- Член од
- 5 април 2013
- Мислења
- 3.446
- Поени од реакции
- 7.281
Нејасно е очигледно дали ќе дојди, ама во секој случај мора да ги таргетира поквалитетните македонски играчи Пелистер ако сака стабилен и конкурентен состав на подолг рок. Серафимов не е совршен, но реално е еден од подобрите македонски играчи воопшто во моментот. Во напад, мислам дека може добро да се вклопи ако се донесе пробивен среден бек. Во одбрана, игра, ама е подобро да имаш друго решение (дали крило што брани на 2ка, дали среден што игра одбрана...). Единствено негативно е што е сличен играч на Видомски по профил - нема баш да има тренерот различни опции, какви што имаше со Цехте и Хосни.Кое мислење го имате за Серафимов? Не толку како играч до сега, туку како би се вклопил кај нас, каде би играл - напад/одбрана, колку би дал придонес (ако знаеме дека Алушовски ќе си остани).
Во секој случај, ако е вистина е добар трансфер. Во добри години е, следните неколку треба да му е пикот на кариерата.

