- Член од
- 3 јуни 2022
- Мислења
- 2.582
- Поени од реакции
- 6.555
Со оглед дека цените на недвижностите во поголемите градови се качија на многу високо ниво а платите на го пратат тој раст, дополнително во многу од помалите градови се повеќе има недостаток на основни работи (забавни содржини, културни настани, спорт, здравствени услуги). Се чини дека на многу од луѓето им остануват или да се преселат во Скопје (кој секако има и доста негативни страни како голем град), да се преселат некаде во странство (многу чест избор во последно време) или пак да изберат живот некаде понастрана во рурална средина.
Јас сум моментално некаде измеѓу, живеам во град но правам куќа и во рурална средина (10-15км) до градот каде што би сакал да живеам во иднина. Нешто во овој стил само во мини верзија како Австралијанскиот борец со Македонско потекло Волкановски, каде што би живеел во склоп на фарма сопствено производство на овошни и градинарски култури итн
Животот во рурална средина има еден куп позитивни страни како - природа, мир, незагадена средина, поголема безбедност, поефтино ама од друга страна има и доста недостатоци од типот како кај мене што нема продавница а од скоро го затворија и училиштето бидејки нема доволно деца.
Ја отварам малку темава и од бизнис аспект на производство на органска домашна храна бидејки Македонија има доста природа и сончеви денови па има огромен потенцијал за тоа, дополнително и отварање на пензионерски домови во рурални чисти средини а зошто да не и типски населби каде што би се привлекле млади луѓе фамилии ?
Дали Македонија има потенцијал иднина за вакво нешто или тешка работа ?
Баш ме интересира како размислувате

), зеемеш гарсоњерче некое и рестото рурал. Ем здрав живот, ем храна за нас и фамилија ем утре наследство за деца.