Ako pomini
@Del Boy tolku od tvojata politicka kariera
Имав во замисла за претседателските избори во 2034 година да ја бркам процедурата и да собирам 10. 000 потписи. Бидејќи за тие претседателски избори ќе го исполнам законскиот услов за 40 години возраст за претседателски кандидат.
И со тоа ќе почнев 2030 година, ќе одев низ државата како што претходните неколку години Петар Маѓар ја помина Унгарија, секако тешко би имал реални шанси за потпис кај еден дел од одредени категории на населението во државава бидејќи не сме хомогена држава како Унгарија, но ќе бркав агенда низ населението каде има можност за поминување како подготовка за рокот предвиден за собирање потписи кога ќе го определат од државната изборна комисија.
Ама ако се донесе законот тогаш јас со двојно државјанство би отпаднал од можност за кандидатурата.
Сепак во државата каде имам второ државјанство, и пријавена адреса и престојувалиште и сум на избирачки список и гласам на избори, таму можам да бркам процедура за претседателски кандидат еден ден кога ќе ги исполнам таму условите за возраст, фиктивно се водам дека таму живеам и престојувам.
Од оние стотици илјади Македонци со Бугарски државјанства, адреси и престојувалишта и на избирачки списоци во Бугарија и со потпишани изјави за Бугарска припадност, да не се најдеа и организираа за на тамошните избори да имаат кандидат на избори за чисто да им одат на нерви на Бугарите е тоа ми е нејасно.
Многумина продефилираа и се кандидираа изминативе три децении за претседателски кандидати.
Има многу контакти и замарање со секакви личности како кандидат за градоначлник или за премиер, и не ми се допаѓаат тие работи како градоначалник и премиер.
Многу повеќе е мирот како претседател на државата и индивидуалноста доаѓа до израз, а и искрено кога би бил претседател на државата нема да користам скоро никакви привилегии, нема да ја користам резиденцијата на Водно, нема да користам обезбедување и возачи и службени возила, ќе бидам како оние политичарите од скандинавските држави кои на работа одат со јавен превоз и со велосипеди.
Само кога би одел во странство преку авионски превоз само тогаш или со такси до аеродром или од службата на владата би побарал ако има слободни службени возачи. Тоа би бил исклучок единствен.
Друго не ми треба од тие забегани привилегии.
А оној кандидат кој стана претседател во 2019 година, лажеше во кампањата и зборуваше дека ако го изгласа народот за претседател дека нема да живее во претседателската резиденција во вилата на Водно, а откако го изгласаа за претседател го прекрши дадениот збор и со жената и синот се вселија во вилата во Водно.
Арам да му е на таквиот даден збор.
Сепак во 2024 година тој човек на изборите доби многу малку гласови, можеби и помалку гласови тој тип освои на претседателските избори во 2024 година отколку што освои неговата партија на парламентарните избори во истата година.
Е да, тешко вакви како мене би имале помин кај народот, сепак нашиот обичен народ е навикнат на политичари кои го лажат и го манипулираат и финансиски го цедат народот.
Кај мене е зборот збор, и не го газам својот збор, си дадов збор себеси дека ќе почнам со диета и променет режим на исхрана и секако дека веќе почнав со спроведување на тоа. Ок понекогаш си дозволувам храна како на страница 320 во темата што јадете во моментов.
Нема кај мене ниту пет ниту шест.
Не сум јас како претседателот бивши од 2019 година изберен а после изборот ликот го прекрши својот даден збор.
Кај мене нема тоа.