Кога се случила Кристалната ноќ во Нацистичка Германија помеѓу 9 и 10 ноември 1938, последниот германски кајзер Вилхелм Втори кој го поминал остатокот од својот живот во прогонство во Холандија, изјавил: за прв пат во животот се срамам бидејќи сум Германец.
После ваква изјава од власт и од опозиција во Македонија, и јас слободно можам ова да го изјавам: за прв пат во животот се срамам бидејќи сум Македонец.
Филипче: Интервенцијата во Иран е оправдана, но САД треба да знаат дека и во земјава има власт со авторитарни карактеристики
...
„ Видете, Соединетите Америкнски Држави се наш стратешки партнер и тие откако ги исцрпеа сите дипломатски механизми на преговори, настапија со еден таков напад, и сметам дека таквиот напад и сè што прават е во истиот контекст како што се направи со интервенцијата во Венецуела. Тоа е за доброто на иранскиот народ, како што беше за доброто на народот на Венецуела “
...
Поради јавната безбедност.
Затоа што јавен функционер, конкретно пратеник во македонскиот Парламент, отворено и јавно повикува на спроведување на државен удар од странство.
Нема ниту половина година од кога имаат изгубено на локални избори, па сега кога демократските инструменти не функционираат во нивна корист бараат воена помош од надвор за спроведување на државен удар.
Сите кои губат имаат право да се лутат, но тоа не им дава право да бараат употреба на сила - па уште и странска воена сила - за да го сменат исходот на изборните резултати.