И јас сум со план за монтирање на клима во стан па можеби
@tzlatko да го има истиот "проблем" како мене.
На надворешниот зид во дневната има три прозорци кои се многу високи и многу блиску еден од друг и блиску до спротивните зидови.
Така да нема место за клима ни над нив ни измеѓу нив. Само испод нив за парапетна.
На метар можеби метар и пол од надворешниот зид спрема внатрешноста на дневната во горниот дел има носач кој што е паралелно со надворешниот зид. Масивен носач пошо нели зграда е, 30цм можеби 35 има. Не сум мерел. Не живее никој во станот моментално.
Мојот план е внатрешната да биде пола на носачот а пола да виси надолу

Точно оној дел позади кај што се цевките ќе виси.
Потоа цевките хоризонтално излегуваат на лево каде што има врата за на тераса и таму ќе биди надворешната. Хоризонтално али сепак малку пад да има поради цревото за одвод. Растојание од внатрешната до вратата за тераса најмалку пола метар можеби метар.
Растојание од внатрешна до надворешна можеби 5 метри бидејќи надворешната ќе биде на спротивна страна на терасата.
Климата најверојатно ќе биде Мицу ЛН 3.5 пошо е веќе докажана тестирана од
@zlatko_ti412 
Само не е ништо хитно, имам фора до наредна зима. Ќе видам кој ќе даде највеќе попуст за плаќање во кеш.
Барем 10% што на 100,000 денари колку што бараат за ЛН, се 10 илјадарки па со нив ќе се плати монтажа.