Обично оние кои имаат некаква (инд)директна придобивка од застапување на одреден став се оние кои први тоа го нафрлаат на спротивната страна, типичен држ`те го крадецот пристап т.е абе за пари пишува така. Конкретно во МКД тоа отприлика се сведува на истурањето на една милијарда кинески скапи пари преку Маџарска кои безмилосно се испумпуваат преку бехатон и се слеваат во чекмеџињата на оние кои продаваат ефтин патриотизам. А кинезите цицаат преку 90% од иранската сирова нафта. Настрана што иранската територијалната недостапност кон Запад значи задржување на некое си влијание на ка ге бе ленд кон Европа од аспект на една голема бензинска станица, притоа знаејќи дека тоа е максимумот со тој систем. И што доби Иран за возврат од Кина и Русија во споредба со КСА/ОАЕ и Запад?
По однос на лични права и слободи споредбено на Иран и КСА, конректно на оваа тема имав постирано споредба за регулацијата на бракови, еве ја уште еднаш каде се гледа драстична еволуција по ова прашање во скоро сите земји за разлика од Иран-кој некој очајно се обидува да го прикаже во некое поинакво светло. КСА сега има агенда 2025-2030 за уште поголема еволуција од аспект на лични права и слободи. Иран го прави токму спротивното.
Значи сите еволуираат со исклучок на Иран кој назадува драстично, затоа што за време на Шахот Пахлави беше најнапредната земја на Блиски Исток скоро во секој поглед. Е сега тој бил репресивен а еве зошто:
Освен религијата, НЗС на Иран/КСА е нафтената индустрија како примарен извор на финансиски средства, во периодот за владеење на мулите во Иран се изнедруваат Aramco & ADNOC кај другата страна, компании кои сега котираат на светски берзи и се поими во нафтениот бизнис, во тие компании моментално работат т.е се борат да работат паралелно и американски Baker Hughes, руска Победа и кинески CNPC, значи да ги опслужуваат нивните операции. И КСА/Катар даваат огормни средства за исламизација низ цел Свет, но паралелно имаш Манила и Мумбаи заедници да заработуваат парче леб таму, некој ќе каже дека робуваат ама штом со години се таму и сеуште тие земји се привлечни за работа веројатно им е поарно него домата. Има куп европејци, американци, руси итн кои заработуваат и живеат во тие земји, и не само во нафтената индустрија. Да се биде државјанин на КСА/ОАЕ само по себе значи релативно добар животен стандард.
Каде е Иран во цела оваа приказна?
Кое фајде дека испраќаат милион барели на ден?
Кој отишол да вади парче леб таму?
Кој е животниот стандард во Иран апропо КСА/ОАЕ?
И тоа пази каде беше Иран под Шахот во секој сегмент за разлика од КСА/ОАЕ и кој каде е сега, па само ова е доволна причина да каже човек дека нема капка здрав резон мулите да продолжат да владеат со Иран.
После се и од таа субјективна гледна точка која се обиде да ја наметнеш како суштинска, испаѓа дека сепак КСА/ОАЕ се далеку по-отворени опшества кон светот за разлика од Иран каков што е сега. Инаку Техеран има делови кои се за привилегираните и служат воглавно за прикажување на едно поинакво светло на земјата пред странци.
Санкциите се дел од политиката која ја водат, така да Русија и Кина им се партнери, нека направат од нив она што САД направија од КСА/ОАЕ. И да, САД преку своите компании ги изградија во она што се сега.