Е па да ти кажеше некој во 1980 година дека Советскиот Сојуз се распаѓа веројатно 10 години подоцна реакцијата ќе ти беше ваква: нека пропадне веќе еднаш.
Е па пропадна кога најмалку се очекуваше, имаше референдуми низ целиот СССР за сочувување на советската држава, мнозинството гласачи гласаа ЗА, и сепак се распадна.
Во ЕУ се попаметни, секој пат кога некој референдум ќе заврши со непосакуван резултат за еврофашистите истиот мора повторно да се одржи, а ако треба и повторно и повторно се` додека не се добие посакуваниот резултат. Бидејќи гласачите погрешно гласале.
Исто и со изборите во државите членки на ЕУ, најтазе пример се претседателските избори во Романија кои се одржаа во 2024 година, за потоа да бидат откажани и повторно одржани во 2025 година со посоодветни и поприфатливи кандидати за еврофашистите. Повторно бидејќи гласачите погрешно гласале или биле залажани.
Ако таквата структура ја сметаш за нешто одржливо тогаш со лесно.
Јас лично верувам дека тоа е рецепт за пропаст и прашањето не е дали, туку кога ќе се распадне таквата структура. И да, исто како и Советскиот Сојуз, ЕУ ќе се распадне кога тоа најмалку се очекува.