CN – Народна Република Кина

  • Креатор на темата Креатор на темата Таксист
  • Време на започнување Време на започнување
 
Наеднаш соларната, ветерната енергија и електричните возила се битни технологии.
Кој би рекол. :D

Супер се кога не се форсирани како единствена опција.

Едно е да ги нудиш како една од повеќе опции - како што прават Кинезите, а друго е да велиш ова е иднината, нема план Б, затворајте ги термоелектраните, а возилата со мотори на внатрешно согорување на отпад.

И тоа една еднопартиска социјалистичка диктатура како Кина ти нуди опции, вообичаено диктаторските режими се познати по тоа што единствениот избор кој ти го нудат е нивниот избор или ништо друго - ништо друго е широка дефиниција, може да подразбира блокирани трансакциски сметки, депортација, затвор, смртна казна и бројни други ужаси.

Наспроти еднопартиската социјалистичка диктатура во Кина, од друга страна во ЕУ велат да ги заборавиш јагленот, нафтата, гасот и да го жртвуваш сопствениот економски опстанок на олтарот на зелената енергија. Некаде се испомешани лончињата.
 
Зборуваш за истиве Кинези кои имаат лотарија кога се работи за купување на нова кола со внатрешно согорување и кога без проблем може да ја купат ако е електрична и каде продавачите се приморани да даваат попусти за истите?

Или можеби зборуваш за Европските држави и нивната автомобилска индустрија кои постојано ги турка границите во иднина за одреден процент на електрификација?

Можеби зборуваш за Кина која има додадено повеќе соларни панели отколку остатокот од светот?
 
Убаво ти напишав, не планирам да се повторувам.

Едно е да ти се нуди нешто како една од повеќе опции, друго е да ти го нудат тоа нешто како единствена опција без алтернативен избор.

Сам направи си ја математиката.
 
Како шо минва времето се повеќе го разбирам Николовски зошто одбил бескаматен кредит од Китајо :sneaky:

П.С.
Не би било лоше нашиве да одат на курс кај Траоре и да дознаат како успеал за 1 година да напраи над 330 км автопат и наместо за 6 милијарди долари го напраил за само некои 350 МИЛИОНИ долари...
 
Траоре е идеалот кон кој треба да се стремиме.:ljubove:
 
Е па ако само 1% од онаа што се говори во видеото е вистина тој е Ајнштајн за нашиве продадени души!

Ама по се изгледа кај нас има многу љубители на Епштајн компанијата па и вака им е добро.
 
Убаво ти напишав, не планирам да се повторувам.

Едно е да ти се нуди нешто како една од повеќе опции, друго е да ти го нудат тоа нешто како единствена опција без алтернативен избор.

Сам направи си ја математиката.
И сепак никој во Европа не чека лотарија за да им одобрат возило со мотор на внатрешно согорување.

Ајде, за брзо сите ќе ги засакате електричните возила, што до сега ги мразевте, бидејќи ВиниПу сака така.
 
Па нормално дека нема да чекаат кога активно работат на нивно укинување.

Како ќе чекаш лотарија за нешто што повеќе нема да се произведува ?

Ма да според последните чаршиски муабети од Брисел на некои им текнало дека тресењето зелени за зелена енергија на долг рок е неисплатлива опција, па наводно ќе го одложеле укинувањето на возилата со мотори на внатрешно согорување.

Тоа не го менува фактот дека европејците самите се направија себеси нерелевантни на индустриско и технолошко ниво.

Од почетокот на 20-от век европејците немаат нешто многу со што би можеле да се пофалат: автомобилот и рентгенските зраци ги измислија во 19-от век, пред Втора Светска Војна го измислија хеликоптерот, во Втора Светска Војна ги измислија радарот, првите прототипи на ракети и авиони со мотори на млазен погон, и тоа е отприлика се`.

Е да, Русите го измислија тереминот, ги лансираа првиот вештачки сателит и првите луѓе во вселената, ама тие не се европејци нели, иако една третина од територијата која ја населуваат е во Европа. :D

Американците го измислија авионот, Никола Тесла ги измисли радиото и наизменичната струја - финансиран од американски инвеститори, Фајло Фарнсворт го измисли телевизорот, Хенри Форд го измисли масовното производство на автомобили на индустриско ниво, потоа американците ги измислија атомската бомба, па транзисторот, па персоналниот компјутер, па Интернетот и бројни други пронајдоци кои ги направија САД најголема индустриска сила во светот.

