Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 29: @Vartolu - )

?

  • Се согласувам

  • Не се согласувам

  • Воздржан

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
100% данок на наследство ја елиминира наследената нееднаквост, но тоа го прави по цена на уништување на долгорочните мотивации, поттикнување бегство на капитал, распад на семејни бизниси и концентрирање економска моќ во државата, заменувајќи приватни династии со бирократски.

Луѓето се кршат од работа за да им остават нешто на своите деца, шанса за подобар живот. Единственото што ова ќе го постигне е ѓупски менталитет, живеење од денес за утре. Не дај боже да погинеш, бирократијата ќе ти земе сè, а семејството ќе ти остане без ништо.
 
Практично и нема наследство, се се дели за живот
 
Па до сега ништо не е изводливо, затоа се вика контроверзно мислење :D
 
Темава е контроверзно мислење, а не најглупаво, а во последно време како да има некаков натпревар за тоа кој поретардирано мислење ќе понуди.

Значи муабетот е дека државата е корумпирана и дека политичарите ја злоупотребуваат за своја цел. И кој е предлогот за подобрување на државата!? Уште поголема моќ на државата, сега да влезе и во имотно правните односи на фамилијата. :pos:Да можат да крадат и од имотот на граѓаните сега, да национализираат и после по ниска цена да можат да си ги земат за себе.

Има многу уфилмани капиталисти кои не знаат што значат вакви работи во пракса. Ќе се жалиме дека системот е корумптивен, ама да му даде уште поголема моќ. :pos:
 
Ок, претпоставив дека системот што го замислувате има еквилибриум и стабилност и затоа претпоставката е дека државата ќе ги администрира тие фирми и имот со нејзината бирократија.

Не беше тоа идејата. Идејата е - државата ќе има обврска да продаде се на лицитација, на најголемиот понудувач. Па макар тој понудил и 1 денар за доброто. И тие пари да ги искористи за универзално образование и здравство (еднаква шанса). Доколку фирмата пропадне, и во тоа ништо страшно, пазарот ќе си го направи своето.
Моли Бога Дафина да не те чита и познае! Ќе ти извади муабет дека си се прокомунистил!
Нема, добро познат став е ова во тие кругови. И да, и функции исто не би се наследувале. На факултети. :D
 
Наследство нема во Комуни, Кибуци, ама таму сите деца се заеднички, не се знае татко...добро е за деца со посебни потреби, а сега со порастот на аутизмот се доведува во прашање класичното семејство...
 
Angry Samuel L Jackson GIF by CaptainBNB
 
На едно 5-60 години старост почнува да продава све и парите му ги дава на синот, на рака.
Или ќе има закон според кој не можеш да даваш никому ништо?
Некакви лимитации би имало, за тоа колку можеш да поклониш. Далеку од совршена е идејата, најголемиот проблем е - да речеме сакаш да ми ја купиш фирмата, одбивам, ме убиваш и купуваш поевтино.

Ама сепак, многу е интересно колку како луѓе сме емотивно поврзани за тоа што сме го создале, без разлика колку е незначајно. Најголем дел од луѓето тука сме свесни дека нашето богатство е безначајно во приказната, и нашите деца повеќе би добиле отколку изгубиле во таков утописки (или дистописки) свет. Ама сепак, буквално секој (вклучувајќи се и себеси тука) се чувствува гневно кога ќе ја слушне за прв пат идејата.
 
Имаш премногу променливи што нема да можеш да ги контролираш. Прво и основно, ќе ги изгубиш сите способни и продуктивни луѓе, секој што ќе добие прва шанса ќе мигрира надвор. Што ќе се случи со странските инвестиции? Како планираш да ги задржиш, а камоли да ги одземеш, ако сопственикот е регистриран во друга земја и работи под сосема друга правна рамка?
 
Ох, не зборам како нешто што би се применило во изолација во една држава. Ова е all or nothing идеја.
 
... слично како во екс Ју со мотото „Имаш куќа – врати стан“ акцијата за солидарност во станбената политика да ги поттикне луѓето кои изградиле приватни куќи (често со кредити од фирмите) да ги вратат државните општествените станови што ги користеле, за тие да можат да им бидат доделени на други работници кои немале решено станбено прашање, а чекале на ред за општествен стан.
... денес сите што се зинати за пари најчесто со крадење и корупција, а се на функции, зошто ,,нормален чесен човек со сопствен труд не може да обезбеди такво наследство, све поради оставштина на наследниците до второ колено да бидат обезбедени мамини мази и синови неспособни мрзи да опстанат со свое знаење и труд.
 
Ох, не зборам како нешто што би се применило во изолација во една држава. Ова е all or nothing идеја.
Тогаш ова е поголема научна фантастика од Стар Трек.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom