ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Медо по онаа криминално лоша сезона лани оваа ја почна во јак препознатлив ритам за него. Не е на одмет за фановите на тенис он да се наметне ко таа трета фигура годинава наместо лузерот Саша. Само јебига ова ќе се дешава на тврда подлога што ги прави Алкараз и Синер недопирливи на земја и трева.
 
Само јебига ова ќе се дешава на тврда подлога што ги прави Алкараз и Синер недопирливи на земја и трева
А и на Слем тешка работа со овие двајца дека ќе се носи.
 
А и на Слем тешка работа со овие двајца дека ќе се носи.

Го доби Алкараз на УС Опен 2023 и Синер на Вимблдон 2024. Во топ форма никад не би го отпишал Медведев против никого.
 
Медведев ти е како ВТА турот. Сега го доби Алкараз и којзнае кога друг пат. Не само него ами и други од топ тенисерите.

Ма да се надевам ќе ме демантира, иначе ќе е премногу досадно со Алкараз и Синер.
 
Го доби Алкараз на УС Опен 2023 и Синер на Вимблдон 2024. Во топ форма никад не би го отпишал Медведев против никого.
Знаеш какви играчи беа тогаш Алкараз и Синер а какви се сега, така?
 
Да не заборавиме, Медо го доби и Џоко 2021 во финале на УС Опен во ерата на најголема доминација на Џоко со 3:0 Таја година Ноле ги освои Аустралија, Ролан гарос и Вимблдон, Медо никако не е за отпишување
 
Добро бе ти си у право , аман.
Брат што се палиш не знам, јас сакам ти да си во право и да има некој што ќе ги раздрма малце двајцава, ама реалноста е друга за жал. Ај ќе видиме денес како ќе биде против Синер.
 
Да не заборавиме, Медо го доби и Џоко 2021 во финале на УС Опен во ерата на најголема доминација на Џоко со 3:0 Таја година Ноле ги освои Аустралија, Ролан гарос и Вимблдон, Медо никако не е за отпишување
Да и тоа финале го изигра со ненормално добар сервис, агресивност и решителност, нешто што за жал се претвори во дефанзива, статичност и беда во наредниве 5 години. Само минатата година имаше два порази на слемови од Бонзи, еве го годинава како и минатата во Австралија пораз од Тиен, не е тоа тоа, едноставно мора многу повеќе на слемови.
 
На мастерсот во Мајами во 2 коло потенцијално би играле Алкараз и Фонсека, секако треба првин во 1 рунда Фонсека да победи против Марозсан од Унгарија.
Во Индијан Велс Фонсека успеа прилично да го намачи Синер во меч од два сета и двата сетови во тај брејк, притоа Фонсека испушти сет топка во тај брејкот во првиот сет.
 
После полноќ по средноевропско време ќе се игра мечот помеѓу Алкараз и Фонсека на мастерсот во Мајами.
Очекувам добар отпор да пружи Фонсека, може и ќе изненади.
Лани во Декември играа егзибиција во три сетови, 2-1 победи Алкараз.
 
И Алкараз бил од крв и месо. Баш ме интересира Корда дали ќе ја искористи оваа голема победа да стигне до самиот крај.
Откажувањата на Новак и Мусети како и поразите на Де Минор , Дрејпер и Бублик отворија голема прилика за тенисери ко Фриц и Вашеро да играат уште едно финале или некој како Корда , Пол и Филс да напраат сефте. Нема да биде ништо ново , 1000ките последниве 7-8 години имаат 30 различни финалисти можда.
 
Медведев ти е како ВТА турот. Сега го доби Алкараз и којзнае кога друг пат. Не само него ами и други од топ тенисерите.

Ма да се надевам ќе ме демантира, иначе ќе е премногу досадно со Алкараз и Синер.
..
 
Back
На врв Bottom