@fennel Ќе ти одговорам тука на прашањето пошто темата е соодветна (зошто Литванија, Финска, Молдавија, Естонија, Полска, Словачка имаат легитимен страв од Русија и интерес да зајакнат одбрана).
Две главни причини, прва врзана со тоа како Русија ја гледа западната граница, и второ, сегашен политички контекст:
Прво, историја на руска експанзија кон запад. Полска беше поделена меѓу Советскиот Сојуз и Германија на почетокот на втора светска, а подоцна целата ставена под нивна капа со децении. Пољаците немаат симпатии кон Русија и автократско владеење врз нив, таа историја е свежа во нивното сеќавање. Финска изгуби територија после војна со Советскиот Сојуз, 40ти години, пошто не сакаше да биде под тоталитарната капа на Сталин. Балтичките земји, не по своја воља, завршија во орбитата на Советскиот Сојуз после втора светска, долго време под строг режим и слаб економски раст. Слична ситуација со Чешка, Словачка, Унгарија, Полска, сите они имаат непријатна историја кога се под капа на Русија со репресија, цензура, диктат на култ на личност, слаба економија. Ниту една овие земји не сака да биде владеена од автократ и да биде под капа на систем кој не произведува многу вредност. Русија е нуклеарна сила, која имала историски амбиции да се рашири на запад поради свој легитимен безбедносен интерес (да создаде зона која би ја одвоила од потенцијални закани од запад кои историски постоеле од време на Наполеон, па Хитлер, и денес а и за време на студена војна НАТО).
Второ, дел од овие земји имаат малцинства од руски етникум. После Крим и последниот конфликт во Украина, голем дел од нив се плашат дека Русија утре може да каже "правата на русите во Латвија/Естонија/Молдавија се загрозени - мора да интервенираме" и да оправдаат своја инвазија врз нив. Има огромна асиметрија на моќ помеѓу помаливе земји и Русија, не само нуклеарни можности, него војска, искуство и тн. Така да кога гледаат што се случува во Украина, и во јавна реторика, би биле доста наивни ако држат цвеќиња со знаци "не за војна, да за љубов и мир". Во нивен интерес е да зајакнат одбрана, со цел да одвратат потенцијален напад. Одозгора на тоа, Русија има историја со инвазии надвор кога внатре страда легитимитетот на власта (од царска русија и Руско-Јапонска војна, па до денес). Стравот е дека ако власта има внатрешна криза во иднина, они може да бидат мета, или ако Украина ескалира дека они се следни.
Во интерес на Русија е да затопли односи со Европа со цел да си обезбеди пазар за нафта и гас, и што е поважно, да привлече капитал и инвестиции на своја територија за сопствен развој. Русија е перцепирана како автократ што сака да владее по свое, а не систем што носи вредност каде што се инсталира, заради тоа и не е добредојдена во овие земји. Самата е економски многу назад споредено со Кина, САД, ЕУ. Ако неможе да затопли односи, а сака да биде релевантна следниве 50 години, ќе мора да смени економски систем (прво, владеење на право и пазарни слободи, масовни инвестиции во образование, стимулирање на бизнис, развој и тн).