Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 51: Законски да се ограничи голотијата во земјава, онлајн и офлајн.)

Кој дел не ме сфати ?

Тоа дека имаат 2 семејства, имаат. Ова не е темата на муабет. Темата на муабет е затоа што процентот на земање невеста и идење домазет е 70-30, затоа не може наследството да се дели 50-50. Кога соодносот на проценти на земање невеста и идење домазет ќе биде сличен тогаш ќе може.
Ова не моја теорија, правило или закон. Ова е општествено прифатено правило 4000 години уназад на 6 континенти у сите држави.
А зошто да не може да се дели наследството, што е проблемот? Тоа што делот што ќе си го земе ќерката и ќе си го однесе кај мажот ќе ги направи побогати за сметка на синот? Па синот кога ќе се ожени, неговата невеста нема ли да си има нејзин дел? Убаво пиша @ComfortablyNumb , ако секој родител си ги обезбеди децата подеднакво, тогаш секое ново семејство (млад брачен пар) ќе си почне со две основи, наместо со една. Заедно ќе бидат побогати и посилни. И веројатно нема да има причина од расправии и кавги за имот меѓу браќа и сестри.

Во бракот се треба да биде заедничко, но за да биде заедничко, прво треба да имаш нешто СВОЕ што ќе го вложиш.
 
А што ако наследството е хипотекарен кредит и брдо долгови?

Дали тогаш подеднакво ќе се подели?
 
Па тогаш само за к*р се мажела, тоа и ќе има!
Ево пример.Родителите му го оставаат целиот голем имот на синот. Синот не е женет а е познат и признат коцкар. Го спичкува имотот по лихвари а внуците од керката остануваат со едно станче од татко им. Дали е ова фер?За кого печалеле дедо и баба?Дали женските деца се најдени на улица па не треба да ги следува ништо?
 
А што ако наследството е хипотекарен кредит и брдо долгови?

Дали тогаш подеднакво ќе се подели?
Мислам дека ако примат наследство да, ако не ником ништа!
Автоматски споено мислење:

Ево пример.Родителите му го оставаат целиот голем имот на синот. Синот не е женет а е познат и признат коцкар. Го спичкува имотот по лихвари а внуците од керката остануваат со едно станче од татко им. Дали е ова фер?За кого печалеле дедо и баба?Дали женските деца се најдени на улица па не треба да ги следува ништо?
Животот воопшто не е фер.
Муабетот е за нормални ситуации. За такви, пу пу скраја да е и на душмани!
 
Мислам дека ако примат наследство да, ако не ником ништа!
Од кого да примат наследство? Со кое право идиотов ги остава своите внуци буквално без ништо. Го споеба имотот шо го печалеле старите. За кого печалеле за лихвари?
 
Od kaj izlegoja vnucite pak sega vo prikaznata :cautious:
 
А зошто да не може да се дели наследството, што е проблемот? Тоа што делот што ќе си го земе ќерката и ќе си го однесе кај мажот ќе ги направи побогати за сметка на синот? Па синот кога ќе се ожени, неговата невеста нема ли да си има нејзин дел? Убаво пиша @ComfortablyNumb , ако секој родител си ги обезбеди децата подеднакво, тогаш секое ново семејство (млад брачен пар) ќе си почне со две основи, наместо со една. Заедно ќе бидат побогати и посилни. И веројатно нема да има причина од расправии и кавги за имот меѓу браќа и сестри.

Во бракот се треба да биде заедничко, но за да биде заедничко, прво треба да имаш нешто СВОЕ што ќе го вложиш.
Таман е!
Дај боже на сите памет и имање, за да помогнат на сите деца (не мора да се само две).
Она наследство по машка линија е останато од зорт, не од мед и млеко.
Ама да знаеш колку затуцани родители има, ехееј!
Автоматски споено мислење:

Од кого да примат наследство? Со кое право идиотов ги остава своите внуци буквално без ништо. Го споеба имотот шо го печалеле старите. За кого печалеле за лихвари?
Шумига го гледаш понекогаш?
Има одговор, пример со генерациите на благородници во Англија.
 
Таман е!
Дај боже на сите памет и имање, за да помогнат на сите деца (не мора да се само две).
Она наследство по машка линија е останато од зорт, не од мед и млеко.
Ама да знаеш колку затуцани родители има, ехееј!
Така е. Да помогнат на сите деца. Реално денешниве млади без поддршка од родителите, тешко може да излезат на крај. Не само финансиски, туку и со деца и со се.
 
Не само денешниве, порано беше и потешко! Остај приказните на тие што го пљачкаа системот!
Тоа со деца, хмммм....може додека да научи да менува памперси, после сама, сама....
 
Еве го Злате, нема проблем :D
Или вака
Ќерките и синовите законски треба еднакво да бидат вклучени во наследството, иако некој од родителот може да е против тоа!
Битно поентата ми ја разбравте :D
 
Може и вака! Супер е. СЕ СОГЛАСУВАМ.
 
Back
На врв Bottom