Се гледа дека либералите ти го земале паметот..
За западните ако почнеме да пишуваме нема крај да има пријател..
Пример за клучни индустрии кои се користат за акумулирање моќ
Тоа што тврдам дека во Русија има корупција/акумулирање на моќ, не исклучува дека на запад или во други земји има корупција исто така. Тврдењето погоре ми е за Русија конкретно дека тоа е темата, али се сложувам дека и во САД има огромни проблеми со корупција, нееднаквост, али тоа е друга тема на разговор (САД).
Каде е ова напишано, има ли некои индиции дека Русија пројавила таков интерес?
Мислам дека си лепите сликовнички купени од Сорос енд Ко, уво не ве боли!
Нато, дојде на граница на Русија, не отиде таа кај него! И сето тоа го релативизирате, почнувате песна дека се загрозени пушачите од Балтикот и оние намќорите од шумата! Како толку години Финска и Шведска не се почуствуваа загрозени, туку лани им текна да бидат уплашени? Приказни за мали деца, сите знаат што е планот, се' се збори, ама од вистината што подалеку да се избега!
Русија е ставена под притисок на западот, со цел да се растури. Кој се чуствува виновен и зошто, прво себе треба да се праша!
Украина е добар пример.
Ако имам мислење што вели "во Русија има проблем Х" тоа не значи дека тврдам "во Русија Сорос треба да се стави на власт и утре сите да ги направи геј". Треба да правиме разлика меѓу навивачки пост и конструктивен муабет кај што пробуваме да разбереме зошто односите им се такви какви што се, и зошто ситуацијата е таква каква што е.
Каде е напишано дека Русија пројавила интерес за Балтикот? За почеток одговорот го имаш во ова што си го пишал самиот: Балтикот е новата граница на НАТО, и во интерес на Русија е таа зона да е неутрална (како што беше Финска, како што е делумно Грузија, и сл) или под нивна капа (како Белорусија на пример). Второ, историја,
@Menethil објасни погоре.
Е сега, зошто на Балтикот земјиве се нервозни поради изјави во Русија конкретно. Изјава на Медведев:
Балтикот му припаѓа на Русија. Официјална изјава на Путин: државата треба
со сите средства да ги брани русите надвор од границите, дури и оние кои не се етнички руси а се идентификуваат со овој етникум. Доста јавни фигури во Русија на десно како на пример Дугин, изјавуваа дека
Латвија и Литванија треба да се под капа на Русија. И многу други, али поентата ја разбираш. Ако сум јас Латвија, Литванија, Естонија, после таа историја со СССР (раселување на народ, доселување на нов етникум) и сегашниот контекст на воени дејствија, јас лично би барал начин да се обезбедам како е можно (дали е тоа со градење сојузи, вооружување, дипломатија, и тн). Алтернативата е да сум под капа на Русија. Ти вака што би одлучил ако си на чело на некоја од овие земји?
Да сум Русија, во интерес ми е да имам во најмала рака неутрални земји во тој регион, или идеално сценарио, земји под моја капа. За тоа да го направам, ми требаат средства (притисок преку свои луѓе, дипломатија, воена техника и сл.). Дали е во интерес на западот да стави притисок на Русија за да најде начин да ја стави под своја орбита во најдобро сценарио или второ најдобро за нив, да ја изолира/ослаби? Апсолутно. Ривали се геополитички, исто како што Русија нема да се жали ако САД е во економски проблеми.