Македонски фудбалски приказни

  • Креатор на темата Креатор на темата џимеј
  • Време на започнување Време на започнување

И слепата кокошка набоде зрно, ај да се над3ваме дека ќе има уште некој бод..... Не ми е јасно тр3нерот на Шкендија кажува теренот на градски бил лош, можеби поради утакмицата со Казахстан и дождовите ?
 
Фудбалска приказна без фудбал од Крива Паланка... :) Имено направена е трибина на градскиот стадион а повеќе од 30 години немаат никаков фудбалски клуб ниту во најниските регионални лиги :D
 
Attachments

  • Screenshot_20260311_163617_Facebook.jpg
    Screenshot_20260311_163617_Facebook.jpg
    241,2 KB · Прегледи: 46
Фудбалска приказна без фудбал од Крива Паланка... :) Имено направена е трибина на градскиот стадион а повеќе од 30 години немаат никаков фудбалски клуб ниту во најниските регионални лиги :D

Кога ја видов синојќа веста дека направиле трибина, баш тоа ме заинтересира, дали имаат клуб и која лига е. После некое време гуглање "крива паланка стадион", дознав дека Цеца на нејзиниот концерт изгазила со публика па најверојатно за тоа е направена трибинава, за да можат да штанцаат повеќе билети на концертите. Секако, мизерија од инвестиција. Дали има 1000 столчиња и не личи на ништо. Личи повеќе на тренинг центар отколку градски стадион.
 
Не знам со која цел е направена трибината, ама за мене е позитивно тоа што се направила трибина, е сеа како изгледа и делува од страна тоа е друга работа, но ако во секое помало место се вложе барем колку за оваа трибина ќе имаме сигурно подобри услови. Глеам има тартан околу стадион или само на дел од него, на крај краева немора да се игра фудбал на теренот ете нека фрлаат ѓуле и копје :)
Пак ќе речам, има многу градови и клубови во Македонија кои немаат основни услови за работа, а играат кои во прва кои во втора лига, да не зборуваме за некои во третите лиги. Од вецеа до трибини, па и до асален терен.

У време на Грујо се изнаправија игралишта, наместо тие пари да ги усмереа на веќе постоечки објекти да ги реновираат или да направат подобри, тие направија безврска терени..

Можеби сме оф топик, може мислењата и тука да се префрлат https://forum.kajgana.com/threads/sportski-objekti-vo-makedonija.124529/
 
Па токму тоа. Многу клубови немаат никакви услови они инвестираат во трибина каде ќе се прават летни фестивали за туристички агенции од бугарија да носат хората да слушаат српска музика. (ова се подразбира ако е инвестиција на владата а не на градот зашто прочитав дека е финансирано од министерство за спорт).
Место средствата да се вложеле каде стварно има деца кои тренираат и некаква перспектива, они ги лупнале на едно мртво трибинче и тартан со три ленти. Искрено, ужасно изгледа трибината и не би се фалел со ваква инвестиција да сум на власт. Без многу размислување ми текнува на пет градови и стадиони кои заслужуваат повеќе од Крива Паланка. Секако, не викам дека К.Паланка не заслужува ништо, но кога ситуацијата е мизерна во државата мора да има некоја приоритетна листа. Ми нема смисла да се вложува во Крива Паланка додека во Кочани, Штип и Куманово изгледа како бомба да паднало на трибините. Едно мртво столче нема а се игра прволигашки и второлигашки фудбал. Али има смисла ако се спрема пак таков некој фестивал каков што имало минатото лето.
 
Фудбалска приказна без фудбал од Крива Паланка... :) Имено направена е трибина на градскиот стадион а повеќе од 30 години немаат никаков фудбалски клуб ниту во најниските регионални лиги :D
Не е баш точно. Екипата која порано се натпреваруваше и во сениорски фудбал, ФК Осогова Крива Паланка, во последниве години има младински академии во повеќето категории. Децата тренираат и ги играат натпреварите на овој терен. Мислам дека во некоја од конкуренциите (мислам во пионери) ко да беа прво место во втота лига.
 
После некое време гуглање "крива паланка стадион", дознав дека Цеца на нејзиниот концерт изгазила со публика па најверојатно за тоа е направена трибинава, за да можат да штанцаат повеќе билети на концертите. Секако, мизерија од инвестиција.
Тие "концерти" се од отворен карактер кај што не се наплаќаат никакви карти за влез, затоа што претходно певаљките се добро наплатени од градскиот буџет ,така да сигирно не е за тоа :)
Не е баш точно. Екипата која порано се натпреваруваше и во сениорски фудбал, ФК Осогова Крива Паланка, во последниве години има младински академии во повеќето категории. Децата тренираат и ги играат натпреварите на овој терен. Мислам дека во некоја од конкуренциите (мислам во пионери) ко да беа прво место во втота лига.
Имаш добро познавање од мак фудбалот, дури и од младинските селски лиги, мора да се признае :D
Има некои младински екипи што се такмичат во пониските лиги, ама тоа сигурно не е причина да се направи трибина а притоа да не се реновораат постоечките соблекувални/простории, освен ако немаат план од тие деца да направат екипа за трета лига.
 
