Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Еве премиерот директно се меша во правосудството и го крши уставниот поредок на државата.

Прегледај го приврзокот 474880

И Донадл д‘ дак Трамп има чувства...во коските...и од тие (пензионерски) чувства изнесува проценка дека го победил Иран.

Барем еднаш неделно...

Ако може Трамп, може и Мицика.
 
И јас се имам мешано во правосудството и го имам кршено уставниот поредок, бидејќи одамна го имам истото чувство. Дури и сум го споделувал на форумов. :(
Не си фактор за да се мешаш или да вршиш било какво влијание.

На форум си пишал јеботе, не е страшно, не си скршил уставен поредок, само Ронка и кањо те прочитале:icon_mrgr:
 
И Донадл д‘ дак Трамп има чувства...во коските...и од тие (пензионерски) чувства изнесува проценка дека го победил Иран.

Барем еднаш неделно...

Ако може Трамп, може и Мицика.
Не се замарај .....
....некој не прави разлика помеѓу лично приватно мислење и директна интервенција...
.... но јбг ... во црната пропанганда нема правила ... дозволени се и извртувања на фактите.
 
Не си фактор за да се мешаш или да вршиш било какво влијание.

На форум си пишал јеботе, не е страшно, не си скршил уставен поредок, само Ронка и кањо те прочитале:icon_mrgr:

bitno ti go cistas micko i se plasis... :tapp:
 
Универзитетот и демократијата, новиот предлог ЗВО, меѓу автономија и контрола

Во време на интензивни геополитички притисоци и внатрешни општествени кризи, прашањето за универзитетот повеќе не може да се третира како техничко или секторско прашање.
Напротив, тоа станува суштински политичко и вредносно прашање, кое директно го засега квалитетот на демократијата и иднината на државата.
става впечаток на уште една нормативна интервенција без суштинска анализа и без вистински одговор на клучното прашање: дали проблемот во висо
Новиот предлог Закон за високо образование, наместо да понуди јасна визија за реформа, окото образование произлегувал од законската рамка или од нејзината хронична неимплементација?

Искуството од изминатите години покажува дека најголем дел од реформските обиди пропаѓаа не толку поради лоши законски решенија, туку поради нивно селективно, формално или „сиво“ спроведување. Во такви услови, носењето нов закон без соочување со оваа институционална реалност ризикува да ги репродуцира истите слабости, само во нова форма.

Дополнително, начинот на кој се артикулираат одредени решенија отвора сериозни концептуални дилеми. На пример, идејата за затворање на студиски програми врз основа на мал број студенти ја воведува пазарната логика како доминантен критериум за вреднување на високото образование. Но, јавниот универзитет не е пазарна институција. Неговата вредност не може да се мери исклучиво преку побарувачката, туку преку неговиот придонес кон знаењето, критичката мисла и јавниот интерес.

Во спротивно, ризикуваме редукција на високото образование на услуга, а не негова афирмација како јавно добро.

Особено загрижувачки е и пристапот кон управувањето. Иако формално се задржува автономијата, предложените решенија ја концентрираат моќта и ја слабеат улогата на колегијалните тела. Со тоа се намалува (и така малиот и скоро непостоечки) просторот за академска дебата и критичко мислење, што претставува директен удар врз суштината на универзитетот како заедница на знаење.

Политичкиот интервенционизам, кој се провлекува низ предложените решенија, дополнително го усложнува овој проблем. Наместо да се зајакне институционалната автономија, се создаваат услови за консолидирање на центри на моќ внатре во универзитетите, често во блиска релација со извршната власт или со тесни интересни кругови. Ваквата динамика не води кон подобрување на системот, туку кон негово понатамошно затворање и репродукција на постојните слабости.

Во услови кога академската средина ионака е кревка и веќе подолг период се соочува со недостаток на суштинска интелектуална продукција, критичка мисла и јасно артикулирани стандарди за квалитет, секое дополнително концентрирање на моќта има кумулативен негативен ефект. Наместо отворање на простор за дебата, конкуренција на идеи и академска извонредност, се зајакнуваат механизми на прилагодување, молк и одржување на статус-кво.

