Јас ова не би го зел.
Зошто?
1. Неоригинална маска сосе фарови.Најверојатно е од 2002 тии
2. Жмигавците стојат во крилата, на ќошињата веднаш под хаубата а на ова ги нема никаде, та и дупките се затворени.
3. Ниеден бандаш не е оригинален.
4. фали бравата на багажникот сосе знакчињата на хаубите.
5. Гнила е многу (иако изгледа добро однадвор)
6. Воланот не е оригинален
7. Заден везен лим долен дел најверојатно некоја додавка, секако неоригинален
8. Сите лајсни фалат
9. Кај ли ќе му барам делови??????
10. Ова би можела да послужи за делови ако друга има човек за средување.
11. Добро сочувано?!!! да ми даде шеќер и водичка да се напијам, се уплашив од сочуваноста!
Еве како изгледа добра основа за реставрација.