Сега се изнастава линкови од секоја можна емисија на ИРЛ, а онаа најбитната не си ја изгледал. Пробај најди ја, види што зборат роднините на починатите во неа, пробај после да најдеш што зборат истите на судењето и пробај најди НЗС зошто некој би отишол со таква емисија во јавност.
Линковите на ИРЛ се реплицирање на тоа што го пиша дека се екстензија на СДС, поентата ми е беше дека покриваат злоупотреба и кај двете страни. Емисијата за Жан Митрев, не гледам по што е најбитна и во овој контекст релевантна - зборуваме за злоупотреба на власт и корупција, а природата на предметот со Жан Митрев е различна (измама). Фокусов на темава е корупција и злоупотреба на власт - мене ме интересира државна управа повеќе овде.
Не сум бил член на партија никогаш во животот, ти си? Имаш лично искуство за она што го збориш за внатрепартиски дискусии?
Ни јас, затоа и прашував ако некој од форумов бил дел, да ја прекрши омертата.
Најголем проблем и во судство и во здравство и во новинарство во Македонија според мене е што секогаш ги ставаме лицата кои работат во овие сфери како жртви на политичарите, кога е најчесто баш обратно, они се тие кои ги нудат своите услуги на политичарите. Ваљда е болест останата од комунизмот тоа.
Соучесници се, тука се сложувам, со тоа што политичарите имаат повисок степен на вина, бидејќи има голема асиметрија на моќ меѓу нив. Како политичар имаш власт и јавен апарат под тебе (полиција, служби), можеш и со пари, и со закани, и со услуги, кариерни унапредувања да влијаеш на новинари и судии (кои се во инфериорна позиција). И едните и другите се криви, само што едните малку повеќе. Се разбира, има и жртви меѓу судиите и новинарите: оние кои покажуваат интегритет, не сакаат да подлегнат на притисоци и често страдаат од закани, уцени и јавен линч. За мене овој тип на новинари, судии, јавни службеници се најголеми патриоти, преземаат ризик во интерес на државата. Истото важи и за политичари.
Ако не беше битно кои се позадинските цели на новинарите кога се снимаат вакви стории, тогаш најдобар пример за темава ќе ти беше Фуркан Салиу можда. ИРЛ и Фуркан се 100% согласни во ставовите веројатно, пошто дуваат во иста шупелка. Онака, прав патриотизам
Можеби си во право. Моја перцепција е дека често фрази како "имаат позадински цели" или "одработуваат за Х" се користат да ги аболицираме оние кои се предмет на сторијата од вина. Се игнорира содржината (злоупотреба на моќ за прибавување имотна корист) и се фокусираме на ад хоминем делот (зошто немаат кредибилитет).
Не сакам Фуркан да биде тема на дискусија, ниту ИРЛ, туку повеќе фокусот сакам да е на злоупотреба на моќ. Милијарди се изнесени од Македонија, имаме партизирана јавна администрација, економски сме меѓу најслаби земји во Европа, 2% судство. За мене ова е темата - изворот сметам на сето ова дека е ист. Од каде потекнува овој проблем? Колку е сериозен? Како да се решава? Оваа е насоката.