Па нормално дека нема да чекаат кога активно работат на нивно укинување.
Како ќе чекаш лотарија за нешто што повеќе нема да се произведува ?
Ма да според последните чаршиски муабети од Брисел на некои им текнало дека тресењето зелени за зелена енергија на долг рок е неисплатлива опција, па наводно ќе го одложеле укинувањето на возилата со мотори на внатрешно согорување.
Тоа не го менува фактот дека европејците самите се направија себеси нерелевантни на индустриско и технолошко ниво.
Од почетокот на 20-от век европејците немаат нешто многу со што би можеле да се пофалат: автомобилот и рентгенските зраци ги измислија во 19-от век, пред Втора Светска Војна го измислија хеликоптерот, во Втора Светска Војна ги измислија радарот, првите прототипи на ракети и авиони со мотори на млазен погон, и тоа е отприлика се`.
Е да, Русите го измислија тереминот, ги лансираа првиот вештачки сателит и првите луѓе во вселената, ама тие не се европејци нели, иако една третина од територијата која ја населуваат е во Европа.
Американците го измислија авионот, Никола Тесла ги измисли радиото и наизменичната струја - финансиран од американски инвеститори, Фајло Фарнсворт го измисли телевизорот, Хенри Форд го измисли масовното производство на автомобили на индустриско ниво, потоа американците ги измислија атомската бомба, па транзисторот, па персоналниот компјутер, па Интернетот и бројни други пронајдоци кои ги направија САД најголема индустриска сила во светот.
Од смртта на Мао Це Тунг во 1976 година па наваму, Кинезите играат на картата на масовно производство и копирање на западот, и им успева. Но истовремено масовно инвестираат и во иднината, па така денес во Кина имаш фабрики во кои целиот производствен процес го вршат роботи кои работат 24/7 и на кои воопшто не им треба ниту светлина за да функционираат.
САД и понатаму се светскиот економски и технолошки центар, но Кинезите се водат според старата изрека која гласи дека тивка вода брег рони, а нивната тивка вода редовно си капнува капка по капка веќе 50 (ПЕДЕСЕТ) години по ред и по брегот веќе некое време се појавуваат пукнатини.
Наместо да возвратат со иновации и технолошка и економска конкурентност, американците ги повторуваат истите глупости кои ја направија Европа нерелевантна - преминуваат кон империјализам. На краток рок секако дека ќе им функционира, но на долг рок секоја светска империја колку повеќе се проширува подалеку од чергата толку полесно се распаѓа - слободно прашај ги енглезите и Французите за ова, имаат што да ти изнакажат.
А кога сме кај европејците, од почетокот на 21-от век немаат понудено апсолутно ништо што би ја направило Европа конкурентна на светскиот пазар. И кога сме кај електричните автомобили на Вини Пу, повторно наместо да понудат конкурентни производи, европејците возвраќаат со царински тарифи, воведување на јаглеродни даноци и најави за наплаќање на еколошка такса за извозен километар - ептен иновативно и конкурентно решение за да им конкурираат на САД и Кина.
А да, и активно работат на воведување на Интернет цензура и казнување на секакви критики објавени на Интернет против политиките на ЕУ, на нејзините членки и против нивните политички лидери. За жал од Кина ги копираат само најлошите политички карактеристики, а Вини Пу само си гледа сеир и го собира кајмакот од европејците.