Така, универзитетот постепено се оддалечува од својата суштинска функција – да биде простор на слободна мисла, критика и вредносна ориентација, и се трансформира во институција во која формалните правила постојат, но нивната содржина е празна. Во таков систем, почитувањето на законските, етичките и академските норми не претставува реален стандард, туку селективна практика, што дополнително ја еродира довербата и го намалува капацитетот на универзитетот да продуцира вистинска општествена вредност.

Во европски контекст, автономијата не е административна привилегија, туку темелна вредност, поврзана со идејата за универзитетот како коректив на власта. Оттука, изјави дека „автономијата не е чепната, но универзитетите треба да бидат отчетни кон Владата“ не се само несреќно формулирани, туку откриваат подлабоко неразбирање на природата на овој однос.

Универзитетите секако треба да бидат отчетни, но кон јавноста, преку транспарентност, квалитет и институционални механизми на надзор. Тие не се органи во хиерархијата на извршната власт. Кога отчетноста се артикулира како вертикален однос кон Владата, тогаш автономијата се оддалечува од својата суштина и се трансформира во форма без содржина.

Оваа тенденција не е изолирана. Компаративните искуства, како случајот со реформите во Грузија, покажуваат дека аргументите за „рационализација“ и „ефикасност“ често се користат како легитимација за зголемена политичка контрола врз академските институции. Прашањето во такви контексти не е финансиско или организациско, туку суштински политичко: кој го дефинира универзитетот?

Во македонски услови, ова прашање добива дополнителна тежина поради долгогодишната институционална ерозија. Негативната селекција, клиентелизмот и нефункционалните контролни механизми создадоа средина во која молчењето станува стратегија за преживување, а критиката ризик. Во таков контекст, ниту еден закон сам по себе не може да произведе вистинска реформа.

Затоа, клучната дилема не е дали ни треба нов закон, туку дали сме подготвени за институционална и вредносна трансформација. Без воспоставување на вистинско владеење на правото, без транспарентност, без функционален надзор и без реафирмација на академските и етичките стандарди, секоја нормативна промена ќе остане површна.

Универзитетот не е само образовна установа. Тој е простор на слободна мисла, коректив на власта и носител на општествена кохезија. Кога еродира оваа функција, еродира и самата демократија.

Оттука, прашањето за Законот за високо образование не е само правно прашање. Тоа е прашање за идентитетот на општеството. Дали сакаме универзитети како автономни, критички и демократски институции или како административно управувани структури под зголемена политичка зависност?

Одговорот на ова прашање нема да ја одреди само иднината на високото образование, туку и капацитетот на општеството да остане демократско.

Затоа, наместо избрзано донесување на нови закони, потребен е вистински јавен дијалог за тоа каков универзитет ни е потребен. Бидејќи без силен и автономен универзитет, нема ниту силна држава. А без прекин на политичко-институционалните практики што ја концентрираат моќта и ја релативизираат академската слобода, ниту една законска реформа нема да може да ја врати суштинската улога на универзитетот во демократското општество.

Катерина Климоска

(Авторката е истражувач во областа на меѓународните односи, европските студии и геополитиката и ЕУ експерт за високо образование и научноистражувачка дејност.)





Аирлија семејниот бизнис :tapp:
 
Ќе видиме, но јас незнам зошто му пишувам на човек што смени 5 аватари во рок од 24 часа.
Ако треба и на три минути аватар ќе менувам, само да не бидам во ситуација како тебе, за една платичка од 25.000 денари да станам дпнеоски (иликаковидае) безкичмењачки бот...

Сину вмровски, твојте идоли, 2001-ва ги сунчаа газојте во грчка дури вистинските патриоти гинеа во Тетово, Липково и Гостивар..Твојте идоли се ваѓаа ментално нестабилни за ракување со оружје за да одбегнат обврска да ја докажат патриотштината на дело, додека на терен гинеа некои „други“ деца кои сега се заборавени од тие твојте идоли кои ги браниш..

