Колку вреди факултетската диплома?

Мене ме интересира дали е призната дипломата?

Па истото прашање е. Ако е заверена ќе биде признаена во странство. Затоа и ме интересира дали се заверува во Министерство. Кај нас е признаена до Охрид и назад, но ако е заверена тогаш и во странство е признаена. :)
 
Како одминува времето се повеќе и повеќе сум на ставот Против, отколку За, дека самата диплома има некаква вредност.

Имам завршено Правен на УКИМ, правен смер, и прв и втор циклус на студии. Она што го работам денес, има само мала опфатеност на она што беше предмет на моите студии, односно добар дел од овие закони ми беа само мисловна именка. Вистинското знаење го стекнав во текот на праксата, и кога почнав да работам, а не додека бубав. Сметам дека треба извесна модернизација на образованието, младите да се насочуваат прво да размислуваат, а потоа и критички да размислуваат. Да им се поставуваат прашања, зошто е така формулиран тој правен текст, да тргнеме од толкувањето, а потоа и надградувањето на правото.

Ние сме препишувачи, целиме кон правна унификација, со цел намалување на надворешните бариери за трговска размена. Тоа е еден проблем. Странските закони се пишува и за туѓ ментален склоп, а не за нашиот, сепак правото е алатката со кој треба да се воспостави јавната власт, контролата врз јавниот поредок.

Потоа, имаме премногу приватни факултети кои прават нелојална конкуренција. Приватњаците имаат, подобар просек од оние кои завршиле државно. Различни книги, иста суштина. На крајот на денот, двете дипломи имаат еднаква тежина на кантарот.

Тука е и партизацијата на целокупниот систем. За државно ти требаат врски и грб, за приватно трпение, волја, желба и карактер. Пазарот е ограничен, треба борба за секој клиент. И најголемите дудуци ќе се вработат, ретко во која институција можеш да најдеш квалитетен кадар кој знае да ти објасни и појасни, најчесто тоа се раководните лица, односно оние со долготраен стаж, кои студирале пред разводнувањето на образовните текови, каде мора да ја згужваш програмата во 12 предавања и на крајот да им дадеш Х страни до бројот на кредити кои изнесува тој предмет. Пропушташ да бараш и потенцијално битна содржина, односно на предавањата се фокусираш на одредени работи кои се покомплексни и многу побитни на сметка на други. Обемен брз курс кој резултира со испит.

Веќе скоро секој има диплома, па и завршен втор циклус. Ретко кој е среднист, а проблемите се гледаат и на пазарот на трудот. Занаетчиите се истребени, ги нема, нема (проста) работна сила затоа што се зголемуваат просечните години при започнување на прв работен однос. Ова ќе резултира со миграција на работната сила, поточно обезвреднување на нашата.

Лично сметам дека ни треба многу повеќе пракса. Не може да го напуштам правниот факултет, а притоа да не влезам во судница. Да не опипам реален предмет, не преку задолжителната пракса, чија потврда може да се фингира, туку на самите предавања. Секој предмет мора да има практичен дел, како што имаат семејно, наследно и мпп. Дури и политички систем имаше, само тоа беше за 9/10 во форма на математичко прашање (за делба на мандати).

Од мојата генерација, најбрзо просперираа оние кои беа деца на етаблирани адвокати, судии и обвинители. Одма некаде ги пикнаа. Дел си имаат и изградена кариера. И тука има непотизам, семејни и политички врски кои влеваат голема институционална недоверба, и во судството и во обвинителството.

Имам прогу проблеми со правото, пред се правната несигурност, каде преку ноќ може да се промени содржината на текстот. Правото е навлезено во секој општествен домен, и ќе продолжи да се шири, каде според мене е воспоставена преголема контрола наспроти личните слободи. Правата, од година во година, се скратуваат, односно се наоѓаат нови исклучоци од генералното начело. Ова некогаш е поволно, некогаш не.

Правниот факултет не е тежок факултет, за разлика од електро или медицина, ама и тука започнува да се гледа светлината на вештачката интелигенција која нахранета со посочените закони, судска пракса и факти и докази од спорот, може лесно и брзо да реши правен спор. Тука може да дојде и до заштеда на време и судски трошоци, повеќе спогодби и разум. Затоа и овој факултет умира, која се запишав јас, имаше повеќе од 300 упишани студенти. Завршија околу 200. Кога завршив, во таа генерација немаше ни 200 запишани студенти, секако дека нема да завршат сите, луѓето се пренасочуваат од правото, кој некогаш беше жежок и посакуван факултет. Имаат други слатки плодови, како брзи курсеви во АјТи, ама и тој сектор ќе се презасити. Тука нема и бариери на влез, може да се работи од било која локација која има пристап до интернет.

Теорија може да научи секој, и без предавање (како вонредните студенти), праксата е многу многу побитна. Секој проблем, секој спор е засебен. Каде што има судска пракса има еднообразност и едноликост (однапред се знае правниот исход), каде нема сите се уникатни и засебни. Секој има своја тежина и комплексност. Со ваквата поставеност на работите, дипломата е резултат на положени Х испити, чија материја делумно или речиси целосно се заборава после Х години, она што останува е рутината. Притоа, законот не се учи, тој се чита.

И да, оваа диплома важи само границите на оваа држава. Учиме за овој правен поредок, за нашите закони, институции и системи.