Ќе има прераспределба на регионите од наредна година. Досега Крива Паланка спаѓаше во трета лига север, заедно со ОФС Скопје, Куманово и Кратово. Ради далечината, не им се исплаќаше на никого од Кратово и Паланка да пријавува екипи. Една година Силкрат од Кратово одигра една полусезона во трета лига север пред да се откаже. Имаа една општинска лига тие години, играше Фк Конопница :D

Немам такво инфо, ама можеби ќе спремаат екипа за трета лига догодина. Со новите прекројувања МИСЛАМ (не сум сигурен) дека скопскиот ќе биде еден регион, а Куманово, Паланка, Кратово и мислам дека Свети Николе ќе влезе таму, ќе биде друг регион (на времето знам имаше козјачки регион во кој влегуваа овие екипи). ФК Куманово догодина ќе спрема екипа за влез во втора лига, бидејќи ќе нема ривали од скопско.

Инаку, мојот прв комшија со години беше тренер во младинските категории на Осогово КП во 90-тите. Често ги носеше да играме пријателски на Славија (тогаш бевме ЈСП Скопје) во Пржино. Знам еднаш не тепаа 1-4 :D
 
Последно уредено:

И спремија екипа официјално за трета лига и бројката на регионот ја заборавив. Викендов прв пријателски натправар и почнуваат од оваа сезона. Инаку имаше пред незнам колку години фудбал во тие општинските лиги.
Да не случајно комшијата ти се вика Кала? Имаше еден таков тренер 2000-2001ва. :D
Па токму тоа. Многу клубови немаат никакви услови они инвестираат во трибина каде ќе се прават летни фестивали за туристички агенции од бугарија да носат хората да слушаат српска музика. (ова се подразбира ако е инвестиција на владата а не на градот зашто прочитав дека е финансирано од министерство за спорт).
Место средствата да се вложеле каде стварно има деца кои тренираат и некаква перспектива, они ги лупнале на едно мртво трибинче и тартан со три ленти. Искрено, ужасно изгледа трибината и не би се фалел со ваква инвестиција да сум на власт. Без многу размислување ми текнува на пет градови и стадиони кои заслужуваат повеќе од Крива Паланка. Секако, не викам дека К.Паланка не заслужува ништо, но кога ситуацијата е мизерна во државата мора да има некоја приоритетна листа. Ми нема смисла да се вложува во Крива Паланка додека во Кочани, Штип и Куманово изгледа како бомба да паднало на трибините. Едно мртво столче нема а се игра прволигашки и второлигашки фудбал. Али има смисла ако се спрема пак таков некој фестивал каков што имало минатото лето.
Тартанот е пред короната таму и е финансиран од Бугарија/ЕУ. Трибината лошо изгледа ама тие се условите и просторот. Се почна со братот Грујо што градеше сали и игралишта(имаш веднаш тука и сала со мали трибини и бетонско игралиште плус). Доста пари се инвестираат во спортот и доста го бива градоначалникот да направи проекти за да финансира ЕУ или шо ти знам да искористи некој фонд. И буквално се прва општина по искористеност на ЕУ фондови и завршени проекти. Има екипа во мал фудбал каде редовно се полни салата веднаш до стадионот, шампиони се во женска кошарка(ова е финансирано со години главно од еден бизнисмен дијаспорец и локални бизнисмени). Најверојатно и ќе добие затворен базен со оглед на тоа што го дадоа на 30 години концесија постоечкиот што не работи 15+ години.
Градот е моментално Швајцарија за чистото во споредба со Скопје и Куманово што си го споманл што е станато едно буниште. Не само стадионот на Куманово туку целиот град е катастрофа. Штип и Кочани немам отидено последниве 5-6 години и не ми се коментира. Секој простор кај што имаше можност се направи некое мини игралиште за мал фудбал со мали голчиња, кошаркарски за 3вс3. И да, ќе има фестивал и оваа година како и претходните 7-8 години(иако не беа сите на стадионот). Најверојатно и ги направија трибините затоа што одамна најавуваа фудбалски клуб и чекаа да направат за да еве официјално од оваа сезона ќе има клуб во трета лига.
Е сега проблемот е што има се помалку деца ама тоа секаде е проблем.
 
И спремија екипа официјално за трета лига и бројката на регионот ја заборавив. Викендов прв пријателски натправар и почнуваат од оваа сезона. Инаку имаше пред незнам колку години фудбал во тие општинските лиги.
Да не случајно комшијата ти се вика Кала? Имаше еден таков тренер 2000-2001ва. :D

Дискусијата на темава ја продолживме тука. Убаво би било да се вклучиш, бидејќи имаш познавања :D
Баш ја коментиравме и екипата од Конопница која играше општинска лига.

Инаку, тој е, one and only :D
 
Back
На врв Bottom