И после ми збораш тука за Македонци со бугарски пасоши да се собереле да барале нешто од Бугарија :) Кој блам, тие плукнале на дедови гробови и на 12 Ваташки деца, и сега од тие истите очекуваш дека ќе се повампират?

Море ко попчиња ќе се враќаат од Германија во Македонија да гласаат за регистрирана Бугарска партија во Македонија. Само да им пратат пусулче онаму каде си го продале образот и станале происход...

ВМРОВСКИ воину, еве вака се брани татковина....26 милиони ДОБРОВОЛЦИ!!!!! А не патриоти што освен мафтање на знаме, немаат со прст мрднато за државата...

 
Последно уредено:
Еве премиерот директно се меша во правосудството и го крши уставниот поредок на државата.
Заев буквално нарачуваше пресуди преку Катица Јанева, ама тогаш те немаше да квичиш овде на форумов, изгледа беше да лижеш по штабови.
 
Заев буквално нарачуваше пресуди преку Катица Јанева, ама тогаш те немаше да квичиш овде на форумов, изгледа беше да лижеш по штабови.
Aмнезија има!
Не само што нарачуваше пресуди туку и луѓе вадеше од затвор за да гласаат за промена на име.
 
Илјадници пати е објаснето дека референдумот беше неуставен и незаконски, како и одлуката за негово распишување, имаше и иницијативи до Уставен суд за оценување на уставноста и законитоста на одлуката, фала богу уште се одлучува, а ние сме де факто северџани скоро деценија како резултат на неуставниот и незаконски референдум.

