Добро,ондак како Океанија и Америка имаат повеќе по глава на жител од Азија(Ирак,Иран,Пакистан,Јемен,Индија,Афганистан...) и тоа дупло? Не е силно движењето во Океанија? Како излегуваат сега такви бројки. Дури и Јужна Америка е многу подемократска од Азија. И пак Азија е пониска од Америка заедно.
Искрено незнам точно која метода ја користат за истражување. За бројките, предпоставувам тоа е или зошто Азија е многу голема (скоро 5 милијарди луѓе) и веројатно по глава на жител бројките се мали, или зошто некои од земјите што ги спомна се исклучени од калкулација.
На пример во недемократски места во Азија (Кина, Виетнам, Сингапур) или некои од демократските (Кореа, Јапонија) стапката на фемицид е релативно ниска (и генерално, насилен криминал им е на ниско ниво а се огромна популација). Они ја буткаат бројката надоле. Контра-тежа на тоа се како што кажа Индија, Пакистан, Авганистан, Бангладеш. Иако кај нив има доста проблеми со родова дискриминација, може што квалификуваат како фемицид е спорно.
Америка имаат повеќе по глава на жител ради Јужна Америка, таму ситуацијата е благо кажано неидеална (Венецуела, Хондурас, Мексико, и тн). Африка е друга екстрема (Јужна Африка пред некоја година имаше највисока стапка на силување во светот, и генерално убиства, не само фемицид).
Особа ,без разлика дали е маж или жена,што се фрла од 6ти со дете во рака за мене е ретардиран човек. Едноставно не прифаќам теза дека таа била до толку малтретирана па да си го убие и детето. Кој е твојот став за тоа што отиде со детето во смрт?
Огромна трагедија. Жал ми е и за неа и за детето, двете се жртви на различен начин. Мајката е и жртва (на семејно насилство, институционална пасивност), и некој што предизвикува огромна штета (што одзима живот на дете во состојба на очај). Не требала да скокне со детето, тоа е ужасен потег.
Во исто време, нејзината состојба делува како да е можна последица делумно, по тоа што е објавено од делување на мажот. Ако бил насилен кон неа, малтретирал, понижувал, он има удел во нејзиниот ментален стадиум. Дали тоа значи дека он е крив за трагедијата? Не е крив, али сигурен сум дека има одговорност (степенот треба да го одреди судот). Исто како што институциите не се криви што скокнала со детето, али имаат одговорност пошто имале должност да интервенираат кога треба али не направиле ништо (му прогледале низ прсти за 10 дела, не реагирале на време и истражиле да ја заштитат мајката и тн).
Кажи ми кои права ги немаат жените? Кои привилегии ги ужива мажот? Конкретни примери требаат.
Ако збориме за Македонија, разлика по број на политичари на клучни позиции (мажи:жени), стапки на семејно насилство (мажи:жени), клучни позиции во бизнис сектор, и тн. Споредено со други земји во Европа, стапка на фемицид ни е доста висока (со исклучок на Турција). Имаме доста, али ќе ја тргнеме темата од Црна Хроника во филозофија.
Се слагам дека има други големи проблеми (недостиг на вода, сиромаштија и тн) што се посериозни од родова дискриминација и се слагам дека културни војни се користат за одвлекување внимание од дури проблеми, али тоа не значи дека родовата дискриминација не е проблем.