Абе не заебавај

Барса е име во фудбалот, нормално дека ќе ствара играчи. Има најдобра школа во светот и таа никогаш не била под удар на финансиската криза. Океј, неколку години имаа криза, ама ни таква криза нема да им влијае многу. Друг клуб да има таква финансиска криза, толку ќе биде од него.
Значи Барса и Реал имаат посебен статус во шпанскиот фудбал.
Јас од кога пратам фудбал Реал никогаш немал финансиска криза, ниту пак градел играчи од своја школа (не викам дека немало, ама скоро секогаш ги увезувале некои од најдобрите играчи на светот).
Никој клуб во Шпанија не може да им се приближи на овие две екипи.
Сонот на играчите е да играат за Реал и Барса, а не за Атлетико. Не ради Чоло, туку затоа што Реал и Барса се едно, сите други се 10 скалила пониско.
Да не беше Чоло немаше ни да се прави овој муабет. Да не ги преземеше и да не градеше екипа низ годините, никогаш немаше да го зголемуваат буџетот и да привлекуваат играчи како што привлекуваат.
Не е дека влегол шеик во Атлетико ко во Сити и ПСЖ, па да се очекува дека ќе направат пресврт на фудбалската шпанска сцена.
Влегоа и во други шпански екипи посилни спонзори, па ниту една не се одржа високо повеќе сезони како Атлетико. Атлетико е Чоло, да го немаат него, може 1-2 сезони ќе направат некој успех, но на долг рок ќе се распаднат.