Прегледај го приврзокот 474824
Уставот е јасен, одлуката на референдум е задолжителна, нема советодавање, консултирање, ти реков не ти реков толкувања.
Прегледај го приврзокот 474825
Заевци си одбраа да распишат референдум за консултирање каде одлуката не е задолжителна според Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување, одредба која е во колизија со Уставот, а Уставот како највисок правен акт е секогаш над законот, не само кај нас, секаде каде има Устав и закони и други подзаконски акти.
Друга работа
Прегледај го приврзокот 474826
Прегледај го приврзокот 474828
И Уставот (член 120) и Законот за референдум (член 29) се јасни дека одлуката за стапување во сојуз или заедница со други држави (еу нато) е усвоена доколку за неа гласале мнозинството од вкупниот број избирачи/граѓани запишани во Избирачкиот список. Шо значи ова за одлуката да гласале мнозинството од вкупниот број избирачи. Значи да гласале за 50,01 %(или како и да одат децималите), најмалце толку за, за да биде усвоена одлуката за приклучување кон еу и нато. Значи ако заокружиме на 1 800 000 избирачи, мнозинство најмалце 900 001 да гласале за, а далеку беше резултатот од таа бројка. Ама ова си го толкуваа преку наредниот член 30, подолу ќе го видите.
Понатаму, член 29 став 2 вели одлуката од ставот 1 усвоена на референдум е задолжителна. Дури и да ги прифатиме одредбите за задолжителен и консултативен референдум, а не смее оти се во судир со Уставот, јасно е пропишано дека одлуката за наведените прашања од став 1 од членот 29 (за менување на границите, за стапување и истапување од сојуз или заедница на држави) е задолжителна. Можиш да се консултираш за други прашања (не бидејќи треба да се укини таа одредба за консултирање, ама ај да земиме дека можи за атер на северните), односно според Законот да распишиш референдум за консултирање каде одлуката не е задолжителна, ама за стапување во сојуз (за тоа беше референдумот, дали сте за членство во нато и еу, значи два сојузи, со прифаќање на преспанската спогодба) не смееш да распишиш таков референдум, спротивно е на Законот за референдум и други облици за непосредно изјаснување на граѓаните, закон кој и самиот е фаличен, ама е во сила.
Друго, тесно поврзано со претходнотоПрегледај го приврзокот 474831
Од член 30 на Законот јасно е кој референдум е успешен, кој неуспешен, односно кои одлуки се сметаат за усвоени, а кои за отфрлени. Да гласале за мнозинство од граѓаните кои излегле (гласале) притоа да гласале повеќе од половината од вкупниот број запишани гласачи во Избирачкиот список. Ако го протолкуваме ќе дојдиме до заклучок дека е потребно да се исполнат два кумулативни услови за една одлука на референдум на државно ниво да биде усвоена - да гласаат за одлуката мнозинство од излезените (600 и кусур илјади гласаа за, наспроти 30 илјади протув, условот е исполнет) и да излезат на референдум повеќе од половината граѓани запишани во избирачкиот список (излегоа 38%, далеку од потребната бројка, условот не е исполнет), па така одлуката за која се одржал референдумот не е усвоена. Да смееше да се смета референдумот за консултативен, а не смее и не е таков и според Уставот и според овој Закон (чија одредба за конултативност не смее да е во сила оти е спротивна на Устав), тогаш одлуката на референдумот не ќе беше задолжителна. Ама член 30, во комбинација со член 29 и особено став 2 од член 29 (одлуката за стапување во созјуз е задолжителна), плус член 73 од Уставот (одлуката донесена на реферндум е задолжителна) го прави резултатот од овој референдум задолжителен, односно одлуката која според член 30 од Законот не е усвоена за задолжителна според член 29 став 2 од истиот Закон, како и според член 73 од Уставот.
Најпосле и да беше исполнат цензусот, односно да излезеа 50 + 1 % од избирачите со 600 илјади гласа пак одлуката немаше да биде усвоена.
Член 120 од Уставот и член 29 од Законот за референдум велат дека одлуката за стапување во сојуз или заедница со други држави е усвоена ако за неа гласаат мнозинството од вкупниот број на избирачи, а мнозинство е повеќе од половина од запишаните 1 800 000 (повеќе се, ама да заокружиме), значи 900 001 најмалку да гласаат за стапување во сојуз или заедница (еу и нато) за да биде усвоена одлуката. Ќе речите член 30 од Законот за референдум вели дека за одлука да се усвои потребно е мнозинство да гласаат за од излезените и да излезат повеќе од половина од вкупниот беој запишани избирачи. Ама видете каков е последниот дел од член 30 став 1 после запирката:Прегледај го приврзокот 474833
Одлуките на референдумот на државно ниво се сметаат за усвоени ако за нив гласале мнозинството од вкупниот број граѓани кои гласале, доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список, освен во случаите кога за одделни прашања со Уставот и со овој закон поинаку не е утврдено.
Е токму за овие одделни прашања со Уставот и со овој закон е поинаку определено
Прегледај го приврзокот 474834
Ова е поинаку утврдено во Уставот за прашањето за стапување во сојуз или заедница со други држави - се бара да гласале за мнозинство од вкупниот број избирачи.
Прегледај го приврзокот 474835
Исто поинаку е утвредно со овој закон (Законот за референдум) како што е јасно напишано во член 30 дека она од член 30 став 1 не важи во случаите кога со истиот закон и со Уставот е утврдено поинаку (во членот е напишано во смисла потребно е тоа и тоа, освен ако не се бара поинаку со Уставот и со овој закон, да нема забуни), а во претходниот член се бара за менување на границата, за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави (ова со сојузот е определено и со Уставот) да гласале мнозинството од вкупниот број на граѓани запишани во Избирачкиот список (900 001).
Имаше и други незаконитости
Прегледај го приврзокот 474836
Член 15 став 3 од Законот за референдум - ако се гласа за повеќе прашања, за секое прашање се гласа на посебно гласачко ливче. Само во нивниот универзум промената на името, влезот во еу и влезот во нато е едно исто прашање, па така за овие три работи се гласаше на едно исто гласачко ливче. Некој можи е за влез во еу, против влез во нато и за промена на името, некој е за нато, против еу и против промена на името и сите најразлични комбинации, и како сега да гласа и на исто ливче и во исто прашање споени и меѓусебно условени три посебни работи.
Тоа не носи и до прекршување на став 4 од член 15 прашањето да е прецизно формулирано и недвосмислено, а беше се освен тоа.

