Отворив пак на странава на фб за продажба на станови, првите 5 огласи се следниве:
Прегледај го приврзокот 473440
Нова зграда во Тафта, мал број на станови. Не пишува квадратура, ама личи ко да е максимум 65 квадрати. Убава ориентација, нема паркинг. Цена факинг 188.500 евра.
Прегледај го приврзокот 473441
Факинг 8 кат, многу веројатно последен. Нема паркинг, има парни греење. 50 квадрати за 138.000 евра. Ќе намали до 135.000 макс. Во превод 2700 евра квадрат за кај Мида.
Прегледај го приврзокот 473442
Градба од времето кога Тито бил во најјаки години. Пред 56 факинг години, стан во реновирање (во превод распад), без лифт. Место загарантирано, жими куров. Имаат налепници од општина, ама никој не ти гарантира дека ќе најдеш место пред зграда. Ако не најдеш, ќе кружиш ко воле пола ден. За 63 квадрати, цена 115.000 евра. Во превод и да спуштат, ќе те фати 1800 евра квадрат за стан од пред дедо Ное.
Прегледај го приврзокот 473443
Позади Силбо, најужасна локација. Паркинг пред зграда = нема паркинг.
На сутерен, што значи може да се простиш од мирот и ќе треба да се забарикадираш со решетки за да не те ограбуваат секој втор ден. Греење на клима, а мебел од времето на поплавата во 1962. Сигурно фрижидерот е марка Ободин.
Одлична инвестиција, 101.000 евра за 45 квадрати. Во превод, околу 2200 евра квадрат.
Прегледај го приврзокот 473444
Зграда од дедо Ное, во хаосот во Кисела Вода. Паркинг пред зграда = нема паркинг. Светол стан, а ориентација запад, многу дискутабилно. Комплетно реновиран, по вкусот на баба Параскева. За 57 квадрати, 115.000 евра. Во превод 2000 евра.