватска) па кон Словенците (ради Кардељ), а се‘ друго беше покриено со памфлети и флоскули.

Еден српски новинар провалил своевремено дека при градењето на нуклеарката во Кршко, „некој„ решил да „скрати„ на трошоците па капакот од реакторот имал намалена дебелина, не според проектот, а тоа како последица има повелечно „протекување„ на нуклеарно гориво во околната средина.

Не случајно нуклеарката ја делат Словенија и Хрватска, не Македонија и Црна Гора, кои се третираа како „недоволно развиени републики и подрачја„ и примаа помош од федералниот фонд за „неразвиени„.
 
По оваа логика требаше нуклеарната централа да биде изградена во Војводина по сите нормални стандарди за ладење на нуклеарните реактори по текот на реката Дунав.

Ама прц!

Да но Јанезите излобирале подобро.

За жал нашите “власти“ во Југославија не беа доволно интелигентни и далекувиди (а мрзливи) и затоа Словенците купуваа од нас домати со вагони го гмечеа и ни продаваа кечап.

Исто купуваа вагони цистерни вино, го преточуваа во шишиња и го пласираа како Словенско вино.

Така да има смисла мапата.
 
Back
На врв Bottom