Сумирано референдумот е фаличен по многу основи
Да во законот за референдум постои референдум за консултирање на кој одлуката не е задолжителна, ама одредбата е во спротивност со Уставот кој пропишува дека одлуката усвоена на референдум е задолжителна, Уставот е секогаш и секаде над законите, одредбата не смее да се применува и мора да се укине

И да се помине преку тоа, а не смее, во Законот за референдум јасно е пропишано дека одлуката на референдум за стапување во сојуз или заедница со други држави е задолжителна (еу и нато не се компири, не се круши, јаболка, баш токму се тоа сојуз и заедница на држави како сакате кажете ги овие термини во законот ги опфаќаат овие меѓународни организации)

Во Законот јасно е пропишано кога одлуката се смета за усвоена - два услови мнозинство да гласале за од излезените и да излегле повеќе од половината запишани гласачи во Избирачкиот список (првиот услов исполнет, другиот не), но ова не се однесува за одделни прашања за кои е поинаку утврдено со Уставот и со овој закон па така

Во Уставот за одделното прашање за стапување во сојуз или заедница со држави е пропишано дека треба да гласаат мнозинството вкупниот број на избирачи (мнозинство е повеќе од половина) за одлуката да биде усвоена, како и во Законот за референдун (овој закон во член 30) каде за одделното прашање стапување во сојуз или заедница со други држави е утврдено дека за да се усвои таква одлука на референдумот е потребно да гласаат за мнозинството од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список (мнозинство е повеќе од половина).
Така и да имаше излезност од повеќе од половина од вкупниот број запишани гладачи во Избирачкиот член како што се бара во член 30 од Законот, одлуката немаше да биде усвоена бидејќи во истиот член се определува дека за одделни прашања кога е тоа утврдено поинаку со Уставот и со истиот Закон важат тие одредби, а не оваа од член 30.

За личвето е сувишно да се коментира при вакви крупни повреди на Уставот и Законот.
Отвори го уставот, ова пипува на почетокот

Република Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава. Суверенитетот на Република Македонија е неделив, неотуѓив и непренослив. Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните.

На граѓаните а не на тие што ги претставуваат.

Има граници за тие што ги претставуваат граѓаните.

Ова е членот кој го поништува тој договор
На граѓаните и само на граѓаните

Се останато е бонус
 
Ова свинче замастено холестеролно, мегафонче на власта, настрана тоа што почна да дрка на воени злосторници и да му го смука на Муцунски, денес почна и суптилно да се спрда со трагедијата во Кочани постирајќи слики од повредените со цел да долови некој хумористичен елемент.

Уште кога го прскаше тоа другото педерче политико со солзавец знаев дека е гама неостварено маженце, ама периодов допира дно со морбидност и лижење анални сфинктери.

Screenshot_20260416_145236_Facebook.jpg
 
Наводно Али Ахмети се договарал со бугарашов Љубчо да се делела Македонија на албански дел и македонски дел и чистење на тие региони пред да се договори рамкиовниот договор во Охрид.
Само шутрак и предавник може да дели своја земја при армија и целосна поддршка од народот да се оди до крај, и тој што беше за рамковниот Борис беше бугараш изгласан од албанците иако првиот круг го изгуби катастрофално.
Па се криеше во касарна од сопствениот народ оти не сакаше да прогласи војна.
 
Ова свинче замастено холестеролно, мегафонче на власта, настрана тоа што почна да дрка на воени злосторници и да му го смука на Муцунски, денес почна и суптилно да се спрда со трагедијата во Кочани постирајќи слики од повредените со цел да долови некој хумористичен елемент.

Уште кога го прскаше тоа другото педерче политико со солзавец знаев дека е гама неостварено маженце, ама периодов допира дно со морбидност и лижење анални сфинктери.
На таа свињетина само спомни му Фотоцентар и гледај како искача од кожа и поцрвенува како сварен рак :D
 
Back
На врв Bottom