Поентата и е дека имаме проблем со родово насилство и слаба институционална заштита. Росица пријавувала, не била заштитена, била игнорирана од институциите и на крај изгуби живот заедно со татко и. Да реагираа институциите адекватно, поверојатно е дека ќе беше жива. И во последниов случај, имало сигнали на насилство, но никој не и излегол во пресрет. Да и излезел, може и она, и ќерка и ќе биле живи. Не се изолирани случаи на непостапување.
Наместо фокусот да е на тоа како институциите не реагираат соодветно, дека за девојки што страдаат од партнерско насилство нема адекватни процедури на место за нивна заштита, органите не превземаат дејствија на превенција или репресија, дискусијата цело време се префрла за барање вина на жртвата или правење на карикатура од случајов.
Феминистичкиот аргумент овде не е: дека е добро што го уби детето, или дека и е оправдано. Напротив, ужасна одлука е. Али аргументот е друг: кај нас очигледно има сериозен проблем со родово насилство, мал дел ради култура, али поголем дел ради тоа што институциите не застануваат во заштита на жените кои страдаат од него. И ова мало девојче што го изгуби животот имала татко што ја тепал мајка и пред неа, на јавно место, али никој не реагирал да ја заштити (дури и да не се случела оваа трагедија, она ќе живеела со тие трауми). Тоа е поентата: имаме проблем со родово насилство, и институции што не реагираат адекватно, слаби механизми на заштита. Стравот е дека ако ништо не се смени, ќе бидеме сведоци на нов ваков трагичен настан.