Од смртта на Мао Це Тунг во 1976 година па наваму, Кинезите играат на картата на масовно производство и копирање на западот, и им успева. Но истовремено масовно инвестираат и во иднината, па така денес во Кина имаш фабрики во кои целиот производствен процес го вршат роботи кои работат 24/7 и на кои воопшто не им треба ниту светлина за да функционираат.

САД и понатаму се светскиот економски и технолошки центар, но Кинезите се водат според старата изрека која гласи дека тивка вода брег рони, а нивната тивка вода редовно си капнува капка по капка веќе 50 (ПЕДЕСЕТ) години по ред и по брегот веќе некое време се појавуваат пукнатини.

Наместо да возвратат со иновации и технолошка и економска конкурентност, американците ги повторуваат истите глупости кои ја направија Европа нерелевантна - преминуваат кон империјализам. На краток рок секако дека ќе им функционира, но на долг рок секоја светска империја колку повеќе се проширува подалеку од чергата толку полесно се распаѓа - слободно прашај ги енглезите и Французите за ова, имаат што да ти изнакажат.

А кога сме кај европејците, од почетокот на 21-от век немаат понудено апсолутно ништо што би ја направило Европа конкурентна на светскиот пазар. И кога сме кај електричните автомобили на Вини Пу, повторно наместо да понудат конкурентни производи, европејците возвраќаат со царински тарифи, воведување на јаглеродни даноци и најави за наплаќање на еколошка такса за извозен километар - ептен иновативно и конкурентно решение за да им конкурираат на САД и Кина.

А да, и активно работат на воведување на Интернет цензура и казнување на секакви критики објавени на Интернет против политиките на ЕУ, на нејзините членки и против нивните политички лидери. За жал од Кина ги копираат само најлошите политички карактеристики, а Вини Пу само си гледа сеир и го собира кајмакот од европејците.
 
Последно уредено:

Мене ме чуди што сите сакаат да градат економски врски со Европјаните.
Кинези градат трговски коридори, Американци градат контра трговски коридори, Русија сака пак да соработува со Европа, сите нафтоводи-гасоводи водат кон Европа... мора да има нешто во таа трулата Европа.
 
Имаат пари - засега - и ништо друго.

И Венеција единствено имала да понуди коцкање и проституција откако го кркала стапот од Отоманската Империја во војната помеѓу 1714 и 1718 година. Го изгубила статусот на медитеранска воена сила, трговската моќ и` опаднала, единствено што им останало на венецијанците бил туризмот - нешто слично како Дубаи денес.

Сто години подоцна Наполеон Бонапарта расчистил со остатоците од Млетачката Република и ја припоил кон неговата марионетска Италијанска Република, која после поразот на Наполеон се осамостоила и станала Кралство Италија, во која Венеција била само уште еден град и ништо повеќе, исто како што е и во денешната Италијанска Република.

Европејците се тргнати по истиот пат од кога го воведоа еврото - една измама која им успеа, па од 1999 година па наваму се обидуваат да ја повторат истата измама со Европскиот Устав, кој успеаа да го прошверцуваат како Лисабонски договор, па фискалната и монетарната централизација од која до денешен ден се чувствуваат разорните последици врз јужните европски држави кои беа најтешко погодени од европската должничка криза, па државниот удар во Украина во 2014 година кој го поддржаа, еве неодамна и државниот удар во Романија, па од 24 февруари 2022 па наваму упорно се обидуваат да глумат сила против Русија, додека во меѓувреме не извезуваат ништо што му треба на остатокот од светот, а да биде исклучиво европски производ, за разлика од САД и Кина.

Европејците се тргнати по патот на Млетачката Република и ги чека истиот крај, легализација на наркотиците и проституцијата, ова што се случува денес низ северенфиромистан со казина на секој агол ќе биде иднината и на државите членки на ЕУ, освен ако нагло отстапат од патот по кој се тргнати од 1999 година па наваму.
 
И сега треба да ти одговорам со контра примери што им се случувало лошо на Кинезите, како освојувањата од Јапонците, Опиумските војни, катастрофалните политики на Мао и сл.?

Еден куп примери има за секоја земја низ историјата, падови и подеми.
 
Back
На врв Bottom