За тие што мислите дека се можело да се заврши добро затоа што тој веќе ја избркал и ја пратил да живее кај мајка и... пријателка на жена ми поминува низ сличен проблем. Говедото ја има малтретирано долго време. Пријателката, навистина интелигентна жена, штедела за да уплати за стан неколку години, работејќи две работи. Пред неколку месеци уплатува за стан, тајно. Точно пред месец дена, говедото избувнува поради некоја банална причина и ја брка од дома. Жената, овој пат подготвена, се вселува во новиот стан.
Месец дена подоцна, еве го пак, ја бара кај нејзините, врти кај нејзини пријателки, ја бара под дрво и под камен. Не може да оди на работа, за среќа сопствениците на фирмата и дозволиле да работи од дома месец дена. Во меѓувреме го пријавува во полиција и се надева дека за месец дена ќе му помине бесот.
Ова не е кај нас, да нема паника.
Овие говеда се непресметливи, не може да се излезе на крај со нив никако.