Дали музиката ни стана инфантилна?

  • Креатор на темата Креатор на темата Aceso
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 април 2021
Мислења
4.896
Поени од реакции
15.062
Пред некој ден ја слушнав песната “Лидија” од Young Daddy (денес ми е на repeat у глава, скроз е catchy).

Сепак, јас како човек кој што не само што ја слуша музиката за забава, туку и ги анализира текстовите, првично останав во неверување. Не сакам да звучам како хејтер, но текстот и структурата ми делуваат како да се напишани од третоодделенец. Ова ме натера да се запрашам: Што се случува со денешната музика?

Се чини дека критериумите за тоа што е хит се паднати на најниско можно ниво. Наместо метафори, емоција или барем малку креативност, добиваме едноставни фрази што се повторуваат до бесвест, текстови без никаква суштинска порака или вредност, музика која е дизајнирана само за видео на TikTok итн.

Разбирам и сфаќам дека музиката служи за забава и дека не мора секоја песна да биде филозофско ремек дело, но дали веќе претеруваме со банализирањето? Дали свесно го спуштаме прагот на интелигенција во поп културата само за да добиеме лесен ритам?

Дали ваквите песни се само минлив тренд или новата реалност? Дали вие кога слушате нова песна барате некаква уметничка вредност во текстовите или ви е важен само ритамот? И кој е виновен, дали изведувачите кои го нудат ова или публиката која го купува?
 
Разбирам и сфаќа дека музиката служи за забава и дека не мора секоја песна да биде филозофско ремек дело, но дали веќе претеруваме со банализирањето? Дали свесно го спуштаме прагот на интелигенција во поп-културата само за да добиеме лесен ритам?

Дали ваквите песни се само минлив тренд или новата реалност? Дали вие кога слушате нова песна барате некаква уметничка вредност во текстовите или ви е важен само ритамот? И кој е виновен, дали изведувачите кои го нудат ова или публиката која го купува?
Да го слушаш овој позеров Јанг Деди ради квалитетна музика е исто како да јадеш у Мекдоналдс и да очекуваш да го видиш Гордон Ремзи у кујна.

Не дека само за него важи ова, за цела модерна поп музика како Тејлор Свифт и остала багра.

Да не бидам погрешно сфатен некад у кола кога возам не ми иде да го слушам Џон Колтрејн, и мене ми се пријадува Мекдоналдс или што нуди радио.

Се знае кога се иде у добар ресторан а кога у Мекдоналдс. Е сеа младиве како млади по глава да ги удриш со квалитет нема да го препознаат.
 
денешната музика е пролазна, без некаква вредност. И тоа е така во сите жанрови. Некаква мас продукција на ефтино смеќе. Овие Ген З се скроз утепани и не знаат нешто оригинално да напраат.
 
Не. Јас ова не го слушам. Ова оди на радио изминативе десет дена и е на repeat. Така дознав јас за песнава уствари и за Young Daddy. Патем не ми е јасно зошто се вика young daddy, еден ден и тој ќе остари :tapp:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Mud
Пред некој ден ја слушнав песната “Лидија” од Young Daddy (денес ми е на repeat у глава, скроз е catchy).

Сепак, јас како човек кој што не само што ја слуша музиката за забава, туку и ги анализира текстовите, првично останав во неверување. Не сакам да звучам како хејтер, но текстот и структурата ми делуваат како да се напишани од третоодделенец. Ова ме натера да се запрашам: Што се случува со денешната музика?

Се чини дека критериумите за тоа што е хит се паднати на најниско можно ниво. Наместо метафори, емоција или барем малку креативност, добиваме едноставни фрази што се повторуваат до бесвест, текстови без никаква суштинска порака или вредност, музика која е дизајнирана само за видео на TikTok итн.

Разбирам и сфаќам дека музиката служи за забава и дека не мора секоја песна да биде филозофско ремек дело, но дали веќе претеруваме со банализирањето? Дали свесно го спуштаме прагот на интелигенција во поп културата само за да добиеме лесен ритам?

Дали ваквите песни се само минлив тренд или новата реалност? Дали вие кога слушате нова песна барате некаква уметничка вредност во текстовите или ви е важен само ритамот? И кој е виновен, дали изведувачите кои го нудат ова или публиката која го купува?
Морав да ја пуштам песната за да чујам..
И види чудо!! Па нема музика!
Некои неартикулирани електронски звуци, семпл од тапани поефтини од детски касио синтизајзер..
И некое лигавење што треба ваљда пеење да биде :toe:

Толку лошо што ни текстот не го приметив ако воопшто го имаше!
Али да.. video kill the radio star (rolling eyes)
Автоматски споено мислење:

денешната музика е пролазна, без некаква вредност. И тоа е така во сите жанрови. Некаква мас продукција на ефтино смеќе. Овие Ген З се скроз утепани и не знаат нешто оригинално да напраат.
Секоја уметност во основа е борба.. не битно против што.. ама бунт, среден прст, естетика против обичното..

Ген З ни со чатЏПТ не знаат шо к*р им фали у животот..
Толку се утепани! Зомби генерација!
 
Еве да направиме споредба со минатото, разлилата е евидентна. Некој ќе рече и порано имаше такви песни, ко на пример “кучето мое” од Студени нозе. Но, разликата е во тоа што “Кучето мое” беше намерна пародија и свесен хумор. Студени нозе имаа дух, имаа виц и го користеа тој маалски жаргон за да не насмеат. Они не се преправаа дека пишуваат висока уметност, туку правеа интелигентна забава.

On the other hand, имаме песни од кои може да се научи нешто, македонските евергрини како “Делфина” , “Чија си”, „Каде песно моја“ и уште многу други кои се вистинска поезија. Таму секој збор е софистициран, секоја метафора има тежина, а жената е инспирација и муза, а не само објект за дофрлање.

Трагедијата со денешниот бран е што баналноста не е ниту шега, ниту уметност.
Кога текстот се сведува на дупла линија и качи се па види ја само за да се погоди римата, јасно е дека сме паднале на ниво на основно училиште.
 
Има и сега добра музика, ама и вие не ги слушате новите добри песни. Јас мислев да правам музика и се откажав дека знам никој нема да цени. И порано не се ценеше добро, луѓе слушаа глупости како Врчак и XXL.
 
Не ги можам ни јас ни еден од нив, не само тој, туку и тие траповите во стил на Пајак, на пример. Ми звучи ко од Alvin and the Chipmunks преработките. Исто и таквите квази-рапери ко 2 Бона, Таско и сл. Јас нормален рап не можам да смислам, а не па ова лигавење.

Ама има „нови“ деца кои ми се свиѓаат. Не се многу, ама ги има. Пример, еден од најслушаните наши изведувачи последниве години ми е бендот Fiction, многу ми се допаѓаат. Некој инди-поп-рок фураат кој баш ми е по мерак и ги обожавам. Еве овој настап, на пример и гитарското соло на крајот не знам колку пати го имам преслушано. Знам, прашање на вкус е, знам - повеќето ќе најдете милион замерки, ама ако можете да најдете нешто подобро, бујрум!

Малце поалтернативно и не се баш нови, веќе повеќе од деценија создаваат музика, ама исто ми се оригинални, надреални (со текстовите особено) и секогаш свежи - Funk Shui.

И некој guilty pleasure, особено последните неколку песни како „Четири“ со Бојана Арсовска и новата „На пола пат“ баш ми се супер - Дупер!

И секако, ја спомнав во друга тема, а еве и тука - Дина Јашари ми е бонбонче. Во тој стил, некој инди-поп ОК е и малата на Пере од Нокаут, Миа Перевска, само таа има многу малку песни до сега, за разлика од Дина.

Има, има ОК музика и денес, сега не сме ние Британија или САД, не може да се носиме со нив секако, ама може да се најдат ОК звуци.
 
Не. Јас ова не го слушам. Ова оди на радио изминативе десет дена и е на repeat. Така дознав јас за песнава уствари и за Young Daddy. Патем не ми е јасно зошто се вика young daddy, еден ден и тој ќе остари :tapp:
Бидејќи не се вика така, туку Young Dadi. :D

Еве да направиме споредба со минатото, разлилата е евидентна. Некој ќе рече и порано имаше такви песни, ко на пример “кучето мое” од Студени нозе. Но, разликата е во тоа што “Кучето мое” беше намерна пародија и свесен хумор. Студени нозе имаа дух, имаа виц и го користеа тој маалски жаргон за да не насмеат. Они не се преправаа дека пишуваат висока уметност, туку правеа интелигентна забава.

On the other hand, имаме песни од кои може да се научи нешто, македонските евергрини како “Делфина” , “Чија си”, „Каде песно моја“ и уште многу други кои се вистинска поезија. Таму секој збор е софистициран, секоја метафора има тежина, а жената е инспирација и муза, а не само објект за дофрлање.

Трагедијата со денешниот бран е што баналноста не е ниту шега, ниту уметност.
Кога текстот се сведува на дупла линија и качи се па види ја само за да се погоди римата, јасно е дека сме паднале на ниво на основно училиште.
Ете најде една стара поп песна која, според тебе, имала некаква тежина. Што правиме со останатите 98% од поп музиката или жанровски недефинираната популарна музика која е тешко срање? Зарем една песна е доволна да речеме дека порано поп музиката била содржински подобра од денешнава?
 
Еве да направиме споредба со минатото, разлилата е евидентна. Некој ќе рече и порано имаше такви песни, ко на пример “кучето мое” од Студени нозе. Но, разликата е во тоа што “Кучето мое” беше намерна пародија и свесен хумор. Студени нозе имаа дух, имаа виц и го користеа тој маалски жаргон за да не насмеат. Они не се преправаа дека пишуваат висока уметност, туку правеа интелигентна забава.

On the other hand, имаме песни од кои може да се научи нешто, македонските евергрини како “Делфина” , “Чија си”, „Каде песно моја“ и уште многу други кои се вистинска поезија. Таму секој збор е софистициран, секоја метафора има тежина, а жената е инспирација и муза, а не само објект за дофрлање.

Трагедијата со денешниот бран е што баналноста не е ниту шега, ниту уметност.
Кога текстот се сведува на дупла линија и качи се па види ја само за да се погоди римата, јасно е дека сме паднале на ниво на основно училиште.
Студени нозе беа група кога и Ребека беше пејачка :rolleyes:
(и Ристо Бомбата, и остали трагедии на нашава "сцена)
Тоа дека имале виц... е само по себе виц :ROFLMAO:

Ретко те виџам са девојкама од Идоли, или Маљчикли од Идоли, да, се драпале на велико на теми за кои лесно можело и у затвор да се заврши..

Кучето мое како метафора на к*р ти е истата таа осмооделенска "поезија" за која тој Дади го критикуваш :cautious:
 
Има, има ОК музика и денес, сега не сме ние Британија или САД, не може да се носиме со нив секако, ама може да се најдат ОК звуци.

Таму па цвета работава. И они по дното гребаат у поглед на квалитет.
 
Има и сега добра музика, ама и вие не ги слушате новите добри песни. Јас мислев да правам музика и се откажав дека знам никој нема да цени. И порано не се ценеше добро, луѓе слушаа глупости како Врчак и XXL.
Неправедно е да се стави Врчак, па и Слаткар и Тони Зен, во истата категорија со баналноста Лидија.

Врчак бре е мајстор за својот жанр. Има приказна и игра со зборови, а не само два реда муабет и вокабулар од 50 зборови.

Текстовите на Слаткар се социјална критика, има револт, има поента, има поука.

Кои се тие нови песни што се добри? Дај примери да чуеме.
 
Јас остарев, ама музиката што ја слушав се држи, подобро од мене!
Ретко сум ја ценел нашата музичка сцена, имаше и добри работи понекогаш. Некако по инерција на времето и возраста тегнев кон западната рок братија.
Денес секој ден во кола ми се врти Иглс, Супертремп, Пинк флојд, Ху .... па и АББА.
Како млад, ја слушав у основа мелодијата, сега текстот. И уалаа, некои од авторите биле страва, и сега актуелни и тоа како.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom