Дневнополитичките игри се својствени на САД кога се во прашање жртвите на нивниот интервенционизам. Но тоа не е својствено на геостратешката политика на САД. За да ме убедиш дека САД не знаеле дека ќе заглават во војнава., прво ќе треба да ме убедиш дека Русија појма немала што ги чека во Украина. Неможеш тек така лесно да кажеш дека сила која ги обучила Украинците да се борат со Русија, горе-доле успешно во смисла на тоа со каква сила се соочуваат, така наивно ќе постапи со Иран.
Дури и Израел да го контролира САД, како што сакате да кажете, пак и тоа не е во никаков интерес на Израел да направи една таква непромислена авантура. Збориме за држава чија служба вметнала пејџери во исклучително непријателска организација и со тоа ги обезглави преку ноќ. Што е Израел без помошта на САД? Најмалку од се е интерес на Израел да се изгуби влијанието на овој моќен партнер од регионот, тоа за нив е самоубиство. Чак што више, ова е полошо сценарио за Изреал, пошто е егзистенцијален проблем, одколку за САД.
Мислам дека е докажано и покажано дека службите на Израел се добро информирани за тоа што и како поседува Иран. Не би се впуштиле тек така во авантура, ако биле свесни дека тоа може за нив да заврши кобно. Случувањата во Сирија покажуваат дека не смее да се потцени САД во цела оваа приказна.
мислеа дека прво режимот ќе падне по 2 дена протести, а после мислеа дека ќе падне ако го бомбардираат






