Живеење во рурална средина

  • Креатор на темата Креатор на темата Imtechiquemk
  • Време на започнување Време на започнување
Пчеларство!
Пример:
Во 2004-2005 просек по кошница, во Пелагонија, Овче поле... 25 кила.
Сега 7-8 ако извади добар е, плус приносите се како во приказната за седумте дебели и седумте слаби крави. Разликата е што од година во година повеќе се слаби од дебели.
Ако немаш сила за интензивно земјоделство, најдобро е декар плац, куќаре, лозница, бавчиче, малку инвестиција голем ќејф.
И да љуфне нешто, компензираш со чист воздух, кафе и ракииче под сенка, скара и раат.
 
Може скапо да го чини!
Ураа, не е за такви одлуки.
Два примери, на мои очи.
Човек со шпедиција, фамилијарна. Решија да се занимават со земјоделство, убаво им изгледало, здраво и т.н.
Седевме ги прашав, комшии вие со земјоделство сте се занимавале? Нее, ама што има тука, се’ се учи. Комшија не влегувај во чевли кои не си ги носел, јок!
Земаа земја УПМ, купија механизација, нема кој да организира, во живот не виделе блок од 20 хектари. Земаа цигани аргати, ги осакатија. Накратко, се изпозадолжија, мажот почина од мозочен удар. Жена му покасно успеа да се извади од долгови продавајќи ја викендицата(вила).
Познаник, има фирма, од село растел сиромав, реши да купи стадо овци.
Го прашувам, дечко ти овци си чувал? Знаеш што е тоа и колку труд и знаење треба? Немај гајле, ќе најдам луѓе..... Купи 200 после уште толку. Ги збута во едни штали, овчари веќе 30 години нема, тој сега ќе нашол. Пола изумреа, пола успеа да ги продаде пошто зашто, загуба до плафон!
Јас ги прашувам, оти сум го кркал тој леб. Една коза да чуваш па треба да си упатен во се’. Не 2 хектари овошки.
Да живееш на село и да одржуваш имот, чесно ти кажувам умствено е еднакво на магистратура, за физички да не зборам.
Јас имам лесен фат, копање, кроење, косење...знам да работам со минимум сили и пак не се нафаќам бавча да садам, не па имот да распостелам.
Ок, ако го бива, пеки, не викам не! Затоа и го прашувам. Да не биде не сум рекол!
Izvini coek, od vakov pamet 90 posto ni e se uvezeno od hrana so somnitelen kvalitet.
Zosto da ne proba covekot, mozebi ke nauci moze ne, moze ke se pronajde, moze ne, moze ke mu trgne, moze ne vo sekoj slucaj ke dobie lekcija. Zosto da go zaplasuvas so mozocni udari, infarkti itn ko bozem e pravilo.
Ako imas iskustvo sovetuvaj go sto e najlesno I najisplatlivo da pocne ja bi rekla lesnici se isplatlivi iako se teski za gledanje ama sekako, pred se treba da se znae mestopolozbata I pogodnosta na zemjisteto.
 
Ако си психофизички здрав ништо нека не те плаши за работа и стока и земјоделие СЕ се постигнува со добра организација .
Единствено нешто на што треба да се внимава да не биде селото ептен некоја пустелија, да биде поблиску до градот со добра инфраструктура ( водовод, продавница, школо...)и да има солиден број на постојани жители по можност помлади.
Некој ќе рече не ти требаат луѓе од нив бегам од градот. Бегаш да, ама едно е кога си викенд 2-3 дена или една недела на одмор на село, ти треба одмор од луѓето, преку глава ти се, а друго е кога постојано живееш таму, потребни се за арно за лошо.
 
Па затоа и го прашав, од каде е, знае ли нешто за делото за кое сака да се зафати.
Тоа може ќе, може и не, не е решение!
Промена на животен стил е, инвестиција. Годините и парите не растат на дрво!
 
Од село си?
Си работел овоштарство некогаш?
Ако знаеш не би се нафаќал.

Родителите ми се родени на село, имаме механизација и скоро 20ха земјиште. Не сум тотален лаик и работава сега ми е поврзана на некој начин со земјоделскиот сектор, а и татко ми секогаш како дополнително работел и сеуште го работи тоа (имам помош)

Сепак мене не ми се свиѓа баш модерново земјоделство бидејки се оди на масовно производство и што пониска цена како клучен фактор за да бидеш конкурентен на пазарот. Сакам да свичнам на органско производство/пермакултура и најважно готов производ


Не бе ако таман си е, постар е човекот убаво да се слушнеш критика и малку различно мислење од друг агол
Што не значи дека ќе го послушам :)
 
Izvini coek, od vakov pamet 90 posto ni e se uvezeno od hrana so somnitelen kvalitet.
Zosto da ne proba covekot, mozebi ke nauci moze ne, moze ke se pronajde, moze ne, moze ke mu trgne, moze ne vo sekoj slucaj ke dobie lekcija. Zosto da go zaplasuvas so mozocni udari, infarkti itn ko bozem e pravilo.
Ako imas iskustvo sovetuvaj go sto e najlesno I najisplatlivo da pocne ja bi rekla lesnici se isplatlivi iako se teski za gledanje ama sekako, pred se treba da se znae mestopolozbata I pogodnosta na zemjisteto.
Сите јаткасти плодови се исплатливи, секогаш држат цена, цената секогаш е во раст и долго можат да стојат без да се расипат. Ние имаме ореви, грижа па скоро никаква, малку ѓубриво и вода како за нив, така и за останатите дрвца. На крајот од сезоната не можеме да се дочистиме, а веќе имаме и уште 5-6 самоникнати дрвца од нив кои за година-две, дел од нив, ќе почнат да раѓаат. Плус се здрави.

Проблемот е во тоа што навистина многу простор зафаќаат, стари се, и разгранети. Плус постои ризик да смрзне плодот, како и на сите останати дрвца. Пред некоја година немавме ни гол орев, што, секако, е пресметан ризик.

Дури и да ги одледуваш за себе, ко што правиме ние, по едно-две дрвца, нема да даваш пари да ги купуваш по маркети, што само по себе е добивка.
 
Родителите ми се родени на село, имаме механизација и скоро 20ха земјиште. Не сум тотален лаик и работава сега ми е поврзана на некој начин со земјоделскиот сектор, а и татко ми секогаш како дополнително работел и сеуште го работи тоа (имам помош)

Сепак мене не ми се свиѓа баш модерново земјоделство бидејки се оди на масовно производство и што пониска цена како клучен фактор за да бидеш конкурентен на пазарот. Сакам да свичнам на органско производство/пермакултура и најважно готов производ



Не бе ако таман си е, постар е човекот убаво да се слушнеш критика и малку различно мислење од друг агол
Што не значи дека ќе го послушам :)
Епа убаво штом си од фелата. Значи знаеш што те чека, не си бос.
Пред да свичнеш, напрај математика и приказна.
Ама да знаеш, нема разлика меѓу органско и масовно.
Негде плус, на друго место минус, на крај баш а баш!
 
Пчеларство!
Пример:
Во 2004-2005 просек по кошница, во Пелагонија, Овче поле... 25 кила.
Сега 7-8 ако извади добар е, плус приносите се како во приказната за седумте дебели и седумте слаби крави. Разликата е што од година во година повеќе се слаби од дебели.
Ако немаш сила за интензивно земјоделство, најдобро е декар плац, куќаре, лозница, бавчиче, малку инвестиција голем ќејф.
И да љуфне нешто, компензираш со чист воздух, кафе и ракииче под сенка, скара и раат.

Пчеларство е океј ама ми се чини неблагодарен бизнис во денешно време со оглед на нелојалната конкуренција (фалц мед)
А и стартот таму е потежок, потрошувачите веќе си имаат „матични“ пчелари и ретко кој менува место од каде купува

Плус еден од ретките сектори каде што бројот на пчелни семејства се зголемува, ми се чини пазарот е веќе заситен
 
Сите јаткасти плодови се исплатливи, секогаш држат цена, цената секогаш е во раст и долго можат да стојат без да се расипат. Ние имаме ореви, грижа па скоро никаква, малку ѓубриво и вода како за нив, така и за останатите дрвца. На крајот од сезоната не можеме да се дочистиме, а веќе имаме и уште 5-6 самоникнати дрвца од нив кои за година-две, дел од нив, ќе почнат да раѓаат. Плус се здрави.

