Честита нека им е титулата, апсолутно заслужена, не издоминираа во секој поглед, и на терен и на тактички план.
Реков пред некој ден, дека ќе биди многу тешко да ги тепаме, посебно без среден бек, далеку се сега појаки од зимата, плус се воиграа,ама дека вака доминантно ќе не изгазат не очекував, плус без десен бек ни играа,ама можеше да се очекува ова, ти ко не можиш нормално РК Прилеп да го тепаш дома, шо има помал буџет од годишната плата на еден наш играч, нема шо да прајме појќе муабет

Денес глата ни ја дупнаја во одбрана, буквално не размонтираа во второ, лекција по дефанзива, Гоце Џомба го напраја Дилан Наи, то е то, алал нека му е на дечкото, ги уништи.
Денес личевме на екипа од трет ешалон од Челинџ куп, РК Коњух Намештај и слично, џабе толку сезони во ЛШ. ништо не научивме од тој модерен ракомет.
То е то, коректно и доблесно е да се признај кога си послаб, а оваа сезона бевме за класа послаби на терен од нив, иако по имињата во ростерот треба/ше да е обратно,ама не играт имињата.
Сега останва чесно да се доигра сезоната, да се оди ALL IN на то второ место и директен пласман во ЛЕ,ама сега со овај пораз ги вративме и то како во игра шанкурињата од тврдината, зато беше важно да се тепа денес, ќе одевме на +2 од нив, па во 4 то коло ако ги тепавме ќе бевме на +4.
Кучка ќе се кучи до крај за то второ место, 4 то коло идат слугите, заедно со Славета, Бабачо, експерто, ништо чудно и без то второ место да останиме.

Со ваква аматерска игра и тотална недисциплина во играта и на клупата ќе биди весело на тие гостувања во Скопје и во Епархијата, и не треба и не смеј да сме многу оптимисти со ваков шарлатански пристап кон играта.
Страшна недисциплина има во екипата,
и кон играта и кон тренерите, а то е директно непоштовање кон публиката шо се закрева секогаш и сегде да ги бодри, то го вергламе цело време, ама џабе,
ШО РАЗБИРАМЕ НИЕ ОД РАКОМЕТ?
Шо е најтрагично, та недисциплина иди од најискусните играчи страдавме и уште ќе се страдаме оваа сезона, шо треба/ше и мораше да се пример за останатите.
Џабе тренери се менват, џабе се бара виновникот на друго место а на теренот, кај играчите смрди уште од стартот на сезоната, не да смрди КОПА, то се виде уште на утакмиците со Алкалоид и со клубот од тврдината.
Нека заврши сезоната и мора од управата, ако имат некаков план за во иднина, да ја земат метлата од зад врата и сериозно, ама најсериозно да го ЗАЧИСТАТ КЛУБОТ ОД ЗАМИСЛЕНИ ЗВЕЗДИ.
Пола екипа плачи и е печена за непродолжвање на договорите, предвремен раскин итн.
Арам нека му се тие високи плати шо ги калапат, небаре за РНЛ и Гумерсбах играт, а на терен личат ко некои аматери од РК Ринија.
Џабе тренери се менват ко чорапи, рибата смрди од глата ( од главните играчи шо ги смета(в)ме за носители на играта).
Ракомет со одење не се игра.
Помина времето на тој ракомет, сега или ќе трчаш без топка, ќе се научиш малку техника, не ко некој бик лупај во зона без идеја и чекај пенал да ти свирнат, ќе се научиш да нападниш на гол,ако не те бива за то, ќе си седниш на клупа и нема да се срамиш да те гледа рајата кај шо се бламираш да ти паѓа топката од раце ко на некој цицибан.