Ајде да прашам тука, зошто гледам дека доста од вас се прилично добро упатени околу автомобилските делови и цени. Се надевам дека ќе добијам некоја корисна информација од некого, или можеби ќе ме упати каде да се обратам.
Сакам да земам спојлер за Citroen C4 Coupe. Од Автонова добив информација дека се околу 500 евра, што е неприфатливо висока цена без разлика на тоа за каков квалитет станува збор. И тоа, станува збор за цена без фарбање. За фарбањето е башка. Секако дека поисплатлива варијанта е купување преку интернет или од друго место (или странство).
Дали знаете како се движат реалните (а не напумпаните автомпортерски) цени? Колку што гледав по интернет, спојлериве се различни. Околу 80-90 фунти, 150 долари и тн... Дали може кај нас да се најде спојлеров, или подобра варијанта е да се земе од Грција на пример?
Ако не знаете за кој спојлер станува збор, еве фотка:
![]()
![]()
имаше во велес тојота селика,со custom made браници и спојлери ваљда од Струмичанецов...прекрасно изгледаше,професионално завршена работа...на ниво беше...Бреее...
Не е тоа „ружна“ или каква било пластика...
Се прави калап...во тој калап се лие тоа смесата пластична...кога ќе се извади од калапот се обработува, се фарба, се средува...
Па на крајот на краиштата, и фабричките спојлери се одливци...
А во Струмица имаше еден, правеше чуда од пластика...браници, спојлери...и не беа воопшто лоши...напротив!
повелиЗдраво. Барам шалтер за Голф 1 1.6 дизел или бензин, нов или половен. Или ако може некој да ми каже каде може во Скопје да го најдам и колку се движат цените?
Благодарам.
Ја знам продавницава, во маало ми е. Ајде, ќе тркнам утре да видам што имаат да кажат.Вакво спојлерче или ке најдеш а ако немаат во моментот тогаш ке ти направат на раскрсницата кај ЈОСИП БРОЗ ТИТО гимназијата во центар.
Типците порано имаа продавница на Кале,сега се тука и без проблем можат да ти излеат било што.
Имам слушнато дека во сервисот Сатра се правеле одлични спојлери, нормално по твоја нарачка и не биле многу скапи.Отприлика не би требало да ти бараат повеќе од 150-200 евра.Таква варијанта не доаѓа во предвид... Не е ова Лада, па да ставам било каква пластика.
Или вистинското, или ништо![]()