Го напишав на search неговото име - на форумов воопшто никој не го спомнал. Јас знам дека сме повеќето тука веќе во поодминати години, но сите пратиме што се случува околу нас, а неговата приказна е навистина неверојатна и нешто такво на овие простори никогаш не се случило, па мислам дека заслужува и своја тема на форумов, кога веќе преку ноќ успеа да стекне толкава популарност.

За тие што не знаат, да почнеме од почеток:
Јаков Јозиновиќ е хрватски пејач, роден во Винковци на 27 септември 2005 година. Како мал има настапувано во 2 хрватски талент шоуа за деца, без некои поголеми успеси на нив (постојат дури и некои видеа од настапите таму од кои човек не може да биде баш импресиониран). Студент е на факултет за политички науки на Универзитетот во Загреб. Е, арно ама, некаде во почетокот на 2025 година, стекна толкава популарност само преку видеа објавувани на Тик Ток каде пее кавери (преработки) на нам добро познати песни од големи пејачи од регионот (Балашевиќ, Мерлин, Драгојевиќ, Чолиќ и сл.). Значи НЕМАШЕ НИ ЕДНА ЛИЧНО НЕГОВА СОЛО ПЕСНА, а успеа, во друга држава (Србија), не мајчината, да ја распродаде цела Сава Центар, и тоа картите за истата се продале за само еден час! Значи со 0 свои песни успеа да продаде цела концертна сала за само еден час, која пејачи со долгогодишни кариери уште не успеале. И што е уште полудо: вториот концерт во Сава Центар се распродал за само 3 минути, а вкупно 17 000 луѓе биле ставени на листа за чекање за некој следен негов концерт!
По успехот во Србија, успеа 2 пати да ја наполни и загрепска Арена. А во 2026 веќе има најавено балканска турнеја насловена „Ja za čuda letim“, во рамки на која на 9 април ќе настапи во салата Јане Сандански во Скопје. Неодамна на Златна Буба Мара на популарноста најзаслужено му беше доделена наградата „Откритие на годината“. На сите интервјуа, гостувања во емисии и сл. огромни пофалби има не само за неговиот талент, туку и за самата појава на едно младо, културно момче кое е тотална спротивност од целиот тој кич и ненормалност со кој се окупирани денешните млади. Јаков не пее за жени, коли, дрога, голотија, разврат, не пее трапови, со аутотјунови и други модерни музички глупости, пее за „Оливера“, „Цесарица“ и сл. и младите полудеа по него! Можеби темава требаше да биде сместена некаде во филозофија или психологија за да го анализираме ова невообичаено однесување на младата генерација, но мислам дека музиката е во преден план, па затоа заслужува да биде тука.
Јаков со 0 песни полнеше концертни сали. Сега веќе има 2 свои песни, од кои првата: „Поље ружа“ веќе стана голем вирален хит на Балканот, и со нив како тргнал, ќе почне да полни и цели стадиони.
Втората и последна негова песна „Ја волим“ се појави пред неполни 3 недели и е исто со тенденција да прерасне во голем вирален хит. Веќе има 8 милиони прегледи на YouTube!
Навистина е запрепастувачки, но и убаво да се види како некој млад, нормален, културен и воспитан дечко може да успее! Јаков е пример за вистинските вредности и во музиката и во однесувањето. И личност кој, ќе повторам, и со само 2 песни, заслужува цела тема кај нас!
Што мислите, на што се должи неговиот успех?
EDIT: Бидејќи гледам дека некои луѓе се buthurt-наа зашто им е ограничен пристапот до темата, мало појаснување: темата освен за да се дискутира за причините за мега-популарноста на момче кое изникна од никаде е и своевиден фан-клуб за него. Сите кои ќе пишуваат мислења за да го релативизираат и дискредитираат неговиот несомнен успех, нема што да бараат тука. Има теми за генерални дискусии, напишете го вашето мислење таму.