Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Taka e kaj povekjeto, samo si praat bajram so pametot.Се жениш/мажиш секаш да прославиш, да ги почастиш блиските, затоа и настанала свадбата.
Мене само прво колено фамилија ми се 50-60 души, со кумови, другари, пријатели ќе отиде и 100 ко ништо. Немам ни опција за свадбичка ко што спомнувате по темава![]()
Poise greski se praat na kirilica na mob, mozhda e radi navika, ama toa e.Процедурално: како е полесно, ајде објасни да разбереме што е проблемот со еден свајп налево или надесно да се префрлиш од латиница на кирилица? Во што е тешкотијата да пишуваш на свое писмо, не се доволно широки буквите, не се гледаат убаво или што...?
Мајка ти е паметна жена, и моите се против свадби. Башка, малер сум, од сите свадби на кој сум бил, само два пара не се разведени. Едните се разделија после недела-дена. Боље веќе и да не одам, не па да правам.Кој како милува и како му е убо на душата.
Јас лично не сакам како што ги прават сега кај нас во тие халите со 300/400 гости, и сите свадби исти под конец без отстапки, исти песни, исти аранжмани, иста храна, све исто.
Ќе поканат и шуто и рогато, со пола не ни се познаваат не знам како успеваат сите да ги поканат па и овие будали да му одат
Со пола од нив зад грб си зборат ама ако така чинело. Па кога ќе почнат старите да се мешаат околу гостите е тек тоа ми нема смисла.
Јас лично ако би правела свадба треба минимум 500 луѓе, ептен голема фамилија сме и од кај татко ми и од кај мајка ми.
Од секогаш сакам помали прослави во некоја летна тераса со културна музика и се така аранжирано ама од друга страна нашите обичаи се поинакви па не ми се поклапа некако.
Сакам класична Македонска свадба со сите стари адети, како галичка свадба, и не знам зошто со тек на време тоа се изгубило, имаме прекрасни обичаи и не си ги негуваме.
Друго, трошоците, алоооо дали имате видено ценовници на се што е поврзано со свадбата, една торта 20.000/30.000 денари, па музиката, па аранжирање, па фризура и фустан, па сликар, дали се нормални со цените ???
Па со тие пари учество за стан ќе си уплатам или некое екстра патување кое ќе го памтам цел живот.
Апсолутно сум против ова, моите родители уште повеќе, мајка ми секогаш ми велеше, каква свадба оди таму шетај, ќе ги раниш ќе ги полеваш и други ден муабет нема да ти направат, во право беше.
Откако се породив пола од тие што ми беа на скратен список за крштевка ги нема за живи да прашаат како е детето, јас ќе ги канам, абе одма чкртам од животот и чао
Здравје планираме крштевка само во црква и семеен ручек, наместо тоа тројцата да одиме некаде на патување и мислам дека тоа ќе е најдобрата одлука.
Пак ќе речам секој како што му е ќеф


А после тоа следи ова:Свадба се прави за старците, дури и кога кажуваат дека не сакаат, а кажуваат така за да им угодат и да не набиваат притисок на децата што не сакаат свадби. Филм им и е, и заслужиле да бидат испоштувани.
Голтнете ја кнедлата и не јадете говна.
Како стигнавме од свадба со 500 души, до неженење/немажење без деца.. да ми је знатиА после тоа следи ова:
“Еве на Весна ќерката трето чекаат, не можеш куќата да им ја преслушаш од смеа”. Тензии невероватни. Притисоци.
Остајте си ги децата раат бре луѓе, кој како си сака така нека си го управува животот. Некои работи може и да не ги сака, ама ете сплет на околности и судбина јбг. Па и ако остане немажено/неженето, без деца, не е крај на свет. Светот нема да престане да се врти ако некое сценарио не се оствари до детал.

не знамКако стигнавме од свадба со 500 души, до неженење/немажење без деца.. да ми је знати![]()
А после тоа следи ова:
“Еве на Весна ќерката трето чекаат, не можеш куќата да им ја преслушаш од смеа”. Тензии невероватни. Притисоци.
Остајте си ги децата раат бре луѓе, кој како си сака така нека си го управува животот. Некои работи може и да не ги сака, ама ете сплет на околности и судбина јбг. Па и ако остане немажено/неженето, без деца, не е крај на свет. Светот нема да престане да се врти ако некое сценарио не се оствари до детал.
Проблемот со тоа голтање кнедли е што со тек на време создава хронично гушење.Ништо страшно. И да позамараат-заслужиле , и таа кнедла се голта. Не те гледаат како посебен ентитет, туку како нивна екстензија.
Од све што е неумесно и што неминовно ќе го чуеш, нивното е единствено што треба да се толерира.