Никогаш сум немал вистинско интервју за работа. Каде и да сум започнал (зборувам за работа, ане за пракса), почнував затоа што нужно им требаше работник. Имав тест период, месец-дена, да докажам дека знам да го работам она што беше предвидено за тоа работно место, од работни задачи, до квалификации. Си воспоставив свој систем на работа на кој тие околу мене, сакаа или не сакаа, мораа да се приклучат. И секогаш напуштав сам, и како стојат работите, не секогаш за подобро. Тоа е, некоја будала мора да работи и од идеали!
 
Зависи кој факултет и кој ја продава и кому ја продава дипломата, за оние кои се спремаат за обични административци од партија ќе поминат поефтино, оние кои се уште незавршени а се кандисани со партиска одлука за министри и високи функционери ќе фати поскапо над 10 20 илјади евра. Мерко си ги даваше релативно ефтино за чесните кадри на дуи, миленковски за првите луѓе во државата си наплаќа побааѓи.
Ако не ти се даваат пари за јак факултет, а сакаш да си еснаф со диплома, со документ шо се вели, купи си за некој позабатален факултет поефтино, ветеринарство, земјоделство, градинарство, животна средина, шумарство, уметност и цртање, нема да се фалиш со правен, економски, безбедност, медицина, ама со мал влог ќе му ја мафташ дипломата на другарите и ќе шириш муабет дека имаш завршено факултет, да пукнат комшиите и душманите од мака.
 
Ао седиш дома и чекаш работа според дипломата не вреди ништо.
И ова држи вода, дипломата ти дава повеќе можности, можеш да извршуваше прости работни задачи, оние со неколку механички активности, и нешто покомплексно. Меѓутоа речиси секој, на овој или на оној начин, доаѓа до тоа парче хартија, а во реалноста образованието ни е навистина труло.

Ќе почнам од правен, социологија, историја, философија, англиски, право на информатичка технологија (ова треба да е право на интелектуална сопственост), две економии (економика и применета)...а притоа излегов од факултет каде ништо не слушнавме за управното право. Ни збор. Ништо. Можеби треба да има 24 предавања, наместо 12. Така нема да се брза да се истрча преку програмата. Дел од оваа програма ќе биде и практична настава, да стекнеш реални вештини и способности кои ќе треба да ги имплементираш во реалниот свет.

И да, имам и средно стручно, каде имаше преклопување на програмите со дел од предметите, како вовед во право и уставно. Нормално, беа проширени, меѓутоа од аспект на интелектуалната сатисфакција, некако бев разочаран. Трошиш 5 години од животот, а преку ноќ можеш да си купиш диплома.

Ако реално се посветиш на правото, и со неучење можеш да бидеш солиден правник. Законска материја, ја читаш пред да напишеш, ама треба да имаш и одредени други квалификации и способности, како резонирање, речовитост, логичко размислување и интелект кои ќе ти помогнат да ја градиш кариерата. Ако сакаш да бидеш административен правник, дефинитивно ќе изгубиш 5 години од животот во учење. Многу е подобро приватно, ќе поминеш прелесно, секако ако веќе имаш таква финансиска можност. Колеги кои не можеа да положат одредени испити, кои ги влечеа со години, за неполна година дозавршија ја Европски/Фон. Скоро сите испити им беа признаени, само нешто дополагаа.

Дури и со практичниот пример инкорпориран во самиот испит, како што имаше во меѓународно приватно право, ќе имаш и тежина на самиот факултет. Овој предмет важи за најтежок, на речиси сите студенти им останува последен, баш поради примерот од пракса. Го решаваш со закон пред себе, и да, речиси сите паѓаат од прва. На овој начин и самите правници ќе научат и да ги читаат и да ги имплементираат законите во секојдневниот живот.
 
Поентата ми беше шо многу љуге на свои 40+ ја користат дипломата како изговор дека нема да работаат нешто шо не им е по струката. Некоја врста на одбрамбен механизам и изговор да дремат дома и да живеат од пензијата на мама и тато.
 
Апсолутно. Се сметам за релативно образован човек (имам факс и магистратура) плус пар курсеви поминато, знам два јазика (англиски и основен германски) и пред околу 7-8 години бев у некоја криза и морав да прифатам било што да работам. 2-3 месеци работев амалска работа ... колега ми беше постар дечко од мене што малтене немаше средно :) и уопште немав проблем со целата ситуација.

Во моментов имам релативно ОК работа, а да се деси некој крах нема да ми биде проблем да работам привремено било што (delivery, келнер, граџевина ... а сум многу блиску у години на тие што ги спомињаш 40+). Кај нас голем дел од луѓето гледаат потценувачки на многу професии и тоа е катастрофално :)

На темата, диплома од факултет вреди за "крив кур" тука :) или имаш роднински и партиски врски (некој да те бутне некаде) или ќе рмбаш и ќе се молиш да ти упали тоа што го правиш. Трето нема :)
Затоа и овој факултет умира, која се запишав јас, имаше повеќе од 300 упишани студенти. Завршија околу 200. Кога завршив, во таа генерација немаше ни 200 запишани студенти, секако дека нема да завршат сите, луѓето се пренасочуваат од правото, кој некогаш беше жежок и посакуван факултет.
И јас имам завршено на правен (на времето), најверојатно сум неколку години постар од тебе. Колку што знам последниве години се запишуваат третина (и помалце) од тоа што се запишувале пред да речеме 10 години. На пример новинарство ако имало 2015 30 луѓе, во 2025 дали има 10 :)
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom