Русија - смена во надворешната политика?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Кај е журката, таму е толпата! Засега е кај душманите, нека си остане таму!

Не ќе да е само до журката, ќе да има нешто многу повеќе. А за останување, како стојат работите уште долго. Штета што квалитетот оди натаму а останува шкартот. Јбг, дефект роба не сака никој.
 
Не ќе да е само до журката, ќе да има нешто многу повеќе. А за останување, како стојат работите уште долго. Штета што квалитетот оди натаму а останува шкартот. Јбг, дефект роба не сака никој.
:cenzura:
 
@fennel Ќе ти одговорам тука на прашањето пошто темата е соодветна (зошто Литванија, Финска, Молдавија, Естонија, Полска, Словачка имаат легитимен страв од Русија и интерес да зајакнат одбрана).

Две главни причини, прва врзана со тоа како Русија ја гледа западната граница, и второ, сегашен политички контекст:

Прво, историја на руска експанзија кон запад. Полска беше поделена меѓу Советскиот Сојуз и Германија на почетокот на втора светска, а подоцна целата ставена под нивна капа со децении. Пољаците немаат симпатии кон Русија и автократско владеење врз нив, таа историја е свежа во нивното сеќавање. Финска изгуби територија после војна со Советскиот Сојуз, 40ти години, пошто не сакаше да биде под тоталитарната капа на Сталин. Балтичките земји, не по своја воља, завршија во орбитата на Советскиот Сојуз после втора светска, долго време под строг режим и слаб економски раст. Слична ситуација со Чешка, Словачка, Унгарија, Полска, сите они имаат непријатна историја кога се под капа на Русија со репресија, цензура, диктат на култ на личност, слаба економија. Ниту една овие земји не сака да биде владеена од автократ и да биде под капа на систем кој не произведува многу вредност. Русија е нуклеарна сила, која имала историски амбиции да се рашири на запад поради свој легитимен безбедносен интерес (да создаде зона која би ја одвоила од потенцијални закани од запад кои историски постоеле од време на Наполеон, па Хитлер, и денес а и за време на студена војна НАТО).

Второ, дел од овие земји имаат малцинства од руски етникум. После Крим и последниот конфликт во Украина, голем дел од нив се плашат дека Русија утре може да каже "правата на русите во Латвија/Естонија/Молдавија се загрозени - мора да интервенираме" и да оправдаат своја инвазија врз нив. Има огромна асиметрија на моќ помеѓу помаливе земји и Русија, не само нуклеарни можности, него војска, искуство и тн. Така да кога гледаат што се случува во Украина, и во јавна реторика, би биле доста наивни ако држат цвеќиња со знаци "не за војна, да за љубов и мир". Во нивен интерес е да зајакнат одбрана, со цел да одвратат потенцијален напад. Одозгора на тоа, Русија има историја со инвазии надвор кога внатре страда легитимитетот на власта (од царска русија и Руско-Јапонска војна, па до денес). Стравот е дека ако власта има внатрешна криза во иднина, они може да бидат мета, или ако Украина ескалира дека они се следни.

Во интерес на Русија е да затопли односи со Европа со цел да си обезбеди пазар за нафта и гас, и што е поважно, да привлече капитал и инвестиции на своја територија за сопствен развој. Русија е перцепирана како автократ што сака да владее по свое, а не систем што носи вредност каде што се инсталира, заради тоа и не е добредојдена во овие земји. Самата е економски многу назад споредено со Кина, САД, ЕУ. Ако неможе да затопли односи, а сака да биде релевантна следниве 50 години, ќе мора да смени економски систем (прво, владеење на право и пазарни слободи, масовни инвестиции во образование, стимулирање на бизнис, развој и тн).
 
@fennel

Второ, дел од овие земји имаат малцинства од руски етникум. После Крим и последниот конфликт во Украина, голем дел од нив се плашат дека Русија утре може да каже "правата на русите во Латвија/Естонија/Молдавија се загрозени - мора да интервенираме" и да оправдаат своја инвазија врз нив. Има огромна асиметрија на моќ помеѓу помаливе земји и Русија, не само нуклеарни можности, него војска, искуство и тн. Така да кога гледаат што се случува во Украина, и во јавна реторика, би биле доста наивни ако држат цвеќиња со знаци "не за војна, да за љубов и мир". Во нивен интерес е да зајакнат одбрана, со цел да одвратат потенцијален напад. Одозгора на тоа, Русија има историја со инвазии надвор кога внатре страда легитимитетот на власта (од царска русија и Руско-Јапонска војна, па до денес). Стравот е дека ако власта има внатрешна криза во иднина, они може да бидат мета, или ако Украина ескалира дека они се следни.

Дополна, конкретно за Балтикот, најголем дел од тие руси се доселувани во тој регион за време на СССР и тоа исклучиво како чиновници лојални на Москва со цел да се воспостави подобра контрола. Отсекогаш руското малцинство во тој регион функционира во засебна заедница од литванските, естонските итн, што доаѓа до израз по распадот на СССР и осамостојувањето на тие земји. Значи станува збор веќе за две-три генерации родени и израснати таму. Увертирата е за следното, уште тогаш има обиди за регионализација на руските енклави во некоја повисока политичка форма, тие што се од чисти етнички руски семејства, иако родени и израснати во тие земји како и нивните родители, немаат државјанства од матичните земји и функционираат со т.н плави пасоши, што е нешто слично на статус на бегалец или раселено лице. Имаат права да прват буквално се друго освен да гласаат. И тоа се случува и ден денес,значи во ЕУ, со тоа што руското малцинство мигрирало низ ЕУ со годините.
 
Како тоа власта на Русија има проблем со легитимитет кога за претседателот Путин на изборите гласаа 88% од гласачите, или 76 милиони 200 илјади и кусуро гласој, неговиот противкандидат имаше 4% или 3 милиони и 700 илјади и нешто гласа, и кога околу 80% од Русите го поддржуваат на анкетите.
Кој политичар, претседател, премиер, партија во Западна Европа има процент на поддршка која е блиску до онаа на Путин, кој има толкав процент на гласови од сегашните и уназад 20 години еу бирократи, кој од нив има и 50% поддршка од народот во своите земји?
 
Дополна, конкретно за Балтикот, најголем дел од тие руси се доселувани во тој регион за време на СССР и тоа исклучиво како чиновници лојални на Москва со цел да се воспостави подобра контрола. Отсекогаш руското малцинство во тој регион функционира во засебна заедница од литванските, естонските итн, што доаѓа до израз по распадот на СССР и осамостојувањето на тие земји.
Тоа е една од причините зошто на Балтикот има резервација околу Русија, поготово таа историја од 40ти (200.000 населени руси, со масовни раселувања на локалните народи, дел низ изолирани делови на СССР, дел погубени во гулаг). На Русија, тие територии и се важни бидејќи се дел од страната од која доаѓала закана од страна (од време на Наполеон, до Хитлер, па до денес НАТО).

Како тоа власта на Русија има проблем со легитимитет кога за претседателот Путин на изборите гласаа 88% од гласачите, или 76 милиони 200 илјади и кусуро гласој, неговиот противкандидат имаше 4% или 3 милиони и 700 илјади и нешто гласа, и кога околу 80% од Русите го поддржуваат на анкетите.
Русија има проблем со автократска олигархија и слаба економија. Системот е дека клучни луѓе во државата со многу власт под своја капа имаат клучни индустрии, и ги користат за акумулирање моќ, наместо создавање вредност. Само мал дел на државата е развиен (два града). На пример ВВП најдобрите свои другари (еден од нив инструктор по џудо, друг колега од општина во Ленинград) ги назначува да ги водат клучните енергетски компании горе и се најбогати луѓе во државата. Не поради компетентност, знаење, туку лојалност и познанства. Имаат огромна социјална нееднаквост, слаби пазарни прилики, и слаба економија за тој капацитет што го има државата. Можеме ние да ги тапшаме колку сакаме по рамо, али реалноста е дека ако продолжат со ова темпо на затворање на економија, стареење на државата, ќе одат само надолу.
 
Се гледа дека либералите ти го земале паметот..
За западните ако почнеме да пишуваме нема крај да има пријател..
Пример за клучни индустрии кои се користат за акумулирање моќ

За тоа нема крај
 
Русија е нуклеарна сила, која имала историски амбиции да се рашири на запад поради свој легитимен безбедносен интерес (да создаде зона која би ја одвоила од потенцијални закани од запад кои историски постоеле од време на Наполеон, па Хитлер, и денес а и за време на студена војна НАТО).
Каде е ова напишано, има ли некои индиции дека Русија пројавила таков интерес?
Мислам дека си лепите сликовнички купени од Сорос енд Ко, уво не ве боли!
Нато, дојде на граница на Русија, не отиде таа кај него! И сето тоа го релативизирате, почнувате песна дека се загрозени пушачите од Балтикот и оние намќорите од шумата! Како толку години Финска и Шведска не се почуствуваа загрозени, туку лани им текна да бидат уплашени? Приказни за мали деца, сите знаат што е планот, се' се збори, ама од вистината што подалеку да се избега!
Русија е ставена под притисок на западот, со цел да се растури. Кој се чуствува виновен и зошто, прво себе треба да се праша!
Украина е добар пример.
Требаше да кажеш британија е загрижена за Балтичките земји и можната руска инвазија. Кој ги прашува лилипутанците, дури и им кажуваат за што треба да се загрижени!
 
Kakov e odnosot na Rusija i Baltickite drzavi niz istorijata :D? Kako ja zamisluvas nivnata simbioza? Prilicno jasno e deka Rusija ima ambicija da gi asimilira i kontrolira. Toa sto vo momentov ne mozhe, ne znaci deka nema takvi planovi.
 
Балтичките државички од секогаш биле германски вазали и замислени противници на Русија. Мислам они се замислувале, ама реално Русија на нив никад не ангажирала некоја сила да ги покори или стратегија за владеење со нив. Сите акции на Русија кон нив се да се тргнат комарците да не досаѓаат. Тоа што го попушиле после ВСВ, кој е крив? Начмиш?
Од кај тоа прилично е јасно да ги асимилира и контролира?
Јаките држави Литванија, Летонија и Естонија. Баш они фалат и Русија да биде комплетна! Дај не ме смеј.
А кој си ја има мувата на капата си ја ишка, ама 100% тоа не е Русија во овој случај!
 
Kako тргнале работите тие балтичките државички ко да ја молат Русија да ги направи пепел и прашина.
Сега се ко последни кукавици кријат под сукњата на НАТО ... но до кога, се си има свои граници.

Тие имаат огромно над 30% руско малцинство кое по растурањето на СССР живее под еден вид апартхејд, немаат право на глас, исклучени се од политичкиот живот, се принудуваат да даваат изјави дека не се согласуваат со Русија, во школите им се укинува наставата на руски јазик под изговор немало наставници, за најмал вербален деликт се протеруваат, ако случајно отидат во русија не ги пуштаат назад дома, на пат се да како во украина го забранат рускиот јазик и во приватна употреба, хулигани (кој знае дали и се хулигани а не провокатори платени од државата) малтретираат руси на улица, продавница итн ако чујат дека зборуваат руски и уште многу други работи.

А ние ко да заборавивме овде кај нас кого западот великодушно го помогна во 2001 за скоро ништо од она што балтијците им го прават на руското малцинство.

Е тоа се тие двојни стандарди.
 
Kakov e odnosot na Rusija i Baltickite drzavi niz istorijata :D? Kako ja zamisluvas nivnata simbioza? Prilicno jasno e deka Rusija ima ambicija da gi asimilira i kontrolira. Toa sto vo momentov ne mozhe, ne znaci deka nema takvi planovi.

vikas im trebalo poveke vreme od 50 god dur bea u sssr? da sakaa da gi asimiliraat i pretopat ke gi prakaa po razni gulaci i gradovi niz sibir kade bez problem ke gi asimiliraa za 2 generacii. na tolku pleminja u rusija sto gi imaat zadrzano site prava sigurno im doslo do baltickite pudlici...
 
Русија има интерес за руското население

Русите не се како македонскиот народ да се откажат од своите сонародници во соседни држави
 
Kako тргнале работите тие балтичките државички ко да ја молат Русија да ги направи пепел и прашина.
Сега се ко последни кукавици кријат под сукњата на НАТО ... но до кога, се си има свои граници.

Тие имаат огромно над 30% руско малцинство кое по растурањето на СССР живее под еден вид апартхејд, немаат право на глас, исклучени се од политичкиот живот, се принудуваат да даваат изјави дека не се согласуваат со Русија, во школите им се укинува наставата на руски јазик под изговор немало наставници, за најмал вербален деликт се протеруваат, ако случајно отидат во русија не ги пуштаат назад дома, на пат се да како во украина го забранат рускиот јазик и во приватна употреба, хулигани (кој знае дали и се хулигани а не провокатори платени од државата) малтретираат руси на улица, продавница итн ако чујат дека зборуваат руски и уште многу други работи.

А ние ко да заборавивме овде кај нас кого западот великодушно го помогна во 2001 за скоро ништо од она што балтијците им го прават на руското малцинство.

Е тоа се тие двојни стандарди.
И што испадна подобро, ова нивното или тоа нашето од 2001?
 
Русија има интерес за руското население

Русите не се како македонскиот народ да се откажат од своите сонародници во соседни држави
Toa e normalno, megjutoa i baltickite drzavi imaat interes za svojot opstanok. I tie za nivna srekja ne se ko makedonskiot narod pa da se otkazat od sopstvenata zemja. Kako sto gleas, i oni i Rusija imaat sprotiven interes.
Автоматски споено мислење:

vikas im trebalo poveke vreme od 50 god dur bea u sssr? da sakaa da gi asimiliraat i pretopat ke gi prakaa po razni gulaci i gradovi niz sibir kade bez problem ke gi asimiliraa za 2 generacii. na tolku pleminja u rusija sto gi imaat zadrzano site prava sigurno im doslo do baltickite pudlici...
SSSR vo mnogu raboti bil protiv ruskiot interes. Sepak i takov, ostail 30 posto rusi tamu. Znaci ne trebalo uste mnogu.
 
Back
На врв Bottom