Проблемот е во тоа што навистина многу простор зафаќаат, стари се, и разгранети. Плус постои ризик да смрзне плодот, како и на сите останати дрвца. Пред некоја година немавме ни гол орев, што, секако, е пресметан ризик.

Дури и да ги одледуваш за себе, ко што правиме ние, по едно-две дрвца, нема да даваш пари да ги купуваш по маркети, што само по себе е добивка.
Da, tocno Orevot si saka prostor. Kaj nas se stari i ne se veke tolku rodonosni. A rizikot si e rizik za bilo sto, ako gi presece tolku e za sekoe rastenie koe ne e pod najlon.
 
Пчеларство е океј ама ми се чини неблагодарен бизнис во денешно време со оглед на нелојалната конкуренција (фалц мед)
А и стартот таму е потежок, потрошувачите веќе си имаат „матични“ пчелари и ретко кој менува место од каде купува

Плус еден од ретките сектори каде што бројот на пчелни семејства се зголемува, ми се чини пазарот е веќе заситен
Огромни загуби има, што од болести, што од прскања и климатски промени.
Тежок занает, како и се друго што се вика производство на храна.
Реално дечко, ако си на јужните краишта ќе а биде. Ако си посеверно од Велес не вреди!
 
Епа убаво штом си од фелата. Значи знаеш што те чека, не си бос.
Пред да свичнеш, напрај математика и приказна.
Ама да знаеш, нема разлика меѓу органско и масовно.
Негде плус, на друго место минус, на крај баш а баш!

Мислам дека сепак има многу разлика помеѓу масовно и органско. За масовно е потребно многу поголеми инвестиции што во механизација, површина што во други влезни трошоци кои чинат многу и пак цело време си на тенка линија да бидеш во профит или во минус. За органското барем од она што јас го имам во план како земја имаме огромна компаративна предност, треба знаење ама буквално со многу помал влог помал ризик мислам може да вадиш по неколку просечни плати месечно ама времето ќе каже дали сум во право.

За овоштарството ќе биде чисто хоби, да произведувам како за мене и потесното семејство. Акцент на постариве автохтони сорти овошки, спомнавте орев на пример погоре каде модерниве сорти од типот на чендлер имаат убав плод на лик ама вкусот многу полош

Во контекс на темава може ќе биде инспирација за некого ги оставам линковиве од Хрватска, кои градинарството го усовршија на едно многу повисоко ниво https://zrno.hr/ https://www.facebook.com/zrnoekoimanje/
 
Ова е мојот сон, со години веќе - да заминам на село, да си чувам животинки, да си садам бавчичка и да си уживам. Единствена работа што ме спречува да го реализирам е недостапноста на соодветни здравствени услуги со што би го довел моето и здравјето на членовите на семејството во ризик. Инаку не би размислувал ни миг.
Се сложувам, освен за ова последново. Можеш да си одбериш селска средина што е во близина на град и ќе си имаш здравствени услуги. Плус во сите помали места има Здравствени домови, каде верувај, здравствената услуга е на далеку повисоко ниво отколку на Клиника во Скопје или Битола.
 
Нешто не сум баш сигурен за посочениот квалитет...

Пред пар години се најдов во муабет со лик од Куманово, кој беше дојден во Шкупи, на уролог во „градска„ и рече дека цело Куманово и Кратово имаат дури еден уролог, и тоа шќип, кој на работа доаѓал како и кога ќе му прдне на умот...
 
Јас мислам дека убаво е да се слушне и другата страна, да се зборува реално оти не е мала работа да вложи човек да се задолжи со кредити и на крај да заглави.
Не е само исили некој за бизнис и после тргни се настрана. Овие пријателите немаат допирна точка со земјоделие ниту со селски живот општо, имаат само желба.
Е сега мене ме нервира што луѓе од страна ги силат, не им ги кажуваат ризиците им ги кажуваат само придобивките и профитот шо не е во ред според мене.
 
Back
На врв Bottom