Колку е точно болдираното за работното време.
И јас бев Ноември, Декември и Јануари во државна болница во една од клиниките, и таму истото, јас уште во 08:10 оставив книшка со упат и документи на шалтер, и други пациенти исто оставија на шалтер, и лекарите после 09:30 се појавија со кафиња од автомати во рацете, и накај 10 часот почнаа да повикуваат пациенти во амбулантите и ординациите.
Во Јануари ги забележав тие истите докторки во 13:20 часот си отидоа на задниот влез /излез на клинички центар кај оној маркет Рептил отидоа низ онаа улица 50- та дивизија.
Доаѓаат само два денови на работа кога имаат еден ден амбуланта и еден ден кога имаат хирургија и толку.
... според Законот за Здравствена заштита, регулирањето на работното време на здравствениот кадар (и соработниците) мора да биде електронско евидентирано, инаку ќе се казни директорот на институцијата, секој влез и излез од работното место вработениот мора да го евидентира лично, ееее тоа лично ретко важи, има одреден човек во сите клиники кои „тајно“ ги евидентира електронско присуство на картиците, чипови или со што електронско евидентира, а грото доктори поради тоа покривање некој друг да им го евидентира присуството, имаат релаксирачко работно време кога како, освен на мој термин кој мора да биде точен, иако пак касни, нели навиката не може туку така да се смени.
... членот за електронската евиденција на работното време во законот, предимствено за контрола на операциони сали (да се знае кога влегуваат и излегуваат дотичните здравствени работници), во амбулантите каде се прегледуваат пациенти и во просториите каде има апаратури каде влегуваат пациенти на снимање, да се знае (па и да се види, затоа има и видео надзор кој како работа), е па тоа функционира онака де јуре, ама де факто НЕ, контроли ако некогаш се прават, се прават таму каде треба последно да се прават, каде не се присутни пациентите, или рандом здравствени работници кои не се важни во Мој термин, така да додека се применува ова вака селективно, вака ќе се однесуваат тие кои треба први да се на работни места, посебно за Мој термин!
... ако евентуално има некоја контрола за работно време и присуство, нормално „тие“ се на време на работно место според електронска евиденцијата, иако физички не се присутни, зошто друг им ги евидентира на дигиталниот апарат, ама и тоа се решава на многу лесен начин, да присуството на работно место на тие дигитални апарати биде не со картица, не со чип, туку со „прст“ е тука нема промашај, ќе си го притиснеш прстот за евиденција на работно место со единствен отисок што друг не може да го покрие, па и да го пресече прстот!
... заминувањето од работно место најчесто го прикриваат „демек службено“ за што опција има посебно во електронска евиденција за службено отсуство, ама кој да следи, тој што треба да следи, самиот е отсутен, затоа има такви каснење и нецелодневно работење на здравствените работници, најчесто докторите (има нели исклучоци), а трпат пациентите, докторите како колеги не можат да се состанат самите да се видат и да споделат мислење за пациент задолжително меѓусебно стручно консултирање, а не пак пациентите ќе ги видат во текот на денот!