Луди ко струја се во ,, моментално '' опозициската партија.
Бидејќи после наредни парламентарни избори прашање е дали и ќе бидат втора партија по број на пратеници, па да имаат со тоа и право на претседател во ДИК, и претседатели на одредени комисии во Собранието.
Моменталната партија на власт во државава има потенцијал да остане на власт отприлика толку години колку што беше Орбан до вчера на власт во Унгарија а тоа се 16 години, и овие кои се сега во државичево на власт е толку време и ќе бидат на власт. Само што не верувам во целиот период кој следува дека овој кој е сега премиер и лидер на владеачката партија, не верувам дека еден ист лик ќе биде премиер и лидер на владеачката партија.
Ќе се менува лидерот на партијата а со тоа и премиерот.
Ама партијата ќе си остане на власт.
Нема да има преговори со ЕУ од познати причини.
Ама тоа факт е дека е тоа расположението на мнозинството од Македонскиот народ, ќе си гласа и натаму народот за актуелната владеачка партија.
А моменталната опозиција скоро никогаш повеќе нема да е на власт, можат само да бидат евентуално приклучени во некоја голема широка коалиција за 10- тина години.
Како што во Србија СПС и Ивица Дачиќ се приклучија кон СНС, ама за тоа треба овде нова партија да се формира и да биде јака